NBA Playoffs 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2013


  • Вкупно гласачи
    194
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Газење, доминација, моќ!!!

Со овие зборови можам да ги опишам Спарси. Со ваква игра не гледам кој би можел да застане на патот до титулата, но рака на срце ретки се ваквите мечеви кога буквално оди се.
Тими и на 37 години им држи лекции на центрите на Лејкерс, Тони е лидер и тоа го потврдува на секој меч, Ману е тука како поддршка од клупата. Но моќта на Спарси е што постои баланс во екипата. Користат најмногу играчи во ротација, имаат најсилна клупа и најдобар тренер.

Единствено се надевам дека повредата на Сплитер не е посериозна и дека ќе биде спремен за вториот круг (да бидеме реални овој е веќе завршен).

Лејкерси анемични какви што впрочем беа во најголемиот дел од регуларниот дел. Гасол солиден (аман веќе со криците, како да ја слушам Шарапова), Хауард се трудеше нешто да направи на сила (треба да оди на часови кај Тими за basketball IQ) и Гадлок (одличен меч за MVP-то на D-league). Останатите како да не постоеја (ги тргаме на страна повредените). Погледнете ја само разлика во придонес кој го даваат епизидостите кај Спарс (Сплитер, Грин, Нил, Бонер, Леонард) и ќе ви стане јасно зошто Лејкерс немаат никакви шанси во оваа серија.
Впрочем не за џабе го забележаа најтешкиот домашен пораз во play-off историјата.

Овој тим без Коби е мизерија. Меѓутоа и со него се неопходни промени доколку планираат Лејкерси да бидат во врвот на НБА и наредните години. Мислам дека ќе имаат бурно лето и ќе мора да се откажат од Гасол (додека сеуште има висока цена на пазарот) или Хауард (под услов најпро да потпише нов договор) за со евентуални трејдови го освежат и засилат ростерот. Вака не гледам некоја перспектива за ЛАЛ.
 
http://forum.kajgana.com/threads/nba-Сезона-2012-2013.64303/page-34#post-5454814
@Vanlok битно лани во плејофф ќе не згазевте? Само Оклахома не ви одговараше :icon_lol:
И лани а и сега (само сега многу полесно). :)
Иако не се сомневам дека е можно компироглавиот Мајк Браун ќе најдеше начин да направи сам себе заебал.

Пази, СА со најдобриот (активен) тренер во НБА и со уигран тим кои со години играат заедно, ги тепаат ЛА со кош разлика. ЛА со привремен тренер и со повредени плејмејкер плус прва замена плејмејкер... не знам што се радуваш толку.
На тимот Сан Антонио најлош можен противник им се Лејкерс. Само Паркер е добар мечап со бековите на ЛА, на сите други позиции ЛА има предност. Кави Леонард додуша одлично се развива во добар играч и донекаде може да го чува Коби, ама тука застанувате.
Хауард и Гасол, главните предности на ЛА во однос на СА, играа лоша офанзивна игра вечерва... Во контекст дека играта требаше да оди баш преку нив. Посебно преку Хауард кој не беше ни одблиску доволно агресивен кон кошот, не е дека Данкан може да го чува ако ЛА паметно го наоѓа Двајт под противничкиот кош.

Секоја чест на Данкан за пожртвуваноста, искуството и ветеранското знаење... ама ако едно нешто не може успешно да прави, тоа е да чува доминантни високи играчи во оваа фаза на кариерата.
Прашајте ги Мемфис. :)
(и Попович кој направи се да не играат пак со Мечките во последниов плејоф)


П.С. Моментот кога ќе почнеш да наоѓаш морални победи и да се радуваш и тогаш кога твојот клуб за малку изгубил... ;)
Vanlok
 
Друже у реду е, тепаа Спарси 30 разлика али мислам дека нема потреба од вакво палење. Без пола тим играше Лејкерс, доволно е само ова да се спомне за да видиш до каде е работата. Морис у Гаудлок беа у прва постава еееј, шта речи, болница... Не дека Лејкерс ќе тепаа ако не беа повредени некои играчи ама ипак ова не се трпи, Микс, Блејк, Коби, Неш, сите битни играчи со значителна минутажа. Згора на тоа ќе го додадеме фактот дека Лејкерси имаат тапа тренер а Спарси го имаат најдобриот во НБА одма се поклопуваат коцките. Да не ме сфатиш погрешно, не дека го оспорувам успехот на Спарси и убедливата победа, али според моменталната ситуација во Лејкерси реално ниеден навивач не би се палел на елиминација на Лејкерси. За палење беше во 2011 кога Далас буквално ги збриша со 4-0, е тогаш со Зенот на клупата и со сите здрави играчи беа буквално понижени.

Едит: Дим4е, сите се генерали после војна, го знаеме тоа. Ванлок не е баба Ванѓа па да предвиди дека пола тим на Лејкерс ќе е повреден. Со цел ростер на располагање не знам баш дали ќе беше ваков резултатот...
 
Едит: Дим4е, сите се генерали после војна, го знаеме тоа. Ванлок не е баба Ванѓа па да предвиди дека пола тим на Лејкерс ќе е повреден. Со цел ростер на располагање не знам баш дали ќе беше ваков резултатот...
Муабетот за центарите ме инспирираше... на 37 години Данкан е во топ 5 центри во лигата

Пс И на нас Т-Мек не ни игра :pos:
 
Дим4е
Ќе си го добиеа САС, поубаво и од Мемфис што го добија... да не играа ЛАЛ со пола тим. Да ги изметеа со Коби присутен (и пола тим што е сега повреден) па да се курчиш, вака е само го*на јадење. Ами си го знаеш ти тоа, ситење е работата... ;)

Ако бе.
Само пази, кармата е заебана работа. Кој на повреди се сити, со повреди му се враќа.
 
Никој не се ситеше на повреди ама јбг само тој аргумент е... впрочем и сите твои постови на тебе ти се ако... што ако бе лејкерс се ТИЊА годинава ТИЊА Да бевте комплетни што?Немаше се да заврши во 4 утакмици ќе завтшеше во 6-7.

Знаеш колку е добра работа што грешките ги барате во повредите... спијте на тоа уво и нека не мрднат со прстот за ростерот и менаџментот што го имате моментално и догодина некој друг аспект ќе биде проблемот.Тогаш Коби ќе биде стар... Неш преодно засилување...

Тие колнења... друг пат, т.е ти си тој што ги предизвикува повредите ај бе кажи каде некој се ситеше на повреди?
 
iszjfSQDWWRd4.gif


Данкан:pos:
 
Муабетот за центарите ме инспирираше... на 37 години Данкан е во топ 5 центри во лигата

Пс И на нас Т-Мек не ни игра :pos:
А сакаш да кажеш дека Лејкерси не изиграа добро под кошевите? Па вчера Хауард и Гасол имаа дабл дабл уште на полувреме. Проблемот беше во надворешната линија и во одбраната многу јасно, реков и пак ќе ти речам, со Гаудлок и Морис во прва постава не знам што сакаш повеќе. А Данкан си е Данкан, еден од најдобрите центри што некогаш играл во НБА и тоа е тоа. Пред 2-3 сезони да не симнеше 10тина килограми и да не најмеше нутриционист сега ќе беше на некој голф терен Тими. Али тоа е прав професионалец, посветен кој се грижи за своето тело и на 37 години.
 
Последниот напад Lawson беше избуткан со тело од Ezeli (му влезе во движење) , чист фаул и 2 слободни ............изгубил контрола над топката!!!!:rolleyes: ..........абе ај, цела утакмица се шеташе во рекетот на Warriors, ги минеше како што сака, играчиве на Warriors беа како војнициве од Скопје 2014 во превземањата , сега баш во најбитниот момент " ја изгуби контролава" (n)

Curry со ногата во аут на Miller кога му ја украде (на цел екран)...............на почетокот на последна четвртина и на Chandler кога играше на обрач му поништија од Brewer кош (ај оваа некако ќе се проголта, по правилата беше иако се гледаше дека паѓа во кош топката)
 
добро бе ... не барајте оправдување во повредите на играчите... Булс ЦЕЛА сезона игра со пола тим...константно играат без минимум 2ца првотимци и па успеаа да се изброат за плеј...и еве ги во плеј оф...пак играат без роуз... Ноа не е доопоравен ко што треба и пак успеаа да тепаат 2 натпревари против не така слаб тим на Бруклин....Лејкерс и да беше фул состав па тешко дека ќе ги поминеа спарси...не се доволно вооиграни што се виде и со мачењето цела сезона и дури во последни 2 натпревари со тешки маки обезбедија плеј оф...играчки индивидуално Л.А има еден од најдобрите тимови во лигата...ама колективно се катастрофа....дур не опраат тој дел од играта не очекувајте ништо посебно од нив....
 
Спарс>>>>>Бруклин
Сите тренери во плеј оф моментално>>>>>>Д’Антони
 
овие стримовите на балканспорт видифотос шо ми ги препорача се многу добри, сликата е стакло а и никогаш не кочат
да ти е мерак да гледаш
 
овие стримовите на балканспорт видифотос шо ми ги препорача се многу добри, сликата е стакло а и никогаш не кочат
да ти е мерак да гледаш
Ги има преку цела година само штета што селектираат една до две максимум на вечер. Обично оние што идат на канал плус и еспн.
--- надополнето: 27 април 2013 во 20:50 ---
Спарс>>>>>Бруклин
Сите тренери во плеј оф моментално>>>>>>Д’Антони
Слушнав ќе си идел Аделман од Вулфси, да го ангажираат лејкерси ќе ги потсреди и те како. Многу потценет тренер.
 
Ги има преку цела година само штета што селектираат една до две максимум на вечер. Обично оние што идат на канал плус и еспн.
не бе грешка да не си.. досега речиси се изгледав... 1-2 ако не даваа само најчесто во ист термин
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom