Хај,
Влезната моќност на сите клими ни беше поставена како максимална. По неколку реакции дека предизвикува забуна се решивме да ја промениме во номинална ( update in progress ).
Извинете за недоразбирањето, сеуште ги штелуваме некои работи на самиот сајт, бараме баланс за приказ на информации помеѓу потребите за обичен корисник и професионалците а и помеѓу сите производители кои ги нудиме бидејќи некој од нив немаат податоци за некоја вредност.
Доколку имате некаква забелешка или критика ви стоиме на располагање.[DOUBLEPOST=1474913963][/DOUBLEPOST]
Премногу скапа за перформансите. Плаќаш име и дизајн.
Ако веќе имате поголем буџет би ви предложил:
GREE GEH12AA-K3DNA1B
https://klimi.mk/product.php?id=145
Ваквите клими имаат голема предност бидејќи дува ДОЛЕ и ладниот воздх го земаат од долниот дел на просторијата. Сите знаеме дека топлиот воздух е полесен и секогаш оди нагоре, со овие модели се затоплува ладниот воздух и се испушта НИСКО. овие модели дуваат и од долната и од горната страна за разлика од стандардниот мулти сплит систем кој го вовлекува топлиот воздух кој се наоѓа во горниот дел на просторијата и го испушта исто во горниот дел од просторијата со што потешко се затоплува долниот дел.