Нови регистарски таблички од 01-01-2008

  • Креатор на темата Креатор на темата dungeon master
  • Време на започнување Време на започнување
Pisuva MK :)
Ke cekame reakcija na Grcija koga ke gi vovedeme novive tablici i koga ke odat nasite nakaj Grcija. Ova treba da govori priem vo NATO i EU?

Ова говори дека однапред правиме некои промени, за да им се умилкуваме на овие до ЕУ за да пуштат душа за отпочнат преговори и да не не држат во позиција ни на небо ни на земја, со кандидатски статус ама без преговори.

Инаку сега ако не останат вака таблиците, една година нема идење во грција за да се види како ќе прешивеат најхрабрите, нормално со постари коли, а тие со нови мислам дека никој нема ни да му текне со вакви таблици накај грција да тргне.
 
Исто така за колите постари од 35 години ќе се издаваат посебни таблици. Од десната страна ке има ознака (мислам дека беше С) и десно од неа вертикално испишано 35

Едит: упс имало напишано за ова веќе... sorry.
 
"Неофицијално цената на новите таблички ќе биде 4.000 денари"

На ова никој не даде коментар,за парче лим 4000денари????
 
1500 мислам.
Од тие 4000 би требало државата да партиципира, тоа е крајната цена што ќе ја добие изработувачот (ваљда) :uvo:
 
Не би се замерал, но прашањето ми личи дека ќе ти биде задоволство да ги платиш по таа цена.

поентата на прашањето кое беше реторичко беше дека и до сега си го плаќал тоа парче лим исто прескапо, односно поентата ми беше дека како ида видиш тоа парче лим и до сега беше скапо сега ќе биде само уште поскапо.
 
Значи: ебаниот,ебан тепаниот, тепан:toe:
 
OK, све разбирам. ЕУ, НАТО... А кирилица бе луѓе??? Каде има кирилица на новите таблици? Па сами се откажуваме од своето, а после се лутиме кога татарите викаат дека св.Кирил и Методиј се татари и дека кирилицата е нивна.
Па како може у Русија Mercedes Benz и Pepsi да ги пишува на кирилица, а кај нас не??? Нели по Уставот на МК „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се официјален јазик и писмо во МК“???
Што е, ако употребуваме латиница и англиски називи сме „кул“??? Абе ајде, ебате беља. Се изнервирав.
Да се реагира колку што е можно побргу до министерката да се вметнат букви и на кирилица.

п.с. Нели еднаш паднаа на суд ваквите таблици - без букви на кирилица?
 
Не знам кој ги шири овие дезинформации неофицијално 4000
Прво ке има тендер па ке се избере тој што ке ги прави па ке се знае цената ова се само дезинформации
А мислам дека нема одма да мора да се менуваа таблиците сигурно ке биде како со пасошите ке има преоден период
 
OK, све разбирам. ЕУ, НАТО... А кирилица бе луѓе??? Каде има кирилица на новите таблици? Па сами се откажуваме од своето, а после се лутиме кога татарите викаат дека св.Кирил и Методиј се татари и дека кирилицата е нивна.
Па како може у Русија Mercedes Benz и Pepsi да ги пишува на кирилица, а кај нас не??? Нели по Уставот на МК „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се официјален јазик и писмо во МК“???
Што е, ако употребуваме латиница и англиски називи сме „кул“??? Абе ајде, ебате беља. Се изнервирав.
Да се реагира колку што е можно побргу до министерката да се вметнат букви и на кирилица.

п.с. Нели еднаш паднаа на суд ваквите таблици - без букви на кирилица?

Себастијан во ред е тоа што го кажуваш ама пак когаќе дојде момент за ЕУ тогаш пак ќе имаме проблем и пак ќе терба да се менуваат таблиците. Еве во бугарија како што кажуваат бугариве на форумов, морале да ги сменат таблиците, ама направиле компромис така што да се користата букви кои имаат ист знак како во латиница така и во кирилица, мада според мене тоа не е вистинското решение, ама кога ќе видиш па грците и покрај ниваната алфабета уште одамна сите грчки регистрации се со латиница.
 
Латиница е според ЕУ стандарди.

Сигурно нема да бидат 4000 денари. Досега чинеа 2500.

Многу добро ќе изгледаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom