- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.854
Зошто мислиш дека овој климатизер е поповолна понуда од тоа што може да се најде во мк??
620-630е плус монтажа ќе дојде округло 700, со тоа што немаш гаранција и сервис (односно го имаш, ама во Бугарија) А конкретниот модел што го посочуваш има COP 3,83 што е добро ама Fujitsuto за кое што зборев е со COP 4,27, што е некаде 15% повеќе а е иста цена тука во мк.
А во принцип правилото гласи, што поголема почетна инвестиција, тоа поефтино одржување и трошоци и долговечност.
Немам збор и замерка и за Fujitsu-то што се нуди овде во продажба. Исто така и за него имам добро мислење и сметам дека за парите некаде 620 Евра е одличен избор, ако прочиташ предходнноте мои постови на куп луѓе го препорачав како одличен избор!!!... Но види, некој погоре пишуваше за право на избор.... мене ми се допаѓа повеке фирмата Mitsubishi и сметам дека е за нијанса-две подобар производител на вакви уреди од Fujitsu.... и втората предност е што е произведен во малку по-културна и технолошки по-напредна земја отколку што е тоа Кина....Не се прашуваш ли зошто на пример Panasonic инвертер произведен во Кина чини 30,000, а Panasonic со исти или слични перформанси произведен во Малезија безмалку ДУПЛО!? Колку чинеше тој над 55,000.- Ден!? Мислам дека денес ги нема вториве во продажба или можеби и ги има незнам, а од првиве како имам слушнато (барем двајца лично познавам со такви проблеми) многумина сопственици во сервис за менување на прегорените компресори... и тоа по само 3-4 години користење!
Тоа би било моето мислење....
Натаму да се убедуваме до 101-на и назад, само варијации на тема - беспредметно е за тоа да дискутираме, ме разбираш верувам се работи за вкус и право на избор!
да, и би додал:
Незнам зошто сметаш дека со монтажа уредот би чинел 700 Еур!?.... па не би чини монтажата 70-80 Евра! Мене монтажа на клима или инвертор сеедно, би ме чинела САМО 1500 денари, што на крајот на краиштата е многу реално и е пазарна вредност! Кој сака нека плаќа 3000-3500 за монтажа за НЕО-мео и за БЕКО, Вивакс.... и редовни сервиси секоја година од гаранцијата, кои веројатно ги наплаќаат дебело!
Е да, во право си за гаранцијата... ама знаеш што? Mitsubishi уред не се расипува!
... Види на времето па и денес еден куп електроника се донесе во РМ и како реков сеуште се носи во РМ....знаеш на ризик се познава шизик! Од друга страна пак веројатно (не сум сигурен, треба да се испита!!!) Mitsubishi дава меѓународна гаранција, како што е тоа случај со сите поголеми производители, која гаранција веројатно важи секаде каде има овластени сервиси на производителот (така барем функционира во странство)... сигурен сум дека овде има сервис на овој реномиран производител!Така да, не оспорувајки го твојот избор, кој го почитувам.... јас кога би ги ставил како опции, би се решил со сите ризици за Mitsubishi инвертерот.