НБА Сезона 2017-2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Ако ги исклучиме 6те фаворити (GSW, LAL, SAS, BOS, 76ers, HOU) кои останати 10 ќе стигнат до плејоф?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ima nekoja pricina a da ne e povreda sto Ibaka igra po 7-8 minuti? Sto mu e na trenerov na Toronto, da ne se drogira?
 
Ima nekoja pricina a da ne e povreda sto Ibaka igra po 7-8 minuti? Sto mu e na trenerov na Toronto, da ne se drogira?
Плејoф Ибaкa е тaпa игрa пo 15-16 мин. Мaрк Гaсoл му ги земa минутите a oсoбенo сегa прoтив 76ерс дa гo чувa Ембид игрa пo 30мин.Сиaкaм игрa пo 37 мин. вo плејoф и немa мнoгу местo зa пoдпрoсечен Ибaкa.
 
И Гасол е многу слаб, ич немаат течна игра, се чека Каваи и Сиакам нешто сами да искреираат. Лаури не постои, барем плејмејкерскиот дел да му беше на ниво.


:несвест::несвест::несвест:
 
Катастрофално судење имаше вчера. Рацете им ги искршија.
 
The Киро Ќучук years
--------------------------------------------------------------------------------
why-the-nba-playoffs-will-be-a-brutal-brick-fest-390x220.jpg

--------------------------------------------------------------------------------
Russell Westbrook - "Во секој од нас се крие некој Киро"
Paul George -"Сите ние сме Киро во плејофот"
Lonzo Ball -"Кога ќе пораснам сакам и јас да бидам Киро!"
DeMarcus Cousins - "Кој е бе па тој Киро ?!"


=============================================================================

Хронолошки, во периодот 1995-2005 во НБА лигата, во плејоф, има ~80 натпревари каде една екипа испукала бар 20+ тројки, со помала од 25% реализација. Периодот 2005-2015 нуди ~100 натпревари, т.е грубо 100 натпревари/декада, во плејоф.
Само од 2015-та до сегашноста, има веќе 93 натпревари такви, или 2-2.5 пати повеќе натпревари за ист временски период = ја уживаме и живееме ерата на Киро Ќучук во НБА, нема дилема! Како 276 вкупно такви натпревари во историјата на лигата се дистрибуирани низ погоре споменативе периоди, на следниот линк:

http://bkref.com/tiny/DArUi

Јасен беше трендот, уште пред една декада, но никој не можеше да предвиди дека ќе расте со оваа динамика. Првата рунда од плејофот оваа година, 2019-та, е историски најлошата шутерска прва рунда во НБА, бар во последниве 4 декади (во контекст на линија за три) или откако е воведена тројката во лигата. До овој момент, рана втора рунда, 13 натпревари мизерни шутерски се одиграни, на кој бар едната екипа била 20+ шутеви за три со под 25% реализација. Само 1 победа од 13 натпр., повеќето убедливи порази, сосема очекувано. 12 екипи се мачат 20% да шутираат (види спојлер). Грубо и од око пресметано, просечно, 5-30 се шутирало за три, на овие 13 натпревари. Кај најголемиот дел од овие натпревари, голем фактор и причина за поразот е катастрофалната селекција на шутеви, во поголем дел од натпреварот, со премногу исфорсирани тикви.

f1h8yd.jpg

Во тој контекст, на вториот натпревар, копитава од Висконсин, на ~7 мин. од крај на втора четвртина испалија само 17 тројки, од 27 вкупно шутеви (60+%) како што и се гледа. За првите 17 минути 17 шутеви за три, или 1 шут за три на минута игра. Проста анализа, ако некој 13-14 сек. е просечно време за напад во НБА, или, две екипи имаат приближно по 2 напади за 1 минута. Копитата, во просек, секој втор напад првите 17 минути плескаа за три и не се штедеа!
sxyie1.jpg


47 тројки/89 вкупни шутеви, топ 5 натпревари со најмногу истресени тројки во плејоф, се јадат со Ракетите кои доминираат на листата убедливо последниве години и историски, разбира се, со тикварите од Сан Франциско. До пред неколку години, 40+ шутеви за три во плејоф натпревар беа фантазија. Пред 2016-та, само 5 такви натпревари имало во плејоф, за само 4 години да драстично рипне бројот на 40+ натпревари (види линк подолу).Но, во друга прилика многу повеќе и поопширно за ова модерна чума!

http://bkref.com/tiny/pZXm0

jukbi1.jpg
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Budenholzer тренериштето, не знае една акција да нацрта, прачката лимитирана АнтетоЌутук ала Симонс со потемен тен, го стопија и решија толку лесно, а и не бара многу напор за екипи кои играат системски добра и колективна одбрана. Толку безидејни мулињата, одбраната на Бостон многу помага, кој дефанзивно не се споредува со регуларниот дел! Гредата Лопез тројки плеска од 10 метри а е кадарен и може да игра близу кошот (заедно со Гркот во исто време не!), најзаборавениот центар кој си ја спичка младоста во Нетс, за жал. Бостон е тој кој треба да ја има контролата во серијата, предност има во класа во играчки кадар 1-1, шутерски, центарски, на сите позиции ...Мулињата ќе добуткаат онолку колку што Селтикс ќе им дозволат, ако игра Бостон неодговорно и раштимано офанзивно, премногу индивидуално(за што покажаа цела сезона дека ги бива, во регуларен дел), Ирвинг како што знае да влезе во филм дека е на кастинг за новото продолжение од Вујкото....има тогаш некоја шанса Бакс. Кичмата кај Бостон е Pnr играта меѓу Хорфорд/Ирвинг (требаше да биде низ целата сезона, но не испадна така), ретко кој може да го брани кога го возат добро, најсмртоносен тандем 2-2 се во лигата и ја отвора играта на Бостон. "Главата" на ПНР вo Ирвинг, кој е најтежок бек за чување и "опашката" во Хорфорд, кој со Дирк, Гарнет, Ламаркус Ал. и други помалку битни дечки e во најдобрите шутери од полудистанца/долги двојки, последните 10-15 години, меѓу PF/C. И секако, колку лигата ќе биде расположена (и тоа како) да го части Гркот со минимални и смешни контакти и да го вади редовно на линија за слободни, по 10-15/меч, бидејќи и алтернатива за него нема и Бакс. Мидлтон е најкомплетниот играч во екипата на Бакс офанзивно, и веќе три сезони најзанемарениот во лигата неоправдано, може да игра во било кој дел од теренот. Игра за увозен сончоглед мувлосан(13 милиони) и ако замине летово од Бакс се знае колку е саатот таму.

Ленард нема никаква константна поддршка офанзивно: Гасол грнето, може во маса да се рита со покорпулетни играчи, ама не може Херис да го скине 1-1 под кош (со 15+ кила и исто толку висина + во см).Офанзивно не постои Гасолот, и тоа беше јасно и пред да го донесат и голема коцка. Ибака топка не знае да води сеуште, 2-3 шута за три отворени да ги погоди е премија(и тука не го бива), инаку е бескорисен. Грин(со кривите нозе) без блок подеднакво бескорисен, последниве 2-3 години шутот за три му е катастрофа во плејоф, дефанзивно не е стариот. Паскалот е неистриен, сензација од регуларен дел демек, ама 2 последователни партии, со пристојна реализација не може да врзе. Лори-капакот= конзистентно најнеконзистентен во плејоф, во лигата меѓу бековите -класика, во лабораторија за генетски инженеринг по нарачка да го клонираа, со такви параметри немаше да го испилат, и смешно е што цепеници како него имаат последователни учества на олстарот, мора некој да игра за скапаниот Исток. Ибака 30години, Марк оди 35, Грин оди 32, Кајл оди 34, лимитирани и неконстантни, па и орли во години, не ја бива на долг рок у Торонто.

Брет Браун ако ја посере серијата со Торонто лета како тренер, и онака е тенекија тешка.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Малку видео материјал со коментар, од плејофот оваа година, пред се за некои веќе завршени серии, и како мезенце за тоа што следи подолу во текстот:


1) Индијана, вториот натпревар- како го отворија мечот дефанзивно, уште поспектакуларно и го затворија, алал вера!

2) Дефанзивната Љута, првиот натпревар.

Бушавата азбука со Рики П. Рубио

П како Путана....
или
П како Пирошка, за топол ордевер на свадба го јаде Харден...со салфетката
или
П како Предигра, врти-сучи околу HardON, му се мести и го кани... ќе му го свирнат, порано или покасно.

Рики и Руди задолжително, ма и цела екипа на Џезериве, со тренерот, треба да купат по една тетратка (по играч), по тесни и широки, и да ја испишат целата (и кориците да ги испишат може) за летниот распуст со думата ="На Пик-ен-Рол така фино не праат ЛОМ!" , не е битно дали е на Шпански , Француски, Англиски...и да ги стават сликите од тетратките на своите профили на некој од социјалните мрежи, да ги видиме. Апел до менаџментот на Јута, најдобронамерен совет- не фрлајте огромни суми на врвни спортски психолози џабе, истиве работи и терапија ќе ви ги кажат, само ќе ве одерат! Толку од "дефанзивната" Јута, и многу беше.

4.40 - vintage Киро unleashed, Киро ипол.....

4.55 Харден незадржливиот против Looney Tunes, два напади за ред.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Убавата одбрана железни врати отвора!
(така беше некако, одамна го немам читано Марко Цепенков и неговото творештво и умотворби)


25 натпревари се опфатени од регуларниот дел во НБА, 2018-2019 сезона, во 30+ минути клип, во периодот по олстарот до крајот на Март, по случаен избор. Период во кој обично полека се стегаат екипите, се знае кој е, што е, плафонот и можностите, се игра поозбилно (би требало, ама не е така) просторот за експериментирање се стеснува за мнозинството екипи итн... исклучиво дефанзивен осврт. 85% од тимовите се опфатени во лигата, некој повеќе некој помалку. Булс, Бруклин, Орландо, Феникс...не се опфатени, талогот. 25 натпревари како репрезентативен примерок, статистички, во лига во која по сезона се играат 1200+ натпревари во регуларен дел е само 2%, можеби недоволно и неубедливо за многу , но сосема доволно за аномалиите и трендовите во лигата да се воочат. Оние љубители залутани во спортот, без трпение или око за детали, кои се фокусираат исклучиво на атрактивноста и пред се додека гледаат им е битно дали топката само минала низ обрачот и кој закуцал, а не се заинтересирани ич за причините зошто и како се случило тоа, и 500 натпревари да се опфатени би било залудно и нема да им помогне! Идејата е да се разобличат сите митови, небулозни концепти и сфаќања, шупливи тези, басни кои се верглаат неосновано и доминират во стилот :овој бил машина, тој не се чувал, третиот на историски ниво било, на таа екипа и бил рејтингот таков, на другата онаков, предрасуди за одредени играчи, специјалист за ова -за она, и сличен фолклор кој доминира со години низ етерот. Клипот е препорачливо да се изгледа во целост, иако многу ситуации се истакнати подолу, со конкретна минутажа:

Реномирани рим-протектори, тополи и врби, демек БРЕНД (не е Елтон, ниту Џон) во оваа дејност, вардат обрач како пудлици трло (од 500 грла) на Бистра. Се плашат од минимален контакт или избегнуваат било каков дуел (25.07, 25.53, 26.00, 26.22, 28.34)

Истакнати дефанзивни дејци (на стара слава!) се исчуручија до коска - ни срам ни перде! (1:18, 14.27, 15.40, 22.56)

Велеслалом, крај со крај - го гледа цела петорка противничкиот играчот во јуриш, не може да му се изнагледа= се праат сите на ТОШО! (4.04, 5.48, 17.19, 19.33, 30.34 )

Одбрана во транзиција...(2.56 , 4.51, 6.21, 8.34, 9.58, 13.25)

Ах тој PNR, не го научија и не го научија...класика во изобилие во 21-ви век (0.28, 16.30, 20.25, 20.41, 22.18, 24.33, 27.50 )

Алцхајмерова одбрана- Играчи со која леснотија им бегааат/ги забораваат... чиниш еднава екипа игра со 2-3 играчи повеќе, на моменти! (6.30, 8.25, 10.16, 15.11, 18.23, 19.55, 20.33, 26.55)

Матадор одбраната е во мода, секси и во голем подем годиниве, како само им се шетаат во рекет, со лесни положувања/забивања (1.39, 1.47, 2.44, 7.44, 10.26, 12.24, 13.48, 15.20, 17.00, 18.40, 25.22, 29.26)

Феноменално губење во одбраната, за сите пари, во клучни моменти, при крај на меч, при тесен резултат....најнормална појава, абе ни срам ни перде! (16.10, 21.46, 23.33, 28.09, 32.32)

Комуникација на ниво на тим-расипан телефон (3.13 , 5.00, 5.38, 9.13, 10.46, 12.44, 18.30, 21.32)

Промашува шут од дистанца, ама не му се трча во транзиција, а може лесно да го стигне играчот и да интервенира ( 8.10, 14.15)
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сите овие моменти и феномени опфатени на клипот, ситуации, прилики и неприлики, појави.....дефинитивно не се натприродни, сигурно не се фатаморгана, ги нема и нема да ги има на nba.com. Вакви "хајлајтси" се забранети по нетов, ни на Discovery Channel, ма ово нема ни у Београду,мајке ми. Ниту може да се дискредитира автентичноста на клипов и неговата поента по принципот "сечено, лепено,монтирано"=ова за жал e реалноста во модерната НБА (последнава декада), сегмент од играта за кој јавно многу ретко се пишува и не се прикажува во вистинско светло, нецензурирано, и најчесто е заборавен аспект или пак се злоупотребува веќе со години, во бесмислени и крајно пристрасни дебати, со шашави аналитики, на било кое ниво и во било кој медиум!

И најлимитираните тутурутки офанзивно во лигава и индвалиди, моменталнава Пандемијата од неиграње одбрана, која ја сардисала лигава озбилно, ги прикажува во класи подобри и ја извртува сликата за нивните можности и квалитети, мајстори во пумпање статистика во регуларниот дел!

******https://bi.mk/prodadena-veleshkata-fabrika-za-cigli-kiro-kuchuk/
 
15 пати се помирив со пораз и 16 пати славев победа сабајлево...

Се будам сабјале да трчам Скопски во 7:30, гледам уште играат, си викам грешка да не е, па од три места проверував резултатот. После 10 за 8 уште не беше завршено, Портланд два разлика губеа памтам во 5та минута продужеток некој и си мислев готово губат немаат шанси. Откако завршив со трчање видов резултат, се израдував ептен, ама и се изнервирав што ваков дуел сум пропуштил. Сега психолошката предност е на велико на страна на Портланд, Денвер треба ненормален карактер да покажат да не си во кожа ни на играчите ни на нивните навивачи. Патем Лилард е многу паметен играч, кур го боли за статистика, кога нема да му оди шутот нема да форсира 17 шута, туку тимски ќе дава придонес со пасеви после продор итн. Вториот натпревар во неколку наврати особено во последни секунди на четвртините, правеше движења со телото како да ќе шутира од логото ко против Оклахома, сите ќе беа во исчекување на таков шут, а ќе ја подадеше на слободен играч за тројка. Играч што има многу квалитети и што знае за усул кога шутот не му оди, па користи од другите квалитети е злато вреден играч. И имам впечаток дека Денвер серијава доста поише ни лепат банани отколку ние нив, што е ваљда очекувано. Сега ќе ја побарам на торент ама не е тоа тоа, коа знаеш како завршила. :D
 
Синоќа после концертот на Лени ја гледав Бостон-Милвоки, и си викам, да ја гледам Денвер-Портланд или да спијам.
Да останев да ја гледам којзнае кога ќе станев од спиење :D

Со играва што ја покажуваат Портланд сакам да идат у финале и да освојат титула.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom