NBA Playoffs 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2013

  • Вкупно гласачи
    194
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
ie2XlvbSSvYd4_original.gif
 
Родман: Во мое време Леброн ќе беше само просечен играч

Рече човекот кој не можеше да го погоди кошот од подалеку од едно метро.

Кловн.

Туку синоќа ја гледав емисијата на ХРТ за Дражен, и го дадоа Леброн како вели дека Дражен (иако му го згреши името и го помеша со Дирк, а потоа се исправи) е најдобриот европски играч кој било кога играл во НБА. Ме изненади искрено, Леброн беше детиште кога Дражен играше во НБА. Респект, разбира човекот кој бил добар. :)
 
И слепа кокошка зрно фаќа понекогаш.

;)

Плус, погледни го резултатот, на овој резултат и баба ми би се обидела да погоди. Него инаку му беше забрането да се обидува да шутира од подалеку од еден метар. :D
 
Дражен Петровиќ бил многу добар кошаркар и да му била долга кариерата би постигнал многу , но сепак не е Дражен Петровиќ најдобриот кошаркар од Европа на сите времиња кој играл во НБА , можел да биде , но во ваква ситуација не е тој најдобриот . Најдобриот кошаркар од Европа кој играл во НБА е или Тони Паркер или Дирк Новицки . А што би било кога би било може само да се претпоставува , да останал жив може ќе бил најдобриот играч од Европа а може и не , колку само кошаркарски таленти го немаат достигнато својот максимум и потенцијал поради повреди , Грент Хил е еден од најдобрите примери за тоа .
 
Од аспект на тоа кој колку постигнал во НБА, се разбира дека Паркер и Новицки се подобри играчи, тие имаат и титули (Дирк само една). Меѓутоа, да не заборавиме дека и Жан Табак има титула во НБА. :) Од аспект на кошаркарско знаење, талент, воља за победа, менталитет, Дражен беше Џордан и за Паркер и за Новицки. Со само 4 сезони во НБА, од кои две практично не играше заради Аделман, Портер и Дрекслер, Дражен заврши во куќата на славните. Во двете сезони во Нетси во кои играше, имаше просек од 20 односно 22 коша по натпревар, со просек на шут од преку 50% за два и 44% за три.

Ушлето од Индијана, Реџи Милер, изјави дека Дражен е најдобриот шутер кој тој го видел во животот, а тој играше во сезоните кога Џордан беше најдобар. Па сега ти види...
 
Не ја сфакам логикава мегу прв и втор натпревар(што се игра во ист град) да има три дена одмор, а мегу втор и трет(што се играат во различен град) да има два дена одмор....
 
Од аспект на тоа кој колку постигнал во НБА, се разбира дека Паркер и Новицки се подобри играчи, тие имаат и титули (Дирк само една). Меѓутоа, да не заборавиме дека и Жан Табак има титула во НБА. :) Од аспект на кошаркарско знаење, талент, воља за победа, менталитет, Дражен беше Џордан и за Паркер и за Новицки. Со само 4 сезони во НБА, од кои две практично не играше заради Аделман, Портер и Дрекслер, Дражен заврши во куќата на славните. Во двете сезони во Нетси во кои играше, имаше просек од 20 односно 22 коша по натпревар, со просек на шут од преку 50% за два и 44% за три.

Ушлето од Индијана, Реџи Милер, изјави дека Дражен е најдобриот шутер кој тој го видел во животот, а тој играше во сезоните кога Џордан беше најдобар. Па сега ти види...

А што па толку има Дивац помалку направено од Новицки? или па Пеџа Стојакович од Паркер ?
 
А што па толку има Дивац помалку направено од Новицки? или па Пеџа Стојакович од Паркер ?

Епа биле ли некад они лидери на тим што стигнал до финалето, а и освоил титула? Уште ако ги додадеш и статистиките...
 
А што па толку има Дивац помалку направено од Новицки? или па Пеџа Стојакович од Паркер ?

Се шегуваш ли ти ? Новицки и Паркер се институции во своите тимови каде и ја поминаа целата досегашна НБА кариера . Ние овде не омаловажуваме успех на ниту еден европски кошаркар што играл во НБА , но секогаш во секое поле и во животот па така и во спортот постои некое мерило , некоја граница преку кое што се одредува кој е кој по оствареното . Дивац и Стојакович се добри играчи но не се подобри од Паркер и Новицки , впрочем не играат ниту на исти позиции . Ајде честит 36 роденден за Предраг Стојакович денес му е роденденот на човекот :) . А нормално нема споредба меѓу Дивац и Новицки , првиот знаеше често флопинг да прави на натпревар и не е комплетен играч и за напад и одбрана а Дирк е нормално играчиште и беше предводник во 2011 на патот до титулата на кој што успеа со својот тим да победи против силен Мајами , а Дивац иако имаше одлични соиграчи , можеби и подобри соиграчи имаше Дивац во Сакраменто отколку што Дирк имаше во Далас во 2011 и пак Дивац не зема титула ( знам една година беа ограбени во финалето со Лејкерси ) . Истото важи и за Паркер кој вистина е дека има цела кариера извонредно квалитетни соиграчи и тренер во Сан Антонио но да не беше самиот Паркер доволно квалитетен и добар играч немаше толку години да остане во Сан Антонио или ќе го трејдуваа или ќе го пуштеа да си оди од Сан Антонио да сметаа дека не е доволно добар за нив и тимот , има безброј примери каде главната звезда на еден тим е трејдувана или пуштена без да и биде продолжен договорот иако е во најдобрите играчки години затоа што тимовите сметале дека нивната главна звезда не е доволно квалитетна да го води тимот - таков е примерот со Филаделфија го трејдаа Игудала главниот играч во тој момент затоа што сметаа дека не е доволно квалитетен за биде лидер и предводник на тимот со што се и согласувам и јас . Атланта исто летово ќе го пушти својот главен играч Џош Смит да си оди и нема да му го продолжи договорот . А Паркер да не вредеше истото и со него ќе се случеше . Дирк и Паркер се институции во НБА и смешна е споредба да се прави со нив и со Двац и Стојакович .
 
Луѓе, за Дражен беше муабетот. Кој Дивац, кој Стојкович, кој Паркер...

Тешко е да им се објасни на оние кои го немаат гледано колку всушност беше добар. Тоатално различен од типот на играчи кој денес се форсира. Дражен на пример не беше многу скочен, јас мислам дека се на се два или три пати го имам видено да закуца топка. Но беше машина за постигнување кошеви, нешто невидено. Кога играше во Европа 40 поени по натпревар му беше нормална работа, а знаеше да качи и +60.

Можеби најсовршената техника на шут, нешто што за сервисот во тенисот претставува Федерер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom