Зависи како го дефинираш тоа clutch. И малку е тешко да се најдат статистики за ова, ама ајде ќе ти напишам нешто да не те оставам без одговор. NBA ги дефинира сите поени во последните пет минути од последната четвртина во ситуација кога ниту еден од тимовите нема пет поени позитива/негатива. Во дефиницијата на Брајан Виндхорст за clutch влегуваат сите потенцијални шутеви што ќе обезбедат воздство во последните пет секунди од крајот на последната четвртина (или продолженијата) или плеј-оф натпревар. Како и да е, мислам дека перцепцијата за Џејмс дека не е clutch (како и да го дефинираме) играч, произлегува од ривалството со и субјективните оцени за Коби и Џордан дека го имаат 'килер инстинктот', а Џејмс не.
Според дефиницијата на Вилдхорст, BBR дава 10 такви
резултати, 5 погодоци, 5 промашени. Еве ти уште една споредба на Џејмс во clutch моменти со други играчи (clutch дефинирани според Вилдхорст).
Прегледај го приврзокот 182100
Меѓу другото, овие clutch шутеви не мора да значат дека играчите што се поуспешни во clutch шутеви генерираат и повеќе победи. Bottom 10 играчите на табелава генерирале 1.090
WAR, а Top 10 oствариле 987 (иако релативно тие од долниот дел на табелата се подобри во целина). Со други зборови, не значи дека Борис Диао е генерално подобар играч од Билапс затоа што има подобра clutch статисктика (според дефиницијата на Вилдхорст).
Еве и некои други статистики од BBR ако ја сфатиме дефиницијата за clutch малку пошироко.
Последна четвртина (шутеви за три):
Џејмс: 396/872 (68/216)=45% (31%)
Брајант: 407/989 (82/271)=41% (30%)
Последни 5 минути +/- 5 поени диференцијал (шутеви за три поени):
Џејмс: 101/226 (26/71) = 45% (37%)
Брајант: 91/238 (14/55) = 38% (25%)
Шут во последна минута за израмнување или водство:
Џејмс: 14/29 (2/5) = 48% (40%)
Брајант: 10/37 (2/13) = 27% (15%)
Шут во последниот напад (24 сек) за израмнување или водство:
Џејмс 8/20 (1/4) = 40% (25%)
Брајант 6/24 (1/10) = 25% (10%)
Шут во последните 5 секунди за израмнување или водство:
Џејмс 5/12 (1/3) = 42% (33%)
Брајант 3/14 (1/5) = 21% (20%)
Buzzer beaters:
Џејмс 3/6 (1/2) = 50% (50%)
Брајант 0/1 (0/0) = 0%
Статистиката е од периодот 2001-5/11/15, плеј-оф натпревари. Џејмс: 166 натпревари, Брајант: 170 натпревари. Леброн во овие моменти шутира приближно идентично без разлика колку време има останато до крајот. На Брајант FG% генерално во последната четвртина добро се држи, ама како останува сѐ помалку време, драстично паѓа процентот на реализација.
Како да е, статистиката на Вилдхорст покажува дека clutch играч =/= подобар играч.