На кафе!

А демек кафичи има само во центар нели? Кафичи има во секоја населба во Скопје. Никој не тера никого со сила да фати такси и да отиде на кафе. Е сеа ако е некој префинет па му пречат автобуси тоа си е негов проблем. И ајде да те видам сега на времево седни надвор на клупа и заштеди 100 денари.
Јас денес (сега пред пола саат) бев на кафе (чај пиев уствари) за да се видам со другарка која асално ја немам видено веќе 2-3 месеци.
И ете, седев во кафич каде потрошив само 50 денари за чајот.
Сега ќе ме прашаш зошто не сме биле кај мене или кај неа дома, па и чајот поефтин ќе нè фател и ќе сме се виделе на раат.
Едноставно, како што многу погоре кажаа, отидовме во кафич затоа што ни беше мерак. И тоа не отидовме во некој кој се наоѓа на кеј за да бидеме видени (како што викате многу овде), туку отидовме во кафич кој секогаш го посетува една иста група на луѓе. Нит отидов да се покажам, нит да се докажам. Едноставно отидов затоа што го обожавам местото и погодно ми е за муабет.
Е сега, не негирам дека има и такви кои одат за да се покажат, ама факт е дека се сè поретки и поретки. Помина времето кога одењето на кафе беше WOW за многу луѓе. Сега се на ред дискотеките и високите штиклици. Но за тоа на друга тема:)

п.с.Има некој расположен за кафе? Ја отидов да си напраам сега едно:)

Кај мене у Ново Лисиче нема кафичи.. :toe:
Најблиску ми е да идам у бисер, што би ме чинело 50 денари со такси, ама можам и пеш да терам.. Блиску ми е..
Тоа со таксито го пишав за момакот од Охрид, зашо кај нив од кај и да тргнеш кон центарот те фаќа најмногу 50 денари..

Друго, не мешај кафе и чај, ја на времево обожавам чај да пијам.. А тебе ако ти е мерак да идеш у кафичи, мене ми е уште померачка домашната атмосфера.. И плус си можел да заштедиш 50 денари, зошто да не..

И уште нешто.. Кај што спомнав дека има луѓе што идат по кафичи да бидат видени, го зборев за мнозинството, ако не спаѓаш таму нема причина да се лутиш на постот или нешто слично..
 
Да идам на кафе за да бидам виден?никогаш тоа него некогаш одам за да утепам време и да се видам со другарите да напраиме некој муабет.А да одам секој ден не зошто што муабети би се правеле ? истите нормално така да одам некад чисто од тепање време.
 
Имам пиено алкохол на клупи декември-јануари-февруари. АКО СЕ САКА СЕ МОЖЕ !!!

Така треба :vozbud:
Оф топик:
Да седиш на -10 на клупа, да пиеш ладно пиво и да се гасиш со ракија!

И кажи си шо мислиш за идење на кафе.. =)
 
Така треба :vozbud:
Оф топик:
Да седиш на -10 на клупа, да пиеш ладно пиво и да се гасиш со ракија!

И кажи си шо мислиш за идење на кафе.. =)
Ок е идење на кафе ама филингот е поголем кога сум со фармерки, блузон, пиџами, два пара чорапи, капа и евентуално ракавици... и по можност ракија.

Кафе одам на поопуштени места затоа што се нервирам кога ќе видам некои се спастриле ко за на свадба у вторник навечер :P
 
Имам пиено алкохол на клупи декември-јануари-февруари. АКО СЕ САКА СЕ МОЖЕ !!!
ауу зошо ме потсети на тоа на -10 иам пиено пиво а не алкохоли што греат ко вино,ракија:vozbud:.Абе иде студ баталете кафе идете на чај :):):)
 
Кафе обавезно! се дотерувасш ставаш добра чизма и идеш инсомниа, тренд, картел сегафредо или незнам дајте предлог...:back:
 
:wub: пасија ми е
Обожавам кафиња со пријатели и пријателки.
Речиси секој ден сум на кафе.
Плус во излегувањто на кафе наоѓам изговор да ги облечам новите чевли или џемпер, да се нашминкам добро и да глумам весела госпоѓица.
 
После школо на кафе одиме јас, Jordan Rudess, karanfilovska*, а на *Sweetheart* и се спие и нема да дојде со нас! Бујрум!
 
...
И уште нешто.. Кај што спомнав дека има луѓе што идат по кафичи да бидат видени, го зборев за мнозинството, ако не спаѓаш таму нема причина да се лутиш на постот или нешто слично..
Не се лутам, само многу генералзации се праат па се чувствував должен да одговорам.
Имам пиено алкохол на клупи декември-јануари-февруари. АКО СЕ САКА СЕ МОЖЕ !!!
Абе друже и јас имам пиено алкохол на клупи на кеј и тоа у декември и јануари, ама не можам да зеам кафе и да седнам на клупа у сред декември.
Не за друго, ем ќе соберам студ во коски ем нема да ми биде убаво.:)
 
Кафе обавезно! се дотерувасш ставаш добра чизма и идеш инсомниа, тренд, картел сегафредо или незнам дајте предлог...:back:

Предлог: Дома!

Само што таму никој нема да те види..
 
Предлог: Дома!

Само што таму никој нема да те види..

Зошто мислиш дека сите идат некаде за да ги види некој?
Ај иди бркај петел.

Иам еден другар, има двајца браќа и мала сестричка, и што, дома да не пикне нас сите? Голема куќа има, ама коа ќе се соберат сите.
А и уосталом, зошто да праам гужва дома, и да растурам, коа можам фино лепо да си искочам на топло место каде што ќе пијам нешто топло, наместо да мрзнам како што рековте на -10 со ладен алкохол, и да фатам бронхопнеумонија, ангина, мигрена и 100 други болести? -тепам
 
Виде некаде да пишам "СИТЕ ИДАТ НЕКАДЕ ЗА ДА ГИ ВИДИ НЕКОЈ"?

Другар ти си е посебен случај, а ако си има своја соба не гледам каде е проблемот :toe: И како што напоменав погоре, ако тебе ти одговара да седиш у кафич, мене домашната атмосфера ми одговара 300 пати повеќе..

Така да, прочитај ми ги постовите, па тогаш мешај петли и шатки..
 
Во последно време немам скоро ич време за на кафе .Имам обврски и после училиште и понекогаш едвај чекам да стигнам до дома и да го фатам креветот.Но има и некои денови кога секој ден идам после школо,Пред се да се видам со другите да поразговарам и така/.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom