Сега му треба поддршка на Кливленд од вистинските фанови, како никогаш досега. Затоа што со одлуката на Леброн, ако нема заинтерсираност за Кавси можат да пропаднат и да влезат во лигата на Ванкувер,Сиетл...
P.S Газдата на Кливленд со отворено писмо до фановите на Кливленд:
"Лично гарантирам дека Кливленд Кавалирс ќе освои титула пред сам-назначениот поранешен "крал".
Еве го цело писмо -->
http://www.nba.com/cavaliers/news/gilbert_letter_100708.html
Донекаде го разбирам, но ова се сериозни зборови, сепак и Леброн му донесе многу пари на Кливленд. Но ок се работи за чесност, лојалност, и изјавите на Леброн " Ќе освојам титула во мојот град".
По неговата одлука, не само Дан Гилберт(газдата) туку и многу аналитичари имаа тешки зборови за Леброн.
LeBron comes out looking like coward, not king ---->
http://www.cbssports.com/nba/story/13618008/lebron-comes-out-looking-like-coward-not-king/rss
P.S 2 Мајкл Бизли од Мајами пуштен во Минесота. Тоа е направено со една причина да се потпише некој добар играч во Мајами, конкретно шутер. Е сега Реј Ален потпиша две годишен договор со Бостон, останува Мајк Милер ( еден од моите поомилени играчи).
Еве најново инфо --> "Mike Miller's dad says he's signing with Heat and Michael Beasley is headed to Minnesota."
P.S 3
Вчера на улиците во Мајами, како на парламентарни избори ...
--- надополнето ---
Ај малку надеж за фановите на Кливленд, кој сега малку ги симпатизирам
Управата на Кливленд направи се за да го задржи Леброн после поразот од Орландо. Ги донесија Шек и Антоан Џејмисон. Две години по ред имаа најдобар скор во регуларната сезона. Е сега тоа што многу пати го кажував, ќе го кажам пак...секој напад на Кливленд завршуваше со Леброн Џејмс, тој беше и алфа и омега во офанзивните шеми на Мајк Браун. Е сега ако Леброн од X причини не можеше да го реалзира нападот, и тимот автоматски губеше. Значи Кливленд играше во напад 1 против 5 , да може ЛЕброн да е задоволен. Е тоа му се врати на многу пати како бумеранг во плејофот.
Стварно не гледам Кливленд да направи нешто лошо. Но стварно гледав како Леброн прави лошо во плеј офот...И тоа што го кажав по серијата со Бостон, денес го кажа и газдата на Кливленд:
"Toj се откажа. Тој се откажа во петтата утакмица. Но не само во неа, тој се откажа и во втората, четврттата и шесттата. Серијата со Бостон беше многу нетипична за толкава звезда во овај спорт. "
Е сега оваа ситуација веднаш ме асоцира на Новицки. И Новицки ова лето се стави на пазарот, но на крајот пак потпиша со својот тим. Тоа е лојалност, тоа е почит. Истите зборови можат да се кажат и за Данкан и за Коби(иако јавно бараше да биде трампан, се вразуми).
Еве го пак Гилберт:
" Не е ова за неговото заминување. Ова е за неговата непочит. Време е луѓето да почнат да ги држат атлетите должни за своите постапки. Ова е начинот на кој сакате да ги растете своите деца? Го држев ова во себе многу долго време. "
Замислете Лери Брд да го напуштеше Бостон? Или Џордан Чикаго? Меџик Лејкерс? Сигурно нивните траги немаа да бидат вакви какви што се. И кога му било тешко на нивните тимови, останаа покрај нив, и потоа изградија династии.
Сепак она дека Кливленд ќе освои титула пред Мајами, не верувам , Гилберт дозволи емоциите да го надвладеат.
Но сепак ако сте фанови на Кливленд, останете со Кливленд. Имате добра организација, која стигна до финале еднаш, во последните години го имавте најдобриот скор во регуларните сезони, и се надевам дека со некои 2-3 играчи нови, повторно ќе бидете блиску до врвот.