- Член од
- 22 септември 2008
- Мислења
- 412
- Поени од реакции
- 32
Кај мене у Ново Лисиче нема кафичи..А демек кафичи има само во центар нели? Кафичи има во секоја населба во Скопје. Никој не тера никого со сила да фати такси и да отиде на кафе. Е сеа ако е некој префинет па му пречат автобуси тоа си е негов проблем. И ајде да те видам сега на времево седни надвор на клупа и заштеди 100 денари.
Јас денес (сега пред пола саат) бев на кафе (чај пиев уствари) за да се видам со другарка која асално ја немам видено веќе 2-3 месеци.
И ете, седев во кафич каде потрошив само 50 денари за чајот.
Сега ќе ме прашаш зошто не сме биле кај мене или кај неа дома, па и чајот поефтин ќе нè фател и ќе сме се виделе на раат.
Едноставно, како што многу погоре кажаа, отидовме во кафич затоа што ни беше мерак. И тоа не отидовме во некој кој се наоѓа на кеј за да бидеме видени (како што викате многу овде), туку отидовме во кафич кој секогаш го посетува една иста група на луѓе. Нит отидов да се покажам, нит да се докажам. Едноставно отидов затоа што го обожавам местото и погодно ми е за муабет.
Е сега, не негирам дека има и такви кои одат за да се покажат, ама факт е дека се сè поретки и поретки. Помина времето кога одењето на кафе беше WOW за многу луѓе. Сега се на ред дискотеките и високите штиклици. Но за тоа на друга тема
п.с.Има некој расположен за кафе? Ја отидов да си напраам сега едно
Најблиску ми е да идам у бисер, што би ме чинело 50 денари со такси, ама можам и пеш да терам.. Блиску ми е..
Тоа со таксито го пишав за момакот од Охрид, зашо кај нив од кај и да тргнеш кон центарот те фаќа најмногу 50 денари..
Друго, не мешај кафе и чај, ја на времево обожавам чај да пијам.. А тебе ако ти е мерак да идеш у кафичи, мене ми е уште померачка домашната атмосфера.. И плус си можел да заштедиш 50 денари, зошто да не..
И уште нешто.. Кај што спомнав дека има луѓе што идат по кафичи да бидат видени, го зборев за мнозинството, ако не спаѓаш таму нема причина да се лутиш на постот или нешто слично..