Ги има негде репризи утакмициве од НБА? Сакам сабајле да ја гледам Лејкерс-Спарс многу ми се спие сега
http://bt.davka.info
До вечер би требало да ја уплоадираат утакмицата.
битно лани во плејофф ќе не згазевте? Само Оклахома не ви одговараше
И лани а и сега (само сега многу полесно).

Иако не се сомневам дека е можно компироглавиот Мајк Браун ќе најдеше начин да направи сам себе заебал.
Пази, СА со најдобриот (активен) тренер во НБА и со уигран тим кои со години играат заедно, ги тепаат ЛА со кош разлика. ЛА со привремен тренер и со повредени плејмејкер плус прва замена плејмејкер... не знам што се радуваш толку.
На тимот Сан Антонио најлош можен противник им се Лејкерс. Само Паркер е добар мечап со бековите на ЛА, на сите други позиции ЛА има предност. Кави Леонард додуша одлично се развива во добар играч и донекаде може да го чува Коби, ама тука застанувате.
Хауард и Гасол, главните предности на ЛА во однос на СА, играа лоша офанзивна игра вечерва... Во контекст дека играта требаше да оди баш преку нив. Посебно преку Хауард кој не беше ни одблиску доволно агресивен кон кошот, не е дека Данкан може да го чува ако ЛА паметно го наоѓа Двајт под противничкиот кош.
Секоја чест на Данкан за пожртвуваноста, искуството и ветеранското знаење... ама ако едно нешто не може успешно да прави, тоа е да чува доминантни високи играчи во оваа фаза на кариерата.
Прашајте ги Мемфис.

(и Попович кој направи се да не играат пак со Мечките во последниов плејоф)
П.С. Моментот кога ќе почнеш да наоѓаш морални победи и да се радуваш и тогаш кога твојот клуб за малку изгубил...
