Навики при заспивање

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
морам да испушам една цигара, да легнам во кревет, да ги свртам сите програми на ТВ, да то изгасам телевизорот, да му титнам на дечкото, да навијам аларм за утрешниот ден (ако е потребно тоа), да се прекрстам, да си ја бацам кукличката (знам, уште сум дете:pipi:), да легнам на лева страна накај ѕидот, па на стомак, па на десна страна и готово, веќе сум заспала...
 
Обавезно да испушам цигара,па да навијам аларм (ако треба да станувам сабајлето) и на крај да си ја наместам перницата.Ако не ми е наместена како што сум навикнат нема да можам да заспијам.
 
иам едно меченце од бифшата..обавезно со него си нануфкам :)
 
Неможам да заспијам а да не сум свртен на лева, па после на десна страна. Ако иде некако обратно долги часови ке се мачам да заспијам.:)
 
Морам да "киснам" на мобилен па да заспијам .
 
па најмалце пола сааат превртување ко риба на суво.
 
Кога заспивам доле нозете од коленото по надоле не ги покривам сега оваа сезона 2-3 месеци не ги покривам сакам да ми се откриени и ја гушкам перницата секогаш или раката ми е на перницата од страната а јас лично лежам на кревет не спијам врз перницата значи перницата е до мене раката на неа или ке ја гушнам а лежам со главата на креветото, инаку во зимата е друга приказна се тутплам ко топче и пак така како претходно не спијам на перница туку до мене си ја гушкам и си се топлам.
:helou:
 
Пушам цигара, мијам заби, облакам пижами, легнувам, вртам по канали, гасам ТВ, првин од лева страна, па од десна, па на крај пак од лева и заспивам.
 
Слушање тивка музика и едно убавко бело-розево зајче си гушкам
 
Секогаш пред да заспијам ја ставам раката под перница...После само се вртам се одпревртвам легнувам на грб и почнувам со спиење...
 
Раката под перница, лежење на левата старна или на стомак, ама кога не можам долго време да заспијам се нишкам ко љуткавите
 
Го виткам ќошот од перницата, земам ќебе во случај да ми пристуди.. оставам дуксерка до креветот за ко ќе станам да ја облечам
 
раката десна над перницата и главата врз раката:)
 
Незнаев каде да ја отворам темава, а незнам ни дали го погодив насловот.. Сепак вака.. Со многумина за ова сум разговарала и сватив дека има такви чудни навики при заспивање кои всушност сосема несвесно ги правиме.. Ги пронајдов истите и кај себе..
Да речеме секогаш кога ќе си легнам ја ставам раката под перница.. Тоа го примети дечко ми па после јас.. И кога размислив подобро сватив дека стварно така е.. Прво ја ставам раката под перницата па потоа дури ја спуштам главата на перница.. Незнам зашто ама сум пробала да ја тргнам од под перница и така нема теорија да заспијам.. Исто така секогаш морам да бидам свртена накај ѕид.. И други луѓе ми кажале некои такви чудни детали за заспивање за себе и ми стана доста интересна оваа тема за дискутирање..
Дали некој од вас приметил нешто такво кај себе? Нешто што сосема несвесно го повторувате секоја вечер кога ќе легнете да спиете?
Чекам одговори :smir:

истите навики што ги имаш ти, ги имам и јас:):smir:
 
Обавезно сакам да гушнам нешто пред да заспијам.
Бидејќи куклите одамна ги надраснав, сега ги искористувам малите перничиња. :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom