NBA Playoffs 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2013


  • Вкупно гласачи
    194
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
7882_646075832087611_856816412_n.jpg

:pos:
Одиме јако :vozbud:
 
Голем хејт им мавате на Мајами, зошто ?

Заслужена победа на Спарс, каква одбрана изиграа, секоја чест. Данкан, Паркер, Џинобили, winning never gets old.
Проба ЛеБрон да ги разигра останатите но џабе кога топката во последната четвртина од раце им бегаше, реализацијата катастрофа.
Грин погоди кога беше најпотребно, а баш викав дека ќе промарши бидејќи четвртата четвртина не ја отворија најдобро Спарс, не дека Мајами беше нешто подобар. Паркер, мајстор. :cool:
Уште еден натпревар во Американ Ерлајнс арена кој Мајами мора да го добие, доколку не го направат тоа ќе го кркаат 4-0.
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 10:36 ---
:icon_lol:

379636_10151555203428001_244318959_n.jpg
 
Рамос идиотот Сан Франциско пишал. :facepalm: :pos::pos:

Како само зрело изиграа Спарси, се гледа дека се спремале како војници пред двобојов со Мајами. Поп, сум кажал и пак ќе кажам, најдобриот тренер моментално во НБА без трошка конкуренција. Многу паметно од негова страна што форсираше шут на Бош, затоа што реално Бош не е играч што може да погоди 6/6 или 8/8 за три, он може да погоди 2-3 шута од десетина, а тоа е премија за Спарси. Значи за тројка зборам, не од поле.

Друго, и покрај победата Спарси лошо шутираа за три, да влезеа барем 2-3 од тројките што ги шутнаа Ленард и Грин ќе тепаа со двоцифрена разлика. Секоја чест за Ленард за начинот на кој го чуваше Леброн, кој иако немаше многу поени сепак имаше една одлична и пред се ол раунд партија. Вејд исто добар, Бош највеќе ја усра. Мене не ми е јасен Сполстра со тоа што не го игра ич Батие. Па 90 утакмици го игра по 30 и кусур минути, и сега баш во финалето најде да го става Милер по 20 минути да игра. Не ми е јасно ама ајде, башка Батие е 1000 пати боље дефанзивен играч од Милер.

Трето, Мајами и покрај поразот изигра прилично добра партија, и во одбрана и во напад, да бидеме реални, ама неколку индивидуални потези на Данкан и особено на Паркер го одлучија победникот. Паркер е во лудачка форма, овака не играл до сега во кариерата, како на дроги да е. Чалмерс слаб, Кол одличен, можеби треба да се подзамисли Сполстра и да го седне малце на клупа Рио и да му даде шанса од првата минута на Кол, затоа што 100 пати повеќе се труди од Чалмерс кој глуми дека е три пати поголема ѕвезда од Леброн и Вејд.

Ќе биде доста интересна серија, Спарси сега се во предност, но Мајами нема така лесно да се дадат. Едно е сигурно, Бош мака ќе си мачи цела серија, препаметен е Грег и знае каде се слабите точки на противникот, сигурен сум дека ќе го форсира неговиот шут и во следните утакмици, а овој како што не е во форма само ќе се фрустрира.

И уште нешто, и Поп не ми беше јасен во определени делови од утакмицата, го ставаше Диао на Леброн, а во два наврати мислам и Бонер остануваше со него, мислам WTF? Али не им се удри тоа од глава, сепак надвладеа одличната одбрана на Ленард над Брон.

П.с. Потегот на вечерта
TonyParker_original.gif
 
Сан Антонио која бол-контрол и бол-мувмент тоа е фантастично само 4 загубени топку на натпреварот :eek::cuc: Се сеќавам на Поп кога губеа од Гризлис во Г3 кога збореше зошто губат : Турноверс турноверс анд турноверс...е сега Ноу турноверс. Тоа мислам дека е клучот на победата.
а имаа и некако повеќе нерви и смиреност за погодување во последни секунди. Во прејофот победуваат веќе во 6-7 натпревари кој се убер тесни...искуствотот си го прави своето...нема паника. Според мене тешко е Спарс да изгубата во тесен натперевар треба Мајами да ги удир силно и да ги речи на почеток зошто после тешко со нив.
ЛБЈ е тој нема тука премногу запирање ама сепак го држеа само на 18 поени но затоа вејд имаше повеќе игра а Бош тапа надвор е од форма а и композиција на кошаркари на СА не му одговара ич.
Инаку многу убава утакмица чиста игра и фер ако се споредува со Мајами- Чикаго или Инди каде што беа некој утакмици како маалска караница...но Спарс никогаш не биле познати по караници кошкање итн Поп држи војничка дисциплина не е за џабе од УС Арми.
Како и да е сега е израменто според шансите 50/50...Напред Спарс ајде 5 та титула за Тими и Поп!!!
 
Многу квалитетен натпревар изиграа Мајами и Спарси, многу малку загубени топки, одлична одбрана, одлични сетови на акции во нападот. Од неутрален аспект, првава текма ги задоволи сите критериуми за едно финале, само нека продолжат вака.
 
Сепак како и да е еден брејк нема да смени многу во серијава.Затоа следниот меч е клучен.Тепаат ли Спарси може да идат и на метла.
 
Сепак како и да е еден брејк нема да смени многу во серијава.Затоа следниот меч е клучен.Тепаат ли Спарси може да идат и на метла.


metla nema sansi...ke iskrvarat ako treba miami metla nema da dozvolat...
 
секогаш истиот муабет е кога некој 1-0 ќе губи во финале... и лани истото беше... па 4-1 заврши... не знам дали форуми во 2001 постоеле ама сигурен сум дека и тогаш Сиксерси ко ги тепаа Лејкерс на нивни терен одма шампиони ги напраја.
 
Дај бе стварно луѓе, после еден меч ама баш ништо не се знае. Факт е дека Спарси имаат предност со брејкот ама не смееме да ги отпишеме Мајами. Метла нема шанси, не си прајте бајрами на мозокот.
 
Само ова фалеше. Победа на Спарси во првиот меч и цела Македонија да спама, као Мајами губи титула. Со цел риспект за Спарси, ама Хит зима титула, сакале вие или не. Не поради тоа што сум фан на Мајами или LBJ, напротив, туку поради тоа што ќе се гледа на спорт клуб овие денови.
 
секогаш истиот муабет е кога некој 1-0 ќе губи во финале... и лани истото беше... па 4-1 заврши... не знам дали форуми во 2001 постоеле ама сигурен сум дека и тогаш Сиксерси ко ги тепаа Лејкерс на нивни терен одма шампиони ги напраја.
Па кога во прашање се шампиони на терен, у права смисла на збор, ко Данкан, Ману и Паркер, и Грег ко тренер ( каде и те како се у предност Спарси ), такоџе уште еден докажан шампион со неверојатен победнички менталитет, дефакто Спарси у моментов се и те како у асална пол позиција ко ниеден тим до сеа против Мајами.

Точно, ништо не е готово, сеуште све е можно но од коин флип ситуација, сега нештата бајаги се свртени у полза на Спарси, без разлика како ќе заврши вториот меч.
 
Шансите се 50/50 за титула. А сакам спарси да земаат бидејќи навивам за нив мноооогу долго време. Сакам тимска и ефикасна игра без многу чаталење и циркуси атракции.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom