Здраво,
мило ми е што има вакви теми по форуми. Го исчитав овој thread од почеток до крај и сум заинтересиран да ставам парно. Посебно ми е примамлива понудата од Кано Еко Системи, но малку како да ми е сомнителен системот што го нуди. Причини за тоа што ми е сомнителен има повеќе:
1. Коефициентот на искористивост на претварањето на електрична енегрија во топлинска е 98%, што е потполно ист со парно од тип руска подморница.
2. Начинот на повлекување на струја е логаритамски, што е потполно ист како и кај руските подморници.
3. Начинот на загревање на водата се базира на истата (или слична) техника што се користи кај руските подморници (
http://www.galaneuro.ru/galan21_1.htm)
4. Кано има работено кај Др Цветин (го имам запознаено Цветин и оддалеку може да се каже дека човекот е измамник), и како што Кано самиот вели дека системот на Др Цветин е всушност дизајниран од него, а во еден пост имав сретнато дека Др Цветин всушност користи руска подморница што ги купува, па им ја трга облогата до сондата и така ги монтира.
Сето ова ме наведува дека постои можност и Кано да користи руска подморница за неговите Кано системи.