Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира дали и со која инверт. клима би можел да го загреам простор од спална и дневна (без тоалет ходник и другата соба), поставен на позицијата над прозор?
Прегледај го приврзокот 180700

Во фаза на припрема сум за пирспособување на простор за живеење, па ова го гледам како приоритет.[DOUBLEPOST=1511486106][/DOUBLEPOST]Мисир, забораив да пишам квадратура. Целиот простор е 50 метри квадратни, тоа што го планирам за загревање е не повеќе од 35.
Извини, да не се работи за стан во Голден арт?

Sent from my Lenovo TB2-X30F using Tapatalk
 
Se slagam deka se zajde so diskusijata inicirana so problemot na nasiot klime i poveke stranici bea nagagjanje i glushenje ama na kraj sepak isprovociraa odnosno proizvedoa edna dve stranici dobri objasnuvanja i podatoci koi se korisni za site nas..
Sve toa sto spomnuvas "пвц, дограма, кондензација, изолација" ima vrska so најекономично затоплување isto kolku izvorot na toplina ili najdiskutiraniot tuka inverter neli..

И јас се сложувам дека тоа се корисни информации кои имаат допирна точка со темата, но сепак не се за тука, подобро да се префрлат во посебни, соодветни теми, кај што би било попрегледно за некој кој што специјално е заинтересиран за проблемот со кондензацијата... а и можеби и други членови ќе се вклучат во дискусиите. Али ок, гледам дека никој не се побуни, а и модераторите дозволуваат, така да... терајте :)
 
Ме интересира дали и со која инверт. клима би можел да го загреам простор од спална и дневна (без тоалет ходник и другата соба), поставен на позицијата над прозор?
Прегледај го приврзокот 180700

Во фаза на припрема сум за пирспособување на простор за живеење, па ова го гледам како приоритет.[DOUBLEPOST=1511486106][/DOUBLEPOST]Мисир, забораив да пишам квадратура. Целиот простор е 50 метри квадратни, тоа што го планирам за загревање е не повеќе од 35.
Дали ќе имаш простор да ја ставиш над прозор?
 
Блиц прашање: Кое од овие две е поефикасно за притоплување?

Маслен радијатор 2KW
256536-600x600.jpg

VS.
Панелен конвектор 2KW
68297-400x350.jpg
Панелен конвектор.Ова го кажувам од искуство се имам греено (и сеуште ги имам :) ) и едниот и другиот.Маслениот радиатор долго време му треба да ја загрее просторијата (како и секое парно предвидено е да работи без исклучување за да имаш бенефит).За разлика од него конвекторот многу бргу го загрева просторот и има подобро распоредување на топлината, така е дизајниран да има природно и ефикасно струење на воздухот.Само ако купуваш немој како овој на сликава т.е. кинезарија (Нео,Фуего,Теси и сл.).Моја пропорака е францускиот Термор дупло е поскап од кинезиве ама го вреди секој денар.Добрите конвектори имаат вградено прецизен термостат на влезот на ладниот воздух од долната страна и така обезбедува константна температура во просторијата.Додека кај кинеските термостатот е поставен на грејачот (што е поентата незнам :) ) и нема никакава регулација на собната температура.
 
Блиц прашање: Кое од овие две е поефикасно за притоплување?

Маслен радијатор 2KW
VS.
Панелен конвектор 2KW

Маслен радијатор, дефинитивно ! Имам 4 маслени радијатори и 2 ѓубриња панелни конектори демек од скапите Atlantic i Thermor од по 2.5KW со прецизни електронски термостати бла бла бла , кои во реалноста се само една лимена лесна тенекија со минијатурен грејач !
Маслениот радијатор, brand, тежок, со мрсни 13-14 ребра грее споро ама сигурно и квалитетно. Има „1“ еден грејач (најчесто 800w-1kw),„ 2“ вториот грејач(1.2kw-1.5kw) и двата заедно (2.5 - 3KW). Некои радијатори имаат и додатен вентилатор од 400w кој брзо откажува при постојано користење. Нема никаква потреба да го исклучуваш затоа што си има термостат ! Маслото во радијаторот има голем топлински капацитет, грее и неколку минути откако термостатот ќе го исклучи радијаторот, за разлика од ѓубрињата панелен конвектор кое истата секунда кога ќе се исклучи станува мраз ладно. Маслениот радијатор грее подобро, повеќе и за помалку пари и е далеку најдоброто и најбезбедно грејно тело од уредите со cop 1 :D
 
+1 и од мене за маслениот радијатор[DOUBLEPOST=1511521076][/DOUBLEPOST]+1 и од мене за маслениот радијатор
 
Дечки, да не сте бегале од часови по физика во основно? :)
Енергијата не може да исчезне, може само да го промени својот облик.

Маслени радијатори, панелки, калорифери од Бриколаж за 600 ден., сите имаат COP 1 - 1кв ел. енергија = 1кв топлинска, крај на муабетот.

Маслениот радијатор има инертност, но тоа не го прави подобар/полош. Ќе изгуби 10 мин. да се загрее до работна температура, но ќе оддава топлина 10 мин. откако ќе биде исклучен. На панелката ќе и бидат потребни само 2 мин., а калориферот скоро и да нема инерција.

Тоа што вие субјективно го чувствувате е типот на енергија што е различен кај сите овие грејни тела. Според конструкцијата и начинот на работа, радијаторот освен што го загрева воздухот, голем дел од топлината ја предава како зрачење/радијација (radiant heat). Панелката многу помал дел го испорачува како radiant heat, а највеќе преку затоплување на воздухот (convection). Калориферот го грее само воздухот, нема радијациско греење...

Има и голем број грејни тела што топлината ја предаваат во најголем дел по пат на инфрацрвено зрачење: кварцни греалки, панелни плочи од метал, мермер и т.н.

Секој преферира различни типови на топлина и од таму субјективизмот. Некој сака да го зрачи калиева печка (според мене врв во тој тип на греење), а некој сака да му биде подеднакво топол воздухот во целиот простор (калорифер, клима, панелка)...

Сепак да не забораваме, климата има COP поголем од еден (3.5 - 7) и затоа е економичен начин на греење (не и единствен).
 
Некој сака да го зрачи калиева печка (според мене врв во тој тип на греење)
Kolku sto znam nema kalievi pecki da se kupat na novo ima povolni po oglasive no novi mislam ne se proizveduvaat inaku tocno se odlicni za greenje no ne se ekonomicni
 
Панел и маслен радијатор имаат скоро иста моќност. А гледам никој не ја спомна единствената предност на маслениот радијатор. Тоа е термоакумулација. И тоа е и поентата на маслен радијатор. https://en.wikipedia.org/wiki/Oil_heater

Значи доколку се впари со добар неделен термостат и тајмер маслениот радијатор може да се користи малку поефикасно од панел. На пример со термостатот да се подеси максимална термоакумулација во часовите пред почеток на скапа тарифа. Конкретно од 5-7ч изутрина, и 14-16ч попладне. Со тоа што дел од таа акумулирана топлина ќе ја оддаде во наредниот час кога е скапа струја. Со што привидно би работел повеќе KWh на ефтина струја. Нешто слично на термоакумулациона печка.

Сепак темата е Најекономично греење, а овие начини на греење се 2-3 пати понеефикасни од топлински пумпи и инвертери - така што дискусијата е само од информативен карактер, без да се споменува дека се ефикасни уреди.
 
Сепак да не забораваме, климата има COP поголем од еден (3.5 - 7) и затоа е економичен начин на греење (не и единствен).
Osven na klimite inverter so golem COP na koj drugi uredi mislis deka imaat visok slicen COP so klima inverterite?
 
Колку може да акумулира енергија радијатор со десетина еве петнаесет нека бидат ребра, кога ќе се излади за 15-тина минути?[DOUBLEPOST=1511524026][/DOUBLEPOST]
Маслен радијатор, дефинитивно ! Имам 4 маслени радијатори и 2 ѓубриња панелни конектори демек од скапите Atlantic i Thermor од по 2.5KW со прецизни електронски термостати бла бла бла , кои во реалноста се само една лимена лесна тенекија со минијатурен грејач !
Маслениот радијатор, brand, тежок, со мрсни 13-14 ребра грее споро ама сигурно и квалитетно. Има „1“ еден грејач (најчесто 800w-1kw),„ 2“ вториот грејач(1.2kw-1.5kw) и двата заедно (2.5 - 3KW). Некои радијатори имаат и додатен вентилатор од 400w кој брзо откажува при постојано користење. Нема никаква потреба да го исклучуваш затоа што си има термостат ! Маслото во радијаторот има голем топлински капацитет, грее и неколку минути откако термостатот ќе го исклучи радијаторот, за разлика од ѓубрињата панелен конвектор кое истата секунда кога ќе се исклучи станува мраз ладно. Маслениот радијатор грее подобро, повеќе и за помалку пари и е далеку најдоброто и најбезбедно грејно тело од уредите со cop 1 :D
Немам вршено мерења кој колку троши (не мислам дека има разлика ако се работи за иста моќност) ама џабе ми и да е поекономичен кога го чекав саат-ипол да се осети дека е затоплена собата која патем беше 12кв.За разлика од него конвекторот речиси инстантно грееше и за многу краток период(15-20мин.) ја загреваше собата.
 
Последно уредено:
Дечки, да не сте бегале од часови по физика во основно? :)
Енергијата не може да исчезне, може само да го промени својот облик.

Маслени радијатори, панелки, калорифери од Бриколаж за 600 ден., сите имаат COP 1 - 1кв ел. енергија = 1кв топлинска, крај на муабетот.

Маслениот радијатор има инертност, но тоа не го прави подобар/полош. Ќе изгуби 10 мин. да се загрее до работна температура, но ќе оддава топлина 10 мин. откако ќе биде исклучен. На панелката ќе и бидат потребни само 2 мин., а калориферот скоро и да нема инерција.

Тоа што вие субјективно го чувствувате е типот на енергија што е различен кај сите овие грејни тела. Според конструкцијата и начинот на работа, радијаторот освен што го загрева воздухот, голем дел од топлината ја предава како зрачење/радијација (radiant heat). Панелката многу помал дел го испорачува како radiant heat, а највеќе преку затоплување на воздухот (convection). Калориферот го грее само воздухот, нема радијациско греење...

Има и голем број грејни тела што топлината ја предаваат во најголем дел по пат на инфрацрвено зрачење: кварцни греалки, панелни плочи од метал, мермер и т.н.

Секој преферира различни типови на топлина и од таму субјективизмот. Некој сака да го зрачи калиева печка (според мене врв во тој тип на греење), а некој сака да му биде подеднакво топол воздухот во целиот простор (калорифер, клима, панелка)...

Сепак да не забораваме, климата има COP поголем од еден (3.5 - 7) и затоа е економичен начин на греење (не и единствен).

!?
Ако дочитуваш до крај пред да коментираш во последниот ред од мојот пост убаво си пишува ...
„Маслениот радијатор грее подобро, повеќе и за помалку пари и е далеку најдоброто и најбезбедно грејно тело од уредите со cop 1 :D

А што се однесува до "инерцијата" ти го земаш во предвид само почетокот и крајот а не и паузите кои ги прави термостатот за кое време радијаторот грее а панелот и сите други НЕ. Значи, откако ќе постигне работна темп. радијаторот на температури над нула и во добро излолиран стан една релативно мала соба ја одржува без проблем на 24C уклучен на „кец“ и со термостат на 50% и притоа за време од 1h работи (троши струја) помеѓу 30-45мин. Грубо пресметано, со потрошувачка од 400-800W / 1h (тука некаде као полош инвертер) се топли пристојно, нечујно , економично и безбедно.
Зборувам од искуство, проверено и тестирано со години не од рекла казала .. ! Кај мене радијаторите работат 24h. Значи ги користам за константно греење во преоден период. За брзо загревање имам „кварцна“ од 3KW i и „Тајфун“ не со метални бескорисни, туку со керамички(како од термо печка) или како веќе се викат, грејачи од 3KW на монофазна ама ги користам по 15мин- 30мин максимум за брзо постигнување на саканата температура после подолг период негреење 12h, 24h итн. , а потоа продолжува радијаторот нон стоп.
И да, имам инвертер, не еден туку два, од по 5KW, бидеќи станот е голем и има лош распоред за греење така да ми фали трет инвертер здравје натаму . Секој писмен ги знае нивните предности и јас не мислам да додадам ништо тука...но !
Добрата клима е скап уред , 40К нагоре, sky is the limit ! и на жалост во Македонија ретко кој може да си дозволи таков уред (читај ДОБРА клима, не Нео, Тесли, Фаворити и остали клонови), додека маслениот радијатор кошта 4000-5000 ден, brand ако е, ептен е едоставен, нема расипување и одржување и накрај краеви кога /ако цркни после 5 години ќе купиш нов за 5000 ден.
Инвертерите во преодниот период кај мене работат цело време како On-Off клима што е ем неекономично ем не претерано добро и здраво за неа...
Да, знаам, предимензионирани се климите(според просториите), ама само над „нула“, веќе на -5 C и посебно на -10 , -15 си се баш, епптен токму :D . Си работат нон стоп, рамномерно, без гасење и со пристојна, ниска, потрошувачка...
Значи за другите не знам, но за мене најдобар уред за греење не е еден туку е комбинација од набавната цената , животниот век и одржувањето на грејното тело, просторијата, саканата температура на загревање , брзината на загревање, потрошувачката при тоа греење и секако сезоната на загревање...
 
Последно уредено:
Osven na klimite inverter so golem COP na koj drugi uredi mislis deka imaat visok slicen COP so klima inverterite?
Мислам на останатите видови топлински пумпи (климата е една од нив - воздух/воздух). Да не ја забораваме и сончевата енергија, во комбинација со вода. Ти текнува? ;)

@mdeni
Да бараш термоакумулација во радиатор ... ако е за така термоакумулационата печка е барем x 2 подобра и поефикасна (COP 2). Гратис добиваш радијациска топлина, единствено да не ја пушташ на дување, за да не се отруеш. :)

Како и да е, со сегашниве цени на енергенси (во иднина ќе бидат секогаш повисоки), COP 2 е малку. Ни треба што повеќе. Сега за сега со климиве сме на позитивната страна, но ни треба забрзана еволуција и унапредување на истите. Сакам да видам COP 10 и тоа тука во наша Македонија што поскоро, без да продавам бубрег за да си го приуштам тоа. R32 фреон не е решение, потребни се уште иновации и тоа по нормални цени, не "јапонски".
 
!?
Ако дочитуваш до крај пред да коментираш во последниот ред од мојот пост убаво си пишува ...
„Маслениот радијатор грее подобро, повеќе и за помалку пари и е далеку најдоброто и најбезбедно грејно тело од уредите со cop 1 :D

А што се однесува до "инерцијата" ти го земаш во предвид само почетокот и крајот а не и паузите кои ги прави термостатот за кое време радијаторот грее а панелот и сите други НЕ. Значи, откако ќе постигне работна темп. радијаторот на температури над нула и во добро излолиран стан една релативно мала соба ја одржува без проблем на 24C уклучен на „кец“ и со термостат на 50% и притоа за време од 1h работи (троши струја) помеѓу 30-45мин. Грубо пресметано, со потрошувачка од 400-800W / 1h (тука некаде као полош инвертер) се топли пристојно, нечујно , економично и безбедно.
Зборувам од искуство, проверено и тестирано со години не од рекла казала .. ! Кај мене радијаторите работат 24h. Значи ги користам за константно греење во преоден период. За брзо загревање имам „кварцна“ од 3KW i и „Тајфун“ не со метални бескорисни, туку со керамички(како од термо печка) или како веќе се викат, грејачи од 3KW на монофазна ама ги користам по 15мин- 30мин максимум за брзо постигнување на саканата температура после подолг период негреење 12h, 24h итн. , а потоа продолжува радијаторот нон стоп.
И да, имам инвертер, не еден туку два, од по 5KW, бидеќи станот е голем и има лош распоред за греење така да ми фали трет инвертер здравје натаму . Секој писмен ги знае нивните предности и јас не мислам да додадам ништо тука...но !
Добрата клима е скап уред , 40К нагоре, sky is the limit ! и на жалост во Македонија ретко кој може да си дозволи таков уред (читај ДОБРА клима, не Нео, Тесли, Фаворити и остали клонови), додека маслениот радијатор кошта 4000-5000 ден, brand ако е, ептен е едоставен, нема расипување и одржување и накрај краеви кога /ако цркни после 5 години ќе купиш нов за 5000 ден.
Инвертерите во преодниот период кај мене работат цело време како On-Off клима што е ем неекономично ем не претерано добро и здраво за неа...
Да, знаам, предимензионирани се климите(според просториите), ама само над „нула“, веќе на -5 C и посебно на -10 , -15 си се баш, епптен токму :D . Си работат нон стоп, рамномерно, без гасење и со пристојна, ниска, потрошувачка...
Значи за другите не знам, но за мене најдобар уред за греење не е еден туку е комбинација од набавната цената , животниот век и одржувањето на грејното тело, просторијата, саканата температура на загревање , брзината на загревање, потрошувачката при тоа греење и секако сезоната на загревање...
Ова не е точно.

Ако маслен радијатор троши 600W за да одиржи температура во една соба, најлош инвертер ќе троши 300W. Односно барем половина помалку, затоа што има барем 2 COP. И тоа некој катастрофален инвертер.

(И тоа 2 COP на 600W излез е земено за најлошиот возможен инвертор, реално ќе е околу 5COP најмалку)
 
@Chicco69 фала ти на одговорот! Да, за стан станува збор.

Извини, да не се работи за стан во Голден арт?

Sent from my Lenovo TB2-X30F using Tapatalk
Не, друга градба.
Дали ќе имаш простор да ја ставиш над прозор?

На тоа воопшто не размислив а сега се пресеков и не гледам друга позиција, каде би ја убацил.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom