Иначе, Qt не е јазик, туку C++ Framework.
Моја грешка, во право си.
Телефонот има процесор на 600 MHz, 256 MB RAM. Кои хардверски способности? Башка, лошиот квалитет на материјали од кои што е изработен не можат да созреат.
Iphone 4 сепак е нов телефон, нокијата ја има од поодамна, затоа и подобриот процесор.
Прво, си го видел на кратко. Значи, не си видел ништо.
Второ, викаш телефонот е играчка за деца, а споредуваш функционалности кои им требаат на деца.
Нема флеш? Па? Не ги гледам рекламите на сајтовите?
DivX филм? Не се користеше тоа во 1995?
Skype видео повик можеш да направиш. Имаш и камера од напред за таа намена. Тоа што Skype апликацијата го има лимитирано тоа софтверски, буни им се на нив. Сите предуслови постојат.
Fring, на пример, дозволува такво нешто. Се крена огромна паника и Skype ги тужеше, па плачеа и едните и другите... не знам што се деси на крај... Битното е дека тоа не е ограничување на телефонот.
Да, на кратко го видов, но сепак, телефон од 700-800 евра, со таква популарност, не смее да оди против адобе, а тоа дека на наши сајтови гледаш само реклами во флеш, тоа е дека само тоа знаат да направат. Не би влегувал во понатамошна дебата за ова на оваа тема.
Исто и хардверскиот лапсус со антената и губењето на сигналот кога го држиш со лева рака, и решението на Џобс, да не го држиш со левата рака (т.е. да го држиш како што треба). Што потаму, ќе ограничи кога да смеам да зборувам? Од 8 - 16? Адобе флеш го ограничи, лева рака ограничи, следно изгледа е 8-16 ограничување.
За „функционалностите кои им требаат на деца“, и „функционалностите кои им требаат на бизнис корисници“, е лично, има бизнис корисници кои немаат лаптоп на пример

, мене најбитно ми е кога сакам да сум „лесен“, (тоа значи без лаптоп) да имам добар browser, пошто цела работа ми е поврзана онлајн и со сајтови (ако мора итно да се направи нешто). А телефонот најповеќе го користам за сурфање, медиа (музика, филм, фотки, интернет радио, мп3 плеер за во кола со ФМ трансмитерот), календар со потсетници (иако користам гугл календар, со СМС пораки, направив синхронизација со него и на телефонот) и скајп. За се друго тука е лаптопот.
Кажи ми, N900ката сеуште нема portraid мод?
Има за најпотребните работи, но може да се поработи уште на ова. Тоа е и една од моите забелешки.
Епа да... хардверот од последна генерација, материјалите искористени за изработка, специјализиран (наменски) оперативен систем, а не рекомпајлиран линукс кернел... сетоа тоа си кошта.
И згора на се, секоја доданта апликација што ќе ја инсталираш, ќе ја платиш. Значи добиваш топ хардвер, наменски систем (доста ограничен, немаше мулти-таскинг до сега), и апликации кои додатно ќе ги плаќаш.
Може звучам по накурчено од што сум на темава, ако е така, извини.. .не е таа идејата

...
У принцип Нокиа многу често знаела да направи полн погодок со телефоните (до пред две недели и јас бев со Нокиа во џеб

)... ама, N900 едноставно не е тоа... според мене.
Нема потреба од извинување, сепак, зборуваме за желби и лични искуства

така да секој за своето.
BTW... сега приметив дека јас сум ја отворил темава... чисто доказ колку очекував од телефонов, а колку не го испорача тоа. Јеби га...
Ако си бил меѓу првите сопственици на ваков телефон, кога немаше толку апликации, можеби, но може треба да видиш уште еднаш. maemo.org е мала заедница, но има нонстоп промени и нови работи.
Јас засега сум презадоволен од телефонот, но не викам дека тоа нема да се смени, ќе видиме што ќе каже времето. Можеби кога Миго ќе излезе, ќе биде подобро, а може ќе излезе некој добар Андроид Port и ќе се префрлам на тоа. Засега ќе уживам на Мајмо, ќе сурфам без ограничувања, ќе вртам на скајп со видео, ќе типкам на тастатура (не на екран), ќе симнувам филмови од торенти и без конверзии ќе гледам на телефон, ќе симнувам фајлови од интернет директно од веб преку телефон (разбрав дека на ајфон ова не е можно) итн.
Од споредба со ајфон би ми недостигало само мултитач и малце побрзи перформанси (поради хардверот и софтверот). И верувам дека перфектниот телефон би ги имал сите овие работи заедно. Ај ќе биде за некоја година можда
