Навики при заспивање

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Не легнувам без шише вода до мене, и мн се нервирам кога ќе легнам и ќе заборавам па мора да станам, не дека ми се пие, али ете мора да има, после ова се џиткам на стомак ја превртувам перницата на ладна страна неколку пати и си тушам нез гајле...овој ритуал е константен, а у случај да сум се преценил и да не ми се спие онда се превртувам дур не ме фати с'клет одам на цигара + судоку или paper toss на тел...и опет у кревет...
 
Секогаш пред да легнам пијам чаша вода и кога ке станам од спиење исто тоа го правам. Друг начин како заспивам секогаш си пуштам музика, слушалките на уво и тој ми е начинот на заспивање.
 
Го мавам и си легвам :D
 
Пред легнување морално ми е чаша вода да испијам и едната рака мора да ми е под перница и толку од навиките пред заспивање.
 
рацете ми се под перница, спијам најчесто на стомак или настрана а неможам да заспијам ако сум легнат на грб.
обично ко че ми жежи шетам со рацете под перница барајчи ладничко! :cool::cool:
 
Навремето имав огромен проблем т.е. несоница мада најдов повеќе лекови а нај ефикасни беа Џ или многу алкохол. (често комбинација)

Денес сум стрејт еџ, без еџ ама добро е.

Обично пуштав радио, да бидам попрецизен македонско радио поради емисиите (посебно емисијата "Хоризонти" - научна емисија, често се читаа трудови) и поради инструменталната музика (после хоризонти; класика а ако ме држеше несоницата до сабајле ги дочекував и "Запејало славеј пиле" - емисија за фолклорна музика).

Денес гледам филмови или серии (обично не практикував да гледам филм или да слушам музика пред спиење поради тоа што ќе сакам да догледам/дослушам до крај па што сака нека е) или си пуштам фен, греалка, правосмукалка, дожд (на слушалки) т.е. white noise. Ме релаксира, нема шанси да не си легнам поинаку.

(инаку да, семки, сончоглед или други грицки за да не пушам цигари во спалната и литар вода а над мене слика од павле трајанов и циле)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom