Nokia N900

  • Креатор на темата Креатор на темата Vnuce
  • Време на започнување Време на започнување
ма да ме туриш на нож, не давам 500 јуреци за телефон... толку многу други убави и ПОГОЛЕМИ работи можат да се купат за тие пари... на пример ЛЦД или плазма телевизор со вградени милион тракатанци на него... далеку по долготрајно уживање одколку кеиф да чепкаш телефонот кој трае неполн месец и псле само за едно ало толку пари да си дал... пари кои за 6 месеци нема да можеш да ги вратиш ни 50%....

п.с. ва е мое мислење и не се трудете да ме разубедите...

п.п.с. евеглејте го путин на пример... човекот е лидер на една супер светска велесила:

http://www.zazabava.com/content/view/11935/83/
 
Го има некој телефонов, да каже од прва рака?

Што те интересира? Пола година го користам, ама го користам во буквална смисла, а не за ало ало и смс.
 
Телефонов повеќе не е во мода, се очекува Н8 сега за сега, малце касните м?
 
Не е во мода? Која нокиа е тогаш во мода со слични перформанси што е достоен конкурент на н900? Н8 веќе ми се здосади иако не е уште искочен:) Кујзнае кога ќе дојде кај нас и ќе чини сигурно над 500 евра, додека н900 половен е околу 300:)
 
А која Нокиа....

Ај заеби, факт е дека не ги бива сите. :)
 
Најмногу ми е за мултитаскингот, и тоа што не е симбиан него линукс, а ова мислам дека нуди многу опции.
 
добар е телефонов и ми се допаѓа ама некако не ми се дава пари премногу е солено за нашиот стандард а ионака во македонија мобилни оператори не нудат никакви услуги за да сурфаш или нешто друго и цената за сметка
е изгор туку нешто друго да кажам за единствена замерка батеријата не држи долго,и секоја вечер треба да се полни исто ко на ајфон поарно ќе беше нокиа Н97 барем батеријата држи максимум два дена или да има нуклеарна батерија е тоа друга приказна:salut:
 
Телефонов не е за секого, го имам видено кај корисник.

После подолго време нервирање со телефонот, на крај за да не го акни од земја му го даде на друг човек.
И тој што го има сега не е баш задоволен.

Но, тие се бизнис корисници, и Нокиа дефинитивно СКРОЗ ја има утнато категоријата на луѓе на кој што му го продава.

Од друга страна јас би САКАЛ да го имам, затоа што по мој стандарди е еден од најдобрите телефони на пазарот, ФЕНОМЕНАЛЕН мобилен.
 
Го имам веќе 2 недели, не прекинува да ме фасцинира. Тие што се незадоволни со телефонот сигурно не се компјутерџии, па затоа се нервираат. Како прво, сегде пишува дека телефонот не е телефон со компјутерски способности (а.к.а смартфон) туку обратно, компјутер со телефонски можности. Значи, од сам старт треба да знаат дека дури да го средат телефонот на завидно ниво треба многу апликации да се инсталираат, а пошто оперативниот е отворен (линкукс базиран) и прилично нов, ќе треба некое време дури излезат нови апликации (иако сега после „само“ 1 година има стварно добри работи). А може во иднина и да се смени оперативниот во Миго (сега е Мајмо), а сегашните апликации ќе функционираат и на него, пошто ист јазик користат (Кјут).

Значи: телефонот ги има хардверските способности, само е уште „незрел“ (ова за кој како). Вчера го видов Ајфон 4 на кратко, и на него само дисплејот и мултитачот се добри, другото е се срање, играчка за деца. (Да не ми се лутат ајфон корисниците). Нема флеш на сајт кога разгледуваш (во време кога адобе флеш прави рекордна добивка на пазарот), нема можност да гледаш Хвид или ДивХ филм (со превод), нема можност да направиш Скајп видео повик со друг корисник на компјутер, итн.

А сепак, ајфонот кошта 36000 во Т-мобиле, а нокијава се наоѓа многу поевтино.
 
Тие што се незадоволни со телефонот сигурно не се компјутерџии
Јас сум компјутерџија и не сум задоволен со телефонот.

А може во иднина и да се смени оперативниот во Миго (сега е Мајмо), а сегашните апликации ќе функционираат и на него, пошто ист јазик користат (Кјут).
Nokia ќе се префлра од Maemo на Meego, тоа е 100% сигурно.
Иначе, Qt не е јазик, туку C++ Framework.

Значи: телефонот ги има хардверските способности, само е уште „незрел“ (ова за кој како).
Телефонот има процесор на 600 MHz, 256 MB RAM. Кои хардверски способности? Башка, лошиот квалитет на материјали од кои што е изработен не можат да созреат.
iPhone4, според тебе играчка, има процесор на 1 GHz и 512 MB RAM.

Вчера го видов Ајфон 4 на кратко, и на него само дисплејот и мултитачот се добри, другото е се срање, играчка за деца. (Да не ми се лутат ајфон корисниците). Нема флеш на сајт кога разгледуваш (во време кога адобе флеш прави рекордна добивка на пазарот), нема можност да гледаш Хвид или ДивХ филм (со превод), нема можност да направиш Скајп видео повик со друг корисник на компјутер, итн.
Прво, си го видел на кратко. Значи, не си видел ништо.
Второ, викаш телефонот е играчка за деца, а споредуваш функционалности кои им требаат на деца.
Нема флеш? Па? Не ги гледам рекламите на сајтовите?
DivX филм? Не се користеше тоа во 1995?
Skype видео повик можеш да направиш. Имаш и камера од напред за таа намена. Тоа што Skype апликацијата го има лимитирано тоа софтверски, буни им се на нив. Сите предуслови постојат.
Fring, на пример, дозволува такво нешто. Се крена огромна паника и Skype ги тужеше, па плачеа и едните и другите... не знам што се деси на крај... Битното е дека тоа не е ограничување на телефонот.

Кажи ми, N900ката сеуште нема portraid мод?

А сепак, ајфонот кошта 36000 во Т-мобиле, а нокијава се наоѓа многу поевтино.
Епа да... хардверот од последна генерација, материјалите искористени за изработка, специјализиран (наменски) оперативен систем, а не рекомпајлиран линукс кернел... сетоа тоа си кошта.

Може звучам по накурчено од што сум на темава, ако е така, извини.. .не е таа идејата :) ...
У принцип Нокиа многу често знаела да направи полн погодок со телефоните (до пред две недели и јас бев со Нокиа во џеб :) )... ама, N900 едноставно не е тоа... според мене.

BTW... сега приметив дека јас сум ја отворил темава... чисто доказ колку очекував од телефонов, а колку не го испорача тоа. Јеби га...
 
Иначе, Qt не е јазик, туку C++ Framework.
Моја грешка, во право си.

Телефонот има процесор на 600 MHz, 256 MB RAM. Кои хардверски способности? Башка, лошиот квалитет на материјали од кои што е изработен не можат да созреат.
Iphone 4 сепак е нов телефон, нокијата ја има од поодамна, затоа и подобриот процесор.

Прво, си го видел на кратко. Значи, не си видел ништо.
Второ, викаш телефонот е играчка за деца, а споредуваш функционалности кои им требаат на деца.
Нема флеш? Па? Не ги гледам рекламите на сајтовите?
DivX филм? Не се користеше тоа во 1995?
Skype видео повик можеш да направиш. Имаш и камера од напред за таа намена. Тоа што Skype апликацијата го има лимитирано тоа софтверски, буни им се на нив. Сите предуслови постојат.
Fring, на пример, дозволува такво нешто. Се крена огромна паника и Skype ги тужеше, па плачеа и едните и другите... не знам што се деси на крај... Битното е дека тоа не е ограничување на телефонот.
Да, на кратко го видов, но сепак, телефон од 700-800 евра, со таква популарност, не смее да оди против адобе, а тоа дека на наши сајтови гледаш само реклами во флеш, тоа е дека само тоа знаат да направат. Не би влегувал во понатамошна дебата за ова на оваа тема.
Исто и хардверскиот лапсус со антената и губењето на сигналот кога го држиш со лева рака, и решението на Џобс, да не го држиш со левата рака (т.е. да го држиш како што треба). Што потаму, ќе ограничи кога да смеам да зборувам? Од 8 - 16? Адобе флеш го ограничи, лева рака ограничи, следно изгледа е 8-16 ограничување.
За „функционалностите кои им требаат на деца“, и „функционалностите кои им требаат на бизнис корисници“, е лично, има бизнис корисници кои немаат лаптоп на пример :), мене најбитно ми е кога сакам да сум „лесен“, (тоа значи без лаптоп) да имам добар browser, пошто цела работа ми е поврзана онлајн и со сајтови (ако мора итно да се направи нешто). А телефонот најповеќе го користам за сурфање, медиа (музика, филм, фотки, интернет радио, мп3 плеер за во кола со ФМ трансмитерот), календар со потсетници (иако користам гугл календар, со СМС пораки, направив синхронизација со него и на телефонот) и скајп. За се друго тука е лаптопот.

Кажи ми, N900ката сеуште нема portraid мод?
Има за најпотребните работи, но може да се поработи уште на ова. Тоа е и една од моите забелешки.

Епа да... хардверот од последна генерација, материјалите искористени за изработка, специјализиран (наменски) оперативен систем, а не рекомпајлиран линукс кернел... сетоа тоа си кошта.
И згора на се, секоја доданта апликација што ќе ја инсталираш, ќе ја платиш. Значи добиваш топ хардвер, наменски систем (доста ограничен, немаше мулти-таскинг до сега), и апликации кои додатно ќе ги плаќаш.

Може звучам по накурчено од што сум на темава, ако е така, извини.. .не е таа идејата :) ...
У принцип Нокиа многу често знаела да направи полн погодок со телефоните (до пред две недели и јас бев со Нокиа во џеб :) )... ама, N900 едноставно не е тоа... според мене.

Нема потреба од извинување, сепак, зборуваме за желби и лични искуства :) така да секој за своето.

BTW... сега приметив дека јас сум ја отворил темава... чисто доказ колку очекував од телефонов, а колку не го испорача тоа. Јеби га...
Ако си бил меѓу првите сопственици на ваков телефон, кога немаше толку апликации, можеби, но може треба да видиш уште еднаш. maemo.org е мала заедница, но има нонстоп промени и нови работи.

Јас засега сум презадоволен од телефонот, но не викам дека тоа нема да се смени, ќе видиме што ќе каже времето. Можеби кога Миго ќе излезе, ќе биде подобро, а може ќе излезе некој добар Андроид Port и ќе се префрлам на тоа. Засега ќе уживам на Мајмо, ќе сурфам без ограничувања, ќе вртам на скајп со видео, ќе типкам на тастатура (не на екран), ќе симнувам филмови од торенти и без конверзии ќе гледам на телефон, ќе симнувам фајлови од интернет директно од веб преку телефон (разбрав дека на ајфон ова не е можно) итн.
Од споредба со ајфон би ми недостигало само мултитач и малце побрзи перформанси (поради хардверот и софтверот). И верувам дека перфектниот телефон би ги имал сите овие работи заедно. Ај ќе биде за некоја година можда :)
 
За што пари може да се најди во продажба, употребуван и нов?
 
За што пари може да се најди во продажба, употребуван и нов?

Најефтино има на форум.гсм.мк еден што продава може и тука да е член за 280 евра половен со целосна заштита Zagg и фул опрема ... а нови незнам точно разгледај по мобилариве
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom