@Xsago
Всушност јас и ти имаме само различни предвидувања во врска со Лејкерс, ништо страшно.

Во право си дека Лејкерс има тапа менаџмент во последните неколку години, но јас ја гледам и другата страна на тоа, а таа е пензијата на Коби и ослободувањето на голем простор во селари кепот. Ете и на Хиберт му завршува договорот на крајот на годината, а со повеќегодишни договори се Расел, Рендл, Кларксон, Лу Вилијамс и мислам Јанг беше. Случајност?

Јас мислам не. Намерно ги чуваат само овие, би требало да се деси страшен пресврт во екипава. како што реков претходно да се донесе барем една супер ѕвезда, да се лапа јак пик и да се среди остатокот од екипата, т.е. споредните играчи.
Јас ко фан нормално е да се надевам и да мислам дека ќе е така ко што реков погоре, а ќе почекаме уште неколку месеци да ги добиеме конкретните договори.
Утре ОКС-ГСВ, страшна текма во најава.