До кога ќе потценувате играчи од тој калибар побогу? Па не е ова некој просек играч од МЗТ или некоја 2 лига во србија... АЛО Ален, еден од најдобрите (ако не и најдобар) тројкаш во НБА, како успеа да освои прстен со Бостон потоа ако не е добар? Со отпишани „пензионери“ како него (Гарнет и Пирс) дојде до прстен, како ако не беше ИГРАЧИШТЕ?
Вејд, дали треба воопшто да се брукаш Вејд да го спомниш... Вејд чоече еј... и него да не го сведуваш на некој просек играч од ЧКЉ лига...?
Да не беше малку обратно, ТИЕ играчи да не му помогнаа на Бронко да дојди до титула? Кошарката е тимски спорт да не заборавиме. А овај без нив курац што ќе дојдеше до титула.
Убаво е од човекот да правите легенда и ДА легенда е Леброн АРНО ама имало и ќе има и други легенди во лигата.
И не... уште сто години да игра кошарка и во сите можни статистики да ги надмини Коби и Џордан (а ќе ги надмини како што тргнало) НИКОГАШ нема да биди GOAT. НИКОГАШ нема да биди на ниво на Кобе, камоли на Џордан, не можам да го ставам во иста реченица со MJ.
Џордан има 6 од 6.
6 учества во финалиња, толку прстени... епа бујрум. Нека достигне некој тоа и после нека биди KING, GOAT... и што ти уште не...
И да, како што и погоре ти кажаа пријателе Џордан и Коби не оставаат утакмица да им решава џеј ар смит
Далеку е од умешноста во играта на Коби, далеку е од решителноста на Џордан и од страста со која овие двајца ја играа кошарката. Д А Л Е К У