Од денес за утре

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Каква и да биде, од старт ја поддржувам зошто доста ми е од индиски, руски, турски,израелски и останати срања од серии и сељачизми како Фарма, Мењам жену итн. Дури и да е лоша серијава, барем наша е, подобро да се проба нешто. А мислам дека ќе биде добра, зошто повеќето серии што сме ги имале наши до сега, биле сосема добри.
 
Џабе ти е ова за турскиве серии кога пак ке продолжат да ги емитуваат.Баш сега видов на Канал 5 дека откупиле нова турска серија "Збогум Засекогаш".
За жал мислаат дека така ке им се зголеми гледаноста но јас се повеке и повеке гледам разочараност oд младите.
Да не сум оф топик баш ме интересира како ке изгледа нашава серија и дали ке има гледаност од наша страна или народот ке продолжи да зјапа во телевизорот да види што ке се случи со нивните омилени "јунаци".
 
Ама не и од пензионериве. Ќе поминит модава за година-две.
 
Џабе ти е ова за турскиве серии кога пак ке продолжат да ги емитуваат.Баш сега видов на Канал 5 дека откупиле нова турска серија "Збогум Засекогаш".
За жал мислаат дека така ке им се зголеми гледаноста но јас се повеке и повеке гледам разочараност oд младите.
Да не сум оф топик баш ме интересира како ке изгледа нашава серија и дали ке има гледаност од наша страна или народот ке продолжи да зјапа во телевизорот да види што ке се случи со нивните омилени "јунаци".

Секако ќе си продолжат со нивната шема, ама сепак ќе имаме каква таква алтернатива, иако гледам нашава серија нема да трае многу долго. МОментално не гледам ниедна серија, освен спорт ништо не ме задржува пред ТВ, вака барем причина плус.
 
И мене ми е доста од странски серии..али ај да видиме што ќе биде со нашава..ваљда ќе биде добра..мислам дека има и некои српски актери или грешам?
 
Конечно нешто наше, се сограсувам дека е доста од турски, шпански, индиски и сл срања :). Не се сомневам дека ќе биде добра серијата, ОДЛИЧНА ЌЕ БИДЕ. Досега сите македонски серии биле супер и гледани иако се мал број.
 
Еј едвај чекам да започне да се емитува серијата, ама баш сакам да има по 15 репризи и сите ке ги гледам, само за инает на овие шпанско турски срања..
 
гледам оптимистички на серијава, среќна сум шо нешто наше ќе има.
има ли шанси некако да ги отечеме ние турците со серијава?
 
Ги разгледав промотивните видеа и дијалозите на сајтот, изгледа интересно :)
 
Кога се работи за македонски филмови и серии сум прилично голем скептик, а плус некако почнаа одбивност да ми ствараат коментарите дека мора да се гледа зошто е македонска.
 
Во недела, премиерно на Сител

Конечно го знаеме датумот на премиерата на македонската серија "Од денес за утре". Во недела во 19:30 на Сител телевизија погледнете ја првата епизода од вкупно 16-те. Денеска се одржа промоцијата на оваа серија, дознавме дека истата има и своја веб страна каде можете да се информирате за сите детали околу неа, а во продолжение прочитајте го извештајот кој е објавен денеска на нивната оофицијална веб страна.

denes%20600.jpg

Oфицијален Сајт - oddeneszautre.mk

Гледачите ќе имаат можност да се запознаат со секојдневните случки на семејството на Томче Броз низ 720 минути финално прoдуциран материјал спакуван во 16 епизоди, што е еднакво на 8 играни филмови. Од трети октомври започнува емитувањето на играната серија „Од денес за утре“ на фрекфенцијата на Сител телевизија. Епизодите премиерно ќе се емитуваат во недела во 19,30 часот, а гледачите ќе можат да ги погледнат и репризите во термините за реприза. Во сабота на 2 Октомври, во 19:30 часот на Сител телевизија, ќе биде емитувана специјална емисија посветена на подготовките и текот на продукцијата на ТВ Серијата. Снимени се вкупно 720 минути финално продуциран материјал спакуван во 16 епизоди што е еднакво на 8 играни филмови, во кои тематска основа е животот на просечното македонско семејство од средната класа. Семејството на Томче Броз, кој го толкува актерот Сенко Велинов, а во кое под ист покрив живеат неколку генерации се соочува со многубројни случки и предизвици од секојдневието, гледано низ духовита призма. Играната серија „Од денес за утре“ е прва серија која по подолг временски период се сними во Македонија и е работена по највисоките телевизиски стандарди. Изразувајќи задоволство од успешното заокружување на серијата, режисерот на серијата Иво Лауренчиќ истакна: „Иако започнувањето на еден ваков проект беше навистина ентузијастички чин, се работи за квалитетен проект, за чија реализација потребна беше и сериозна поддршка. Ние верувавме дека квалитетните идеи секогаш наоѓаат на разбирање и поддршка од бизнис заедницата, што се покажа како добра проценка. Се надевам дека ќе можеме и во иднина да реализираме ваков проект, па можно е да снимиме и продолжение на серијата, се разбира доколку и се допаднеме на публиката“. изјави Лауренчиќ, кој исто така најави можност за емитување на серијата во земјите од регионот. Серијата се реализира со поддршка од Cosmo – Тинекс, Комерцијална банка, Прима мебел, Ладна Вода, Порше, Гранд Кафе, Фруктал, Винчини, Алкалоид, Сиситина, Кроација Осигурување, Техномаркет, Мекдоналдс, Ресторан – Далма и Спортлајф. Од снимањето на новата серија „Од денес за утре“ своето задоволство го искажа и актерската екипа, која подолг период на стагнација на домашната играна продукција, доби можност да учествува во еден ваков проект. Покрај Сенко Велинов, во серијата играат актерите Билјана Беличанец Алексиќ, Ленче Делова, Диме Илиев, Ѕвезда Ангеловска, Митко С. Апостоловски, Јовица Михајловски, Јасмина Поповска, Ана Стојановска, Влатко Илиевски, специјалните гости дебитанти - малиот генијалец Марко Чаласан и кинеската Шуинг Донг, како и други актери гости од македонското глумиште. Гледачите ќе можат своите впечатоци, кометари, критики и пофалби да ги искажат на веб-страницата на серијата www.oddeneszautre.com.mk и на Facebook-профилот oddeneszautre.

„Од денес за утре“, беше работено според сценарио на познатиот македонски драматург Братислав Димитров и легендарниот сценарист од бившите југословенски простори Предраг Перишиќ. Режијата е на Иво Лауренчиќ, а музиката на познатиот македонски композитор и пејач Ристо Самарџиев. На сцанографијата работеше Снежана Поњавиќ Муча, а костимите се не познатата кореографка Розе Трајчевска. Првата клапа на серијата падна во мај годинава. Поголемиот дел од серијата е снимен студиски во Скопје, а остатокот на неколку локации во Македонија. Серијата е во копродукција на „Идеа Плус комуникации“ и Сител телевизија.

showreel.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom