G
garthok
Гостин
И кај нас пола се вакви али ај...
типично.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И кај нас пола се вакви али ај...
типично.
типично.

Родман: Во мое време Леброн ќе беше само просечен играч

Рече човекот кој не можеше да го погоди кошот од подалеку од едно метро.
Кловн.



Дражен Петровиќ бил многу добар кошаркар и да му била долга кариерата би постигнал многу , но сепак не е Дражен Петровиќ најдобриот кошаркар од Европа на сите времиња кој играл во НБА , можел да биде , но во ваква ситуација не е тој најдобриот . Најдобриот кошаркар од Европа кој играл во НБА е или Тони Паркер или Дирк Новицки . А што би било кога би било може само да се претпоставува , да останал жив може ќе бил најдобриот играч од Европа а може и не , колку само кошаркарски таленти го немаат достигнато својот максимум и потенцијал поради повреди , Грент Хил е еден од најдобрите примери за тоа .
Од аспект на кошаркарско знаење, талент, воља за победа, менталитет, Дражен беше Џордан и за Паркер и за Новицки. Со само 4 сезони во НБА, од кои две практично не играше заради Аделман, Портер и Дрекслер, Дражен заврши во куќата на славните. Во двете сезони во Нетси во кои играше, имаше просек од 20 односно 22 коша по натпревар, со просек на шут од преку 50% за два и 44% за три.
Од аспект на тоа кој колку постигнал во НБА, се разбира дека Паркер и Новицки се подобри играчи, тие имаат и титули (Дирк само една). Меѓутоа, да не заборавиме дека и Жан Табак има титула во НБА.Од аспект на кошаркарско знаење, талент, воља за победа, менталитет, Дражен беше Џордан и за Паркер и за Новицки. Со само 4 сезони во НБА, од кои две практично не играше заради Аделман, Портер и Дрекслер, Дражен заврши во куќата на славните. Во двете сезони во Нетси во кои играше, имаше просек од 20 односно 22 коша по натпревар, со просек на шут од преку 50% за два и 44% за три.
Ушлето од Индијана, Реџи Милер, изјави дека Дражен е најдобриот шутер кој тој го видел во животот, а тој играше во сезоните кога Џордан беше најдобар. Па сега ти види...
А што па толку има Дивац помалку направено од Новицки? или па Пеџа Стојакович од Паркер ?
А што па толку има Дивац помалку направено од Новицки? или па Пеџа Стојакович од Паркер ?
. А нормално нема споредба меѓу Дивац и Новицки , првиот знаеше често флопинг да прави на натпревар и не е комплетен играч и за напад и одбрана а Дирк е нормално играчиште и беше предводник во 2011 на патот до титулата на кој што успеа со својот тим да победи против силен Мајами , а Дивац иако имаше одлични соиграчи , можеби и подобри соиграчи имаше Дивац во Сакраменто отколку што Дирк имаше во Далас во 2011 и пак Дивац не зема титула ( знам една година беа ограбени во финалето со Лејкерси ) . Истото важи и за Паркер кој вистина е дека има цела кариера извонредно квалитетни соиграчи и тренер во Сан Антонио но да не беше самиот Паркер доволно квалитетен и добар играч немаше толку години да остане во Сан Антонио или ќе го трејдуваа или ќе го пуштеа да си оди од Сан Антонио да сметаа дека не е доволно добар за нив и тимот , има безброј примери каде главната звезда на еден тим е трејдувана или пуштена без да и биде продолжен договорот иако е во најдобрите играчки години затоа што тимовите сметале дека нивната главна звезда не е доволно квалитетна да го води тимот - таков е примерот со Филаделфија го трејдаа Игудала главниот играч во тој момент затоа што сметаа дека не е доволно квалитетен за биде лидер и предводник на тимот со што се и согласувам и јас . Атланта исто летово ќе го пушти својот главен играч Џош Смит да си оди и нема да му го продолжи договорот . А Паркер да не вредеше истото и со него ќе се случеше . Дирк и Паркер се институции во НБА и смешна е споредба да се прави со нив и со Двац и Стојакович .