Вчера заслужено си победи Спарс....да имаш само 4 загубени топки на финален натпревар, против една од подобрите одбрани во лигата е стварно за почит. Точно ова му фалеше на Индијана, ова искуство, стабилност, смирување на игра, во нити еден момент не му ја прифатија играта на Мајами, да се растрчаат со нив по теренот....
Паркер каква партија феномелано, исто и Тими Ди, на 37 години покажа оти е класа од играч....има уште многу да се има, ова само значи фрлена ракавица и ништо друго, дури и Спарс да ја добие нареднава утакмица (што не ми се верува) пак нема ништо да биди готово а не вака...
Леброн ги разигруваше играчите и успеа до негде, сепак пак некако кога се крши натпреварот, тој прво гледа да асистира а не да поентира, сепак далеку од слаба партија, јак трипл-дабл имаше....
Следната е во Недела спроти Понеделник, се надевам на ист натпревар, со ист квалитет