Мислам дека некаде околу 2013, меѓу мнозинството аналитичари и луѓе што сериозно следат NBA, почна да се создава консензус околу тоа кој е подобар меѓу Коби Брајант и Леброн Џејмс. Чисто за споредба, еден принт скрин од Basketball Reference (бројките ќе претрпат промени затоа што на Џејмс сигурно му остануваат уште пет години од кариерата).
Прегледај го приврзокот 182095
Практично во секоја статистичка категорија Џејмс е подобар, освен во вкупни поени (извесно е дека за две сезони и тука ќе го замине) и во процентот на реализација на слободните фрлања.
Џејмс: .503 FG% - 344 3P% - .740% FT% - 27.2 PTS - 7.1 AST - 7.3 TRB - 8.2 FTA
Брајант: .447 FG% - 329 3P% - .837% FT% - 25.0 PTS - 4.7 AST - 5.2 TRB - 7.4 FTA
Во raw stats Џејмс е подобар во сите категории, освен во слободните фрлања, меѓутоа е подобар во изнудување слободни фрлања.
Џејмс: 539 eFG% - 586 TS%
Брајант: 452 eFG% - 550 TS%
TS% ја оценува ефикасноста, ја комбинира ефиксноста за 2 поени, 3 поени и слободните фрлања. eFG% е мерка за ефикасноста на сите field goal обиди заедно со обидите за шут за три измерени подеднакво. Овие проценти се должат на фактот дека Џејмс има неспоредливо подобар shot selection.
Џејмс: 35.3 AST%
Брајант: 24.2 AST%
Дури 35.3 проценти од асистенциите од вкупниот број на тимот ги прави Џејмс. Тој број кај Брајант е 24.2%. Чисто за споредба, кариерното AST% на Меџик Џонсон е 40.9. Џејмс е неспоредливо подобар плејмејкер во однос на Брајант.
Џејмс: 27.7 PER
Брајант: 22.9 PER
Повеќе за
PER.
Џејмс: 116 ORtg - 103 DRtg
Брајант: 110 ORtg - 105 DRtg
ORtg го мери бројот на продуцирани поени во 100 поседи, додека DRtg го мери бројот на дозволени поени во одбрана во 100 поседи.
Џејмс: 149.6 OWS - 50.7 DWS - 172.7 WS
Брајант: 122.1 OWS - 62.7 DWS - 212. 3 WS
OWS го проценува бројот на победи што играчот ги продуцира во напад, додека DWS го проценува бројот на победи во одбрана. WS ги комбинира бројките од двете.
И уште некои останти advanced статистики.
Џејмс: 7.3 OBPM - 1.9 DBPM - 9.2 BPM - VORP
Брајант: 4.4 OBPM - 0.6 DBPM - 3.9 BPM - VORP
BPM e статистика која го мери квалитетот и придонесот во тимот на играчот релативно во однос на лигашкиот просек и се однесува на 100 поседи. VORP e minutes-adjusted дериват на BPM.
(BTW: Ова се бројки само од регуларниот дел на сезоната, може да ги споредите самите тие од плеј-оф, разликата е поголема)
Џејмс е 4x MVP на регуларниот дел од сезоната, Брајант е еднаш. Џејмс бил трипати МVP во шампионските тимови во кои настапувал, Брајант бил двапати. Џејмс е 13x дел од all-nba тимот (11 во првиот, 2 во вториот). Брајант е 15x дел од all-nba тимовите (11 во првиот, 2 во вториот и 2 во третиот). Имајте на ум дека на Леброн Џејмс му остануваат уште минимум две суперстар сезони и дека тука ќе има промени (superstar: 25/5/5).
До овде мислам дека е јасно. Индивидуалниот перформанс на Џејмс го надминува оној на Брајант во секој аспект од играта. Е сега, редно е да одговорам и на агументите што беа во прилог на Коби Брајант. Првиот е бројот на освоени титули. Тимскиот успех на Брајант е подобар засега, меѓутоа НБА трофејот е тимски успех. Тимот го освојува Лери О'Брајан трофејот. На Мајкл Џордан му беа потребни 6 сезони да ја помине втората рунда во плеј-оф, ниту Мајкл Џордан не освојуваше титули додека не му беше создаден квалитетен тим. За тимскиот успех би рекол најголема улога има способноста на менаџментот. Без добри соиграчи, нема никаков тимски успех. Најдоброто што можеше управата да го направи во првите седум сезони во Кливленд на Џејмс беше Лери Хјуз. Затоа во контекст на ова се и аргументите дека Џејмс редовно успеваше да се избори за добар тимски пласман со (пот)просечни соиграчи од типот на Павловиќ, Гуден, повреден и остарен Илгаускас, Буби Гибсон итн.
Вториот аргумент е мамба инстиктот, килер инстинктот и сл. Во ред е стилот на игра на Брајант да му се доаѓа на некого најмногу, меѓутоа ова е прашање на вкус, нема врска со индивидуалната продуктивност и ефикасност на играчот. Естетика е во прашање И Џејсон Вилијамс беше еден од најзабавните играчи за гледање, ама фактот е дека беше маргинално натпросечен играч. Тим Данкан беше ужасно досаден играч за гледање, ама не верувам дека постои човек што редовно ја следи и разбира NBA и би го ставил Данкан зад, да речеме, Амаре Стадамаер чисто поради entertainment факторот.
Третиот аргумент што го прочитав е дека Џејмс не е catch and shoot играч. Точно е ова, ама не гледам како е Брајант подобар играч од Џејмс само поради catch and shoot играта. Мајкл Џордан беше потпросечен шутер за три, меѓутоа тој изолиран факт не е аргумент некој да каже дека Реџи Милер или Реј Ален се подобри од Мајкл Џордан. Не постои перфектен играч кој 100% ќе ги покрива сите аспекти во играта и ротацијата.
Ако ве интересираат рангирања и споредби од овој тип, на Realgm форумот на неколку години се прават top 100 all-time ранкинзи и претходно се дискутира за секој играч одделно. Ова е
линк од темата (во хипер линк се ставени дискусиите за рангираните играчи). Уште нешто околу ова, во емисијата на Скип Бејлис (ОК, знам дека емисијата на Бејлис е повеќе мајтап) летоска гостуваше Ајзеа Томас и даде интересен и неортодоксен аспект и аргумент зошто би го избрал Леброн Џејмс кога би почнувал да гради тим. Повелете
линк од тоа што го зборуваше Томас.