NBA Playoffs 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2013


  • Вкупно гласачи
    194
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
не бе грешка да не си.. досега речиси се изгледав... 1-2 ако не даваа само најчесто во ист термин
За регуларна ти зборев. Али доволно е, атрактивни утакмици даваат секој ден глеам таму не ми треба нба пас (бар за сега).
--- надополнето: 27 април 2013 во 20:55 ---
Газење, доминација, моќ!!!

Со овие зборови можам да ги опишам Спарси. Со ваква игра не гледам кој би можел да застане на патот до титулата, но рака на срце ретки се ваквите мечеви кога буквално оди се.
Тими и на 37 години им држи лекции на центрите на Лејкерс, Тони е лидер и тоа го потврдува на секој меч, Ману е тука како поддршка од клупата. Но моќта на Спарси е што постои баланс во екипата. Користат најмногу играчи во ротација, имаат најсилна клупа и најдобар тренер.

Единствено се надевам дека повредата на Сплитер не е посериозна и дека ќе биде спремен за вториот круг (да бидеме реални овој е веќе завршен).

Лејкерси анемични какви што впрочем беа во најголемиот дел од регуларниот дел. Гасол солиден (аман веќе со криците, како да ја слушам Шарапова), Хауард се трудеше нешто да направи на сила (треба да оди на часови кај Тими за basketball IQ) и Гадлок (одличен меч за MVP-то на D-league). Останатите како да не постоеја (ги тргаме на страна повредените). Погледнете ја само разлика во придонес кој го даваат епизидостите кај Спарс (Сплитер, Грин, Нил, Бонер, Леонард) и ќе ви стане јасно зошто Лејкерс немаат никакви шанси во оваа серија.
Впрочем не за џабе го забележаа најтешкиот домашен пораз во play-off историјата.

Овој тим без Коби е мизерија. Меѓутоа и со него се неопходни промени доколку планираат Лејкерси да бидат во врвот на НБА и наредните години. Мислам дека ќе имаат бурно лето и ќе мора да се откажат од Гасол (додека сеуште има висока цена на пазарот) или Хауард (под услов најпро да потпише нов договор) за со евентуални трејдови го освежат и засилат ростерот. Вака не гледам некоја перспектива за ЛАЛ.
Греота е да се радуваш на вакви победи освен Хауард и мини мамбата тимов е мувла.
 
Греота е да се радуваш на вакви победи освен Хауард и мини мамбата тимов е мувла.

Друже а можеш ли да ми образложиш зошто е греота да се радувам (или палам како како што кажа некој член претходно) на победа на тимот за кој навивам, особено ако се земе во предвид ривалството помеѓу овие два клуба во минатото. И тоа на меч во кој имаше тотална доминација и на кој им е нанесен највисок домашен плејоф пораз на Лејкерси во историјата.

Да факт е дека Коби е повреден а истиот тој е половина од екипата, а на овој меч не играа ниту Неш и Блејк. Никогаш не сум се сител ниту пак некогаш ќе се ситам на повреди на играчи од противничкиот табор.
Но исто така факт е дека екипата си има менаџмент чија задача е да состават ростер од кошаркари кои би можеле во секој момент да одговарат на обврските. Тоа што истиот тој менаџмент реши да прави дрим-тим составен од 5 ѕвезди и бескорисни играчи на клупата воопшто не е моја грижа.
Токму во тој аспект САС предничи во НБА. Баласот на екипата кој го има кај Попович. Колку што паметам и Спарси пред неколку години испаднаа во првата рунда на плејоф-от како првопласирани после повредата на Данкан. Но затоа Попович си ја научи лекцијата па сега имаат 10 играчи во ротација.

Така да не ви држи вода муабетот, посебно што пред почетокот на серијата (кога се знаеше дека Коби нема да игра) сите бевте согласни дека треба да очекуваме неизвесни мечеви и го потенциравте фактот дека Попович ги избегнува Лејкерси. Се прашувам каде се сменија работите во меѓувреме?
 
Слушнав ќе си идел Аделман од Вулфси, да го ангажираат лејкерси ќе ги потсреди и те како. Многу потценет тренер.
Друга ситуација ќе беше сега, ако на почеток на 2011-2012 ЛА го земеа него наместо компироглавиот Мајк Браун. Идеален систем за овој ростер на ЛА (ок фалат пар шутери), пошто Принстон-от не бара класични плејмејкери. Сосема доволни се бекови како Биби/Фишер.

Како што кажа многу подценет тренер и многу подценет систем.
Единствена причина што на времето Аделман со Кингси не земаа титула, беа ЛА Лејкерс.
 
Друга ситуација ќе беше сега, ако на почеток на 2011-2012 ЛА го земеа него наместо компироглавиот Мајк Браун. Идеален систем за овој ростер на ЛА (ок фалат пар шутери), пошто Принстон-от не бара класични плејмејкери. Сосема доволни се бекови како Биби/Фишер.

Како што кажа многу подценет тренер и многу подценет систем.
Единствена причина што на времето Аделман со Кингси не земаа титула, беа ЛА Лејкерс.
Беа судиите, има и документарка за тоа. Нема врска да не мрчам сега за историја ништо нема да сменам.
 
Каква утакмица се игра:cuc:
 
факт е дека екипата си има менаџмент чија задача е да состават ростер од кошаркари кои би можеле во секој момент да одговарат на обврските. Тоа што истиот тој менаџмент реши да прави дрим-тим составен од 5 ѕвезди и бескорисни играчи на клупата воопшто не е моја грижа...
Да, има огромна разлика меѓу еден Д’Антони и еден Попович кој е дефакто ГМ+тренер во САС. Како што има и разлика помеѓу газдата на САС кој то оставил клубот да го водат попаметни од него и еден Џим Бас кој е премногу глуп за сопствено добро да го остави ГМ Купчак да го води клубот.

Но не го дрви за вакви работи кога за сето ова е виновна лигата на чело со Штерн. Скратената сезона донесе огромен број повреди. Нема екипа каде немаше повредени играчи.
Некогаш е и до среќата. Прашај ги Оклахома.
 
Џонсон може слободно презимето во Клач да си го смени. Страшна утакмица, најдобра во овој плеј оф.
 
како шо гледам клипси побрзо од ова ќе заврши и нема да ја гледам :icon_mrgr:

ама добро е, одлична утакмица, најдобра досега во плејофот
 
Секој пат мушки ме испотат овие булси, оваа сезона цело време овака играат упм.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom