Ако Мајами го играат цело финале, како последниов натпревар со Индијана, тогаш ќе видам дали ќе се радува вака Данкан.
-----------------------------
Според мене, на Мајами му одговара повеќе играта на Сан Антонио. На Бош полесно би му било да игра против Данкан и во одбрана и во напад. Џинобили не би требало некои поголеми проблеми да создава, од причина што е стар, и мислам дека Вејд ќе го прегази ако игра како што треба. И не би требало, доколку Вејд го чува, Џинобили да задава некои поголеми проблеми за одбраната на Мајами. На се ова плус Џејмс...
Сан Антонио, има далеку подобар стратег, Попович и Џексон се најдобрите на сите времиња, според мене, и го има разиграниот Паркер, и ако Сан Антонио освои, мислам дека ќе биде најзаслужен Паркер. Паркер би бил и најголемиот проблем за Мајами во финалето.