shadow_rr
Resistance is Futile
Еве слика од регистарските таблички на автомобилот од дедо ми, кој го вози сеуште во Германија. (сликава е направена во 2007, кога беше на одмор во МК).

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Tablicite ce izgledaat kako evropskive, od levo ce go ima toa plavoto so oznaka MK, pa posle bukvite na gradot, primer SK pa posle namesto crta ce ima slika mala so grbot na skopje pa brojki tri, pa posle pak znakce mk namesto crta pa pak dve bukvi, znaci brojkite se po staro samo ce ima novi slikicki dodadeno. Mislam deka e tolku, mi go zemaa sl. vesnik, ne mozam da vidam pakА има некој пример како би изгледале македонските таблици? И како ке се менуваат, по кој редослед? Или со регистрирање на возилото ке менуваат и таблите? Мама им ебам 25 евра за табли, 5 евра за сообраќајна = 30 евра + во регистрацијата. Ама тоа е ке се плати.
Прееска на вестите во 6 на Сител даваа , секој град ке има сопствен знак . Низ цела табла ке има Мacedonia и знамето, шо досеа го немаше, после името на градот ке има грбот на градот па бројката, па уше 2 букви. Ако колата е постара поише од 35 години, наместо последните 2 букви ке има S35. =)
Abe i jas ne vidov u pravilnikot za toa s35 ili kako e, ce go pobaram denes i ako mozam ce mu udram eden sken
Abe i jas baram toa ama eve nema nisto. Na sluzben vesnik na sajtot ne davat nisto da vidis a na pravo.org ima samo zakoniА нема ли интернет варијанта на службен весник?
Офф топик: Не се секирај... Ке се среди и тоа со името за 2-3 години. Посекако уште 10 земји да не признаат ке има 2/3 од собранието на ОН па ако сака Грција... Затоа е и лобирањето толку силно.Уште еднаш браво за Премиерот.Го реши проблемот со девизниот одлив во Грција.
Пошто сега на табличките има ознака МК помал број Македонци ќе патуваат во грција од страв дане им ги оштетат колите,а грците нормално ќе си идат кај нас.:helou:
Вечер 29.11.2007 напиша:ОД НОВА ГОДИНА СТАРТУВА ИЗДАВАЊЕТО НА НОВИ РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ
МК се враќа на возилата
Неофицијално цената на новите таблички ќе биде 4.000 денари
Новите регистарски таблички за возилата се воведуваат од Нова година, одлучи МВР. Министертвото го усвоило новиот правилник деновиве, но не направило план како и со која динамика ќе ги заменува табличките. Во МВР се уште немаат пресметано ниту колку ќе чини замената на табличките. Според некои непотврдени информации, нивната цена ќе биде 4.000 денари.![]()
- Цената на табличките ќе се знае откако на тендер ќе се избере фирмата што ќе ги изработува. Динамиката на замена на старите со нови таблички ќе се утврди исто така со фирмата што ќе го добие тендерот. Се разгледуваат повеќе варијанти, од тоа сопствениците да се повикуваат кога нивните таблички ќе бидат готови, до тоа табличките да се менуваат кога возилата ќе дојдат на ред за регистрација - велат во МВР.
Новите таблички ќе бидат изработени според ЕУ стандардите, ќе бидат долги 52, а широки 12 сантиметри. Инаку, распоредот на бројките и буквите ќе остане ист. Две букви кои го означуваат градот во кој се издадени, три бројки и уште две букви. За новите таблички ќе се користи фонтот на букви и бројки што се употребува за изработка на германските регистарски таблички.
Основата на табличката и понатаму ќе биде бела, но на горниот и долниот дел со флуоросцента лента ќе биде поставено македонското знаме и ознаката МК. На левиот дел во сина лента ќе стои повторно ознаката МК, а веднаш до неа вертикално ќе биде испишано МАЦЕДОНИА. Над ознаката МК, ќе биде оставено празно место каде во иднина би требало да стои симболот на ЕУ. Помеѓу ознаката на градот и трите бројки ќе стои амблемот на општината, а пред вторите букви во круг ознаката МК.
Поради реакциите на Грција, Македонија еднаш веќе ги промени табличките оти на нив ја имаше кратенката МК, вметната во венчето од државниот грб, меѓу првите букви и бројките. Сега, како што е познато, на тоа место се испишани буквите од регистрацијата, во кирилична транскрипција.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, овој пат не очекува реакции од Грција поради употребата на кратенката МК и на името МАЦЕДОНИА.![]()
- Не мислам дека името на нашата држава е провокација. Немаме дилеми дека Република Македонија има право да го носи устваното име. Наша стратегија е низ конструктивен дијалог да ги презентираме аргументите, а тие се на наша страна - изјави Јанкулоска на вчерашното предавање "Учиме за ЕУ" на Првиот приватен Европски универзитет во Скопје.
Интересно е тоа што за возилата постари од 35 години, МВР предвидува посебни регистарски таблички. Разликата во нив е бојата на подлогата и буквата С до која ќе стои бројот 35.
Во Македонија има над 500.000 регистрирани возила.