На кафе!

Ауууу обавезно го практикувам ова :helou: нема утка,некогаш и од досада или ако не ми се учи па гледам некако да ескивирам,почна и навика да ми станува,односно без кафе тешко се будам :toe:...сепак најдобро е она традиционалното саботно попладневно кафуле со моите луѓе :back:
 
Ај еве да не речам секој ден ама скоро секој ден сум негде на кафе....башка ми се дешава и секој ден со истите луѓе да идам на кафе онака...и не дека секогаш се пие кафе али ајде така е останатаоо :pipi:
 
обврска која мора да се подмири !
 
Аа на кафица обавезноо...можда не практикувам секој ден амаа убавоо ми е онака кога ке се соберемее другарки и одиме на кафее муабет :pipi:
 
Тоа ми е едно од задоволствата у живот. Си имам мое место у град, кафиќ, кај што си пијам кафе. Зашто ретко користам мобилен у живот, никој неможе лесно да ме најде, и тамо ми е како дома, сите ме бараат тамо додека си седам. Е време за кафе ми е или одма после работа, или еве пример летно време околу 19:30 - 20:00 кога сонце прави розови облаци, ја излегувам од дома и седам тамо на терасата и си пијам кафе сам.
 
На кафе се оди еден на еден муабет или трач партија неколку женски, не повеќе од 4 (:
Одам 3-4 пати месечно, зависи од месецот (:

За еден на еден кафињата (:
Често муабетите се или некои сериозни теми од коишто те боли глава после кафето или апдејти кој како што или пак, слушање нечии проблеми цела вечер (да не речам цело кафе...). Започнува како во стил „Еј ај да идеме на кафе да ти кажам шо ми се деси“. И одиме на кафе и има некои пренесувања негативна/позитивна енергија, во зависност од случката.
Ако е позитивна муабетот се одвива опуштено, во убава атмосфера, зачинета со смеење и апдејти за животите на другите луѓе такозвани mutual friends.
Ако е негативна, муабетот се пренесува во слушање нечии проблеми и оптоварување all day lоng со истите, грижење за таа особа по што следува ужасна главоболка.

Што се однесува до групните кафиња...
Многу ретко се случило да се договориме цело друштво да излеземе на кафе и да падне некој договор за Нова Година или слични дешавки. Скоро секогаш кога сум одела на тие „групни кафиња“ ми било досадно и не сум можела да направам муабет со тие што сум сакала да направам муабет. Групни кафиња се жива глупост. Ем неможеш да се опуштиш целосно, пошто си во друштво, ем неможеш да направиш муабет „подлабок“ пошто сите те слушаат. Мразам.
За групна дружба преферирам домашна атмосфера ил парк, кај што или никој не ве гледа што правите или можете да правите што сакате и никој да не рече „Еј што им е на овие?!“ (:
 
Оооо да, секој ден излегуваме со другарките на кафе.....секогаш сите заедно :tv:
 
Кафееее :vozbud:,ајде кој е за
 
Кафе за мене е ритуал бе! Порано не пиев кафе (пред 5-6 години) ама сеа...
 
Можеби кај мене веќе станало навика.
Дали ќе се видам со колегите, пријателите или со клиентите-речиси секогаш е на кафе-без разлика дали е во канцеларијата и во некои дневен бар.
Така дека и темите на разговорите се различни.
Од обичен проблеми, спортот до службените задачи.
Мислам дека, кафето со разговорот е повеќе приоритет за луѓето од градот.
Во голем дел луѓето од селата во текот на денот работат (ако има со што во овие времиња), а вечер сакаат да се на нешто посилно!:)
Но сепак е прашање на навика!!
 
Kафето е најдобрата работа шо можи да му се случи на човек... така да ич не се замарам со бројќи цифри. Имам прилика да пијам кафе, пијам. Не пребирам време, место, ама затоа одбирам со кој би пиел.

И да... одам Битола денес и прво нешто шо ќе го напрам е да испијам едно кафе на широк сокак.
 
Чајот е најдобрата работа шо можи да му се случи на човек... така да ич не се замарам со бројќи цифри. Имам прилика да пијам, чај пијам. Не пребирам време, место, ама затоа одбирам со кој би пиел.

И да... одам Битола денес и прво нешто шо ќе го напрам е да испијам едно чајче на широк сокак.

Fixed!!

За групна дружба преферирам домашна атмосфера ил парк, (:

Fucking Awesome! Многу си го сакам градски, прекрасни спомени, дружби, емоции, позитивна енергија!
 
Го обожавам кафето. Најубаво ми кога ќе се собереме со блиските или кај некого дома да идеме или пак во некое кафуле и опуштено да си разговараме за се‘ и сешто.
 
Го обожавам кафето. Најубаво ми кога ќе се собереме со блиските или кај некого дома да идеме или пак во некое кафуле и опуштено да си разговараме за се‘ и сешто.

Јок,повеќе го сакаш Кофеинот и дружбата него што го сакаш Кафето :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom