- Член од
- 22 јануари 2008
- Мислења
- 102
- Поени од реакции
- 110
- Возраст
- 40
Здраво на сите.
Дали би можеле да ми помогнете при избор на инвертер клима? Се работи за соба од стан со околу 30-35 квадрати, со еден надворешен ѕид и добра изолација. Ми треба и за ладење и за греење. Битно ми е потрошувачката да биде ниска, и имам буџет 45000денари.
Јас во декември земав Hitachi RAK-35RPB/RAC-35WPB од Техно клима, 41к плус монтажа точно 45к ми излезе. Ко за прва зима сум задоволен (ќе видиме на појака зима), оваа зима ја греев 50м2 стан само со климата, со еден надворешен ѕид, нов стан со 10цм изолација.
Како едина мана би навел мала гаранција од 2 години со 3 години на компресор.
Инаку е многу тивка, од надворешната нема никакви звуци нит вибрации (директно е штрафена на држач, без гумици). Внатрешната освен на најјако е исто тивка, и го нема тоа крцкање на пластика на промена на температура (барем сега за сега).
Потрошувачка реална кога одржува е 300-350W, кога вентилира е 10W а на стендбај 4W. Го оставав да работи 24/7 на температура од 23-24 степена и вкупна сметка за стуја поголема од 2200 не ми стигна.
Ако треба појше инфо, пиши слободно.
https://www.youtube.com/watch?v=DdDHAYuXQdI - еве по што се одлучив јас, го споредував видеото со тој ефтиниот Дајкин кој првично мислев да го земам.
пс. Не е лошо да пишеш за кој град, пошо ако си од Берово на пр. сигурно би ти требала појака.









