Нарачана Вивакс ACP-09CH25AERI за во детската соба, сигурно ќе ми врши работа за 15м2, е сега дилемата останува за во дневна соба, 35м2, ќе се користи за преоден период, ако фатат ептен минуси ќе се пали камин, нема каде. Застанав на Даикин FTXB35C/RXB35C
Сакам да ја земам таа, има еден понов модел но е доста поскап. Некој поупатен можеби ќе најде каква разлика има помеѓу тој модел и FTXB35JV / RXB35JV (овој).
Ако некој кој има искуство со истиот модел мисли дека ќе згрешам, молам да ме предупреди. Или пак некој да понуди подобра варијанта за горе-долу исти пари.