НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Озбилно ова го пиша? Па за доброто на НБА не е и Леброн што си прави супер тимови и сам си бира со кој ќе игра па никому ништо. И 2 титули по ред далеку е од долгодишна доминација. Што и фалеше на НбА Булс кога праевеа 3-peat. Тогаш стана глобален феномен. Или па Лејкерс со Коби и Шек кога правеа 3-Peat исто. Или САС кога освои две по ред. Не знам кај го виде лошото тука.
Јас не гледам можна конкуренција на ГС во наредниве сезони,особено ако им се приклучи и Дурант.
 
Најголемата грешка на ОКЦ е што му лупнаа максимален договор на Кантер. Човекот игра по 10 минути на утакмица. Исто така Вејтерс кој треба да важи за примарен скорер од клупа и да ја води втората петорка, ама апсолутно ништо не игра. Јас сметам дека тука лежи проблемот кај ОКЦ.
 
НБА треба да добие нов Крал. Сфака част за чудото Леброн ама сакам ПАК да изгуби. Доста е со него. Давај го Стеф и новите клинци како бек ту бек.

Се надевам дека Силвер нема да сака да го пензионира Леброн со прстен.
 
Јас не гледам можна конкуренција на ГС во наредниве сезони,особено ако им се приклучи и Дурант.
Глупости. Никој не глеаше ни конкуренција на Вејд, Бош И Џејмс па изгубија од Далас и САС. Башка и во случај да им се приклучи Дурант ќе изгубат некој друг играч. Забораваш дека ГС се толку добри заради тимската кошарка која ја играат и вклученоста на 10 играчи.
Никој и лани не глеаше конкуренција на Лав, Кајл и Џејмс па изгубија во финале.
 
Озбилно ова го пиша? Па за доброто на НБА не е и Леброн што си прави супер тимови и сам си бира со кој ќе игра па никому ништо. И 2 титули по ред далеку е од долгодишна доминација. Што и фалеше на НбА Булс кога праевеа 3-peat. Тогаш стана глобален феномен. Или па Лејкерс со Коби и Шек кога правеа 3-Peat исто. Или САС кога освои две по ред. Не знам кај го виде лошото тука.
Ти кога идеш на баскет сакаш да играш со идиоти? Потегот во Мајами го направи од очај, во Кливлент се среди и го поштуем пак.
 
Јас не гледам можна конкуренција на ГС во наредниве сезони,особено ако им се приклучи и Дурант.
Глупости. Никој не глеаше ни конкуренција на Вејд, Бош И Џејмс па изгубија од Далас и САС. Башка и во случај да им се приклучи Дурант ќе изгубат некој друг играч. Забораваш дека ГС се толку добри заради тимската кошарка која ја играат и вклученоста на 10 играчи.
Никој и лани не глеаше конкуренција на Лав, Кајл и Џејмс па изгубија во финале.
Најголемата грешка на ОКЦ е што му лупнаа максимален договор на Кантер. Човекот игра по 10 минути на утакмица. Исто така Вејтерс кој треба да важи за примарен скорер од клупа и да ја води втората петорка, ама апсолутно ништо не игра. Јас сметам дека тука лежи проблемот кај ОКЦ.
OKЦ ако сака повеќе нешто да направи обавезно ќе мора дефанзивата да ја појача. Како офанзивна екипа се одлични. Ама во дефанзива малку потешко им оди. Немаат класа дефанзивен играч како ГС што има во Игудала и тука е разликата.
 
Затоа е тука ГМ да ги среди тие работи. Кога можеа Лејкерс, Мајами и остала багра екипи со по 2-3 супер ѕвезди во тимот да си скоцкаат солидни тимчиња со некои не толку хајпнати играчи, но сепак одлични за тој состав, може и Оклахома. Или не може сепак :D

Робертсон е играч мање во напад, огромна маана, а искрено не го користат воопшто потенцијалот на Ибака, човекот има фантастични предиспозиции за игра под кош, односно да биде монстер 4ка, а они го гураат надвор од рекет да шутира некои долги двојки и тројки. Клупата им е генерално лоша, со повремени блескави моменти, но со неозбилен играч како Вејтерс и тие останатите битанги сем Кантер не може. Им требаат бар 8-9 играчи за успех, а не 2ца.

@Xsago , реалноста е дека ОКЦ нема функционална stratch 4ка во Ибака, уште помалку трет скорер.
Ибака како и Вејтерс и Робертсон се неконсистентни периметар шутери и се гледа по тоа колку set-up plays прави Донован за нив а овие потфрлаат на отворени шутеви.

Ибака е до некаде вишок моментално на ОКЦ, глупиот потег кога се решија место на Харден нему да му дадат пари и да го чуваат Перкинс, им се одбива од глава веќе некое време.

Неколку работи смо на кратко за да не забегуваме непотребно во дискусијава:

1. Да се биде битен и корисен играч за екипа која се бори за титула, не значи да си некој којзнае каков поентер. Во една екипа има повеќе улоги кои треба да се одработат и секоја екипа мора да си најде соодветни играчи за секоја улога.
2. "Лејкерс, Мајами и остала багра" имаа слични "слабости" како и Окалхома сити. Нема суштинска разлика меѓу овие екипи. Ако мислите дека тие беа добро склопени, и Оклахома Сити е добро склопена.
3. Убедливо најголемата илузија која ја има голем дел од НБА фановите, особено кај нас во Македонија, е дека проблемот на Оклахома Сити е во тоа што немаат доволно напаѓачки играчи и затоа им страда нападот. Тоа не може да биде попогрешно. Оклахома Сити оваа сезона имаше 2 најдобар напад во лигата со изворедни 109.9 поени на 100 поседи на топка во регуларниот дел и 3 најдобар во плејофот со 108.5 поени на 100 поседи на топка. Ова се фантастични офанзивни бројки. Појак од овој напад немал ниту еден шампион во изминатите неколку години (или биле слични или послаби во напад).

Како со додавање на трет поентер во екипата ќе се направи таа појака кога проблемот кај Оклахома сити отсекогаш била одбраната? А проблем биле Адамс, Ибака и Роберсон кој всушност ја прават одбраната на ОКЦ да е доволно добра за да можат да се борат за титула. Понекогаш како тим играат концетрирано и со добра хемија во одбрана - тогаш се многу сериозен конкурент за титула. Останатите пати се несериозни во одбрана, пред се во регуларниот дел од сезоната, а во плејофот најчесто еден од клучните 3 играчи (Westbrook, Durant, Ibaka) им бил повреден. Впрочем ова е прв случај во последниве години Оклахома Сити да изгубат серија во која сите играчи им биле здрави.

Како може од овие факти заклучок да биде дека им треба трет "scorer" ми е целосно несфатливо. Уште понесфатливо е како одбраната би се подобрила ако го задржеле Харден место Ибака. Мислам дека нема НБА фан на кој не му е јасно дека тоа не е можно.
 
Не се разбираме очигледно. Јас не викам да имаат трет скорер од типот на Дурант и Вестбрук, него да имаат играч кој може сам нешто да искреира. Еве пример Лејкерси ги имаа Коби и Гасол како главни играчи во нападот, буквално се идеше преку нив, но тука беше и Бајнам кој знаеше да одигра со грб према кошот, тука беа специјалите за Дерек Фишер и Саша Вујачиќ, тука беше и Ламар Одом кој знаеме што значеше за тој тим на Лејкерси. А ОКС што има од ова? Ги има Дурант и Вестбрук како главни играчи, моќна 4ка во името на Ибака која е апсолутно максимално десеткувана во напад ради начинот на игра на тимот, Робертсон кој не може вол у гз да убоде во напад. Ај спореди ги Артест и Ариза со Робертсон и Сефолоша, главните играчи во одбрана на двете екипи што погоре ги споредив. Ете и Грег Поповиќ увек зима јаки одбранбени играчи што можат да погодат и во напад.

Далеку е ОКС од лоша екипа, јас зборам дека им треба нешто од работите што погоре ги набројав за да освојат титула. Адамс им испадна одлична опција во тимот, од просечен играч за ротација испадна солиден дефанзивен центар кој и во напад одлично си ги врши задачите, не троши безвезе топки и се што ќе му се сервира го завршува како што треба. Ама Вејтерс, Ренди Фој и остала багра циркуз играчи, немој молим те. Не ми одговори на прашањето, како ќе освојува ОКС титули без клупа?
 
Глупости. Никој не глеаше ни конкуренција на Вејд, Бош И Џејмс па изгубија од Далас и САС. Башка и во случај да им се приклучи Дурант ќе изгубат некој друг играч. Забораваш дека ГС се толку добри заради тимската кошарка која ја играат и вклученоста на 10 играчи.
Никој и лани не глеаше конкуренција на Лав, Кајл и Џејмс па изгубија во финале.

OKЦ ако сака повеќе нешто да направи обавезно ќе мора дефанзивата да ја појача. Како офанзивна екипа се одлични. Ама во дефанзива малку потешко им оди. Немаат класа дефанзивен играч како ГС што има во Игудала и тука е разликата.

Адамс, Роберсон, Дјурент, Весбтурк, Ибака. Цела нивна петорка им е составена од одлични дефанзивци. Каков е тој класичен дефанзивец? Адамс не е "класичен" дефанзивец? Нема врска муабетот дека немаат дефанзивци, баш напротив.
 
Не се разбираме очигледно. Јас не викам да имаат трет скорер од типот на Дурант и Вестбрук, него да имаат играч кој може сам нешто да искреира. Еве пример Лејкерси ги имаа Коби и Гасол како главни играчи во нападот, буквално се идеше преку нив, но тука беше и Бајнам кој знаеше да одигра со грб према кошот, тука беа специјалите за Дерек Фишер и Саша Вујачиќ, тука беше и Ламар Одом кој знаеме што значеше за тој тим на Лејкерси. А ОКС што има од ова? Ги има Дурант и Вестбрук како главни играчи, моќна 4ка во името на Ибака која е апсолутно максимално десеткувана во напад ради начинот на игра на тимот, Робертсон кој не може вол у гз да убоде во напад. Ај спореди ги Артест и Ариза со Робертсон и Сефолоша, главните играчи во одбрана на двете екипи што погоре ги споредив. Ете и Грег Поповиќ увек зима јаки одбранбени играчи што можат да погодат и во напад.

Далеку е ОКС од лоша екипа, јас зборам дека им треба нешто од работите што погоре ги набројав за да освојат титула. Адамс им испадна одлична опција во тимот, од просечен играч за ротација испадна солиден дефанзивен центар кој и во напад одлично си ги врши задачите, не троши безвезе топки и се што ќе му се сервира го завршува како што треба. Ама Вејтерс, Ренди Фој и остала багра циркуз играчи, немој молим те. Не ми одговори на прашањето, како ќе освојува ОКС титули без клупа?

Дефинитивно не се разбираме.

1. Имаат и 3 и 4 играч кои може сами да искреираат нешто ако има потреба (Kanter и Waiters). Кантер особено е топ офанзивен играч, само не може има голема минутажа бидејќи е катастрофа во одбрана. Проблемот за која зборувам е во тоа што постои некаково убедување дека таков играч им е потребен. Со овие играчи кои ги имаат нападот им функционира одлично. Како ќе им помогне некој друг поинаков играч кој ќе може сам да креира?

2. Целиот твој муабет се сведува на тоа што ако имаат фантастичен дефанзивец кој е и одличен шутер на catch-and-shoot тројки и не бара игра со топка за да биде ефективен. Фала богу дека ќе бидат подобри. Секој можен тим во лигата посакува такви играчи. Ама ги има многу малку, многу се скапи и кога ќе се земи во предвид начинот на функционирање на НБА, едноставно ако ги имаш често ги имаш на сметка на некој друг тип на играч (офанзивна ѕвезда, доминантен дефанзивен центар и сл.).

А да не ни зборувам што тие ако сакаат можат многу лесно да имаат во поставата играч кој ќе знае да ги погоди тие тројки кои Westbrook и Durant ги креираат за тимот. Morrow е еден од најдобрите тројкаши во лигата во последната декада. А сепак му даваат минимална минутажа бидејќи се свесни дека не им е потребен напад, туку им треба одбрана, нешто за што Роберсон е 1000 пати покорисен.

А што се однесува до клупата, јас не се согласувам дека Kanter, Waiters, Morrow, Foye, Collison и компанија се "багра". Си имаат сите свои позитивни особини. Дали се најдобри резервни играчи во лигата? Не. Ама не се ни лоши. И згора на се сите играчи кои ги даде како споредба погоре беа играчи кои играа 30+ минути во тие шампионски екипи а не клупа.[DOUBLEPOST=1464801870][/DOUBLEPOST]И уште нешто. Клупата е многу поважна во регуларниот дел од сезоната. Во плејофот главните играчи имаат поголема минутажа и со тоа влијанието на клупата се смалува.

А за споредбата со Лејкерси што ја даде, "клупата" на Лејкерси од последната нивна титула ја сочинуваа дечки од типот на: Shannone Brown, Jordan Farmar, Adam Morrison, Sasha Vujacic, Luke Walton, Josh Powell... Сакаш да ми кажиш дека овие се подобри од оние на OKC?
 
Последно уредено:
Епа Кантер игра 10 минути, не може да даде добар допринос во напад, али маана му е одбраната ко што кажа ти. Инаку знаеш на што мислам со тој имакт од некој 3ти или 4ти играч? Да се симне товарот од градите на Рас и КД, да немаат по 10/150 статистика. Еве ти ја последнава текма против ГСВ, прав пример е за тоа. Виде ли на крај што се дешаваше? Рогаа Дурант и Рас од кај стигнат, а другите тројца на терен беа само декор.
Не знам другачие како да ти доловам, ете и ГСВ може да ги земеме како пример, главни играчи се Кари и Клеј, но Грин може да повлече ако не иде, може и Игудала, така да не се скроз зависни само од двајца играчи, како ОКС. Ти пишав некој пост погоре, екипа не се прави со двајца играчи, треба минимум 8-9 квалитетни за да се дојде до титула. Кој импакт бе брат го имаат Колисон, Мороу и циркузантот Вејтерс, па и Фој кој веќе е во залез на кариерата?

Едит: Фармар и Шенон Браун имаа супер допринос во играта на Лејкерси во шампионските години, а исто и Вујачиќ, ликот погоди 2 слободни за титула против Бостон! Секако за овие на ОКС се измислени. Инаку и Одом заборави да го спомнеш, а он вреди за сите играчи од клупата на ОКС х2
 
Адамс, Роберсон, Дјурент, Весбтурк, Ибака. Цела нивна петорка им е составена од одлични дефанзивци. Каков е тој класичен дефанзивец? Адамс не е "класичен" дефанзивец? Нема врска муабетот дека немаат дефанзивци, баш напротив.

Точно е тоа. Затоа викам дека не е во играчкиот кадар проблемот на ОКЦ туку во тимската психа. А што е право во плејофот и тоа како се средија и донесоа на правилно дефанзивно ниво. И порано кога паметот им бил на право место во одбрана биле фантастични макар што други биле некои од актерите на местата на Роберсон и Адамс.
 
Најголемата грешка на ОКЦ е што му лупнаа максимален договор на Кантер. Човекот игра по 10 минути на утакмица. Исто така Вејтерс кој треба да важи за примарен скорер од клупа и да ја води втората петорка, ама апсолутно ништо не игра. Јас сметам дека тука лежи проблемот кај ОКЦ.
Кантер само серијава со ГС играше толку.. Со Спарси беше трета алка во тимот и клучен во победата.. Регуларна сезона веројатно беше еден од најдобрите од клупа..
И во таа мала минутажа против ГС беше доста импресивен имаше и неколку блокади плус.. Требаше поќе да игра но то е то
 
Епа Кантер игра 10 минути, не може да даде добар допринос во напад, али маана му е одбраната ко што кажа ти. Инаку знаеш на што мислам со тој имакт од некој 3ти или 4ти играч? Да се симне товарот од градите на Рас и КД, да немаат по 10/150 статистика. Еве ти ја последнава текма против ГСВ, прав пример е за тоа. Виде ли на крај што се дешаваше? Рогаа Дурант и Рас од кај стигнат, а другите тројца на терен беа само декор.
Не знам другачие како да ти доловам, ете и ГСВ може да ги земеме како пример, главни играчи се Кари и Клеј, но Грин може да повлече ако не иде, може и Игудала, така да не се скроз зависни само од двајца играчи, како ОКС. Ти пишав некој пост погоре, екипа не се прави со двајца играчи, треба минимум 8-9 квалитетни за да се дојде до титула. Кој импакт бе брат го имаат Колисон, Мороу и циркузантот Вејтерс, па и Фој кој веќе е во залез на кариерата?

1. Точно тука е проблемот во тоа што не се согласуваме. ОКЦ нема ништо особено да добие ако им го симне товарот на Дурант и Вестбрук. Може само да изгуби бидејќи толку ефикасни и ефективни офанзивни играчки ретко е да се најдат, а многу мала е веројатноста дека тие играчи кои би влетале како замени за дефанзивците ќе бидат подеднакво добри во одбрана.
2. Голден Стејт е многу поинаку градена екипа, многу поблиску до тимскиот концепт на Сан Антонио и Атланта отколку на ѕвездениот концепт на ОКЦ, Кливленд, Мајами, Лејкерс и најголем дел од шмпионите во минатото. Тоа што Curry е спектакуларен е само додадена вредност заради која и се толку доминантни колку што се овие две сезони. А реално не постои правило како да се гради екипата. И двата концепти функционираат ако ги направиш најдобри можни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom