Muse

  • Креатор на темата Креатор на темата Voice of Jericho
  • Време на започнување Време на започнување
моментално на плејлиста


oваа им е потценета


Да можев сам ќе си лајкннев горното мислење со ситизен ирејст..

Денеска мјуздеј, нек шиба.

Оваа симфонијата треба многу почесто да се изведува во живо :(

Иначе на редит се избира најдобра песна од Мјуз се елиминација преку дуели... Последен пат кога проверив Citizen Erased беше на пат да победи :icon_mrgr:

update: во прво полуфинале се Stockholm Syndrome и Citizen Erased, a во второ Knights of Cydonia и Sunburn... SS и КоC водат
 
Го гледал некој Live at Rome Olympic Stadium DVD-то? Кој концерт ви се допаѓа повеќе, овој или HAARP?
 
1661_345829702201836_478721191_n.jpg

:icon_lol:
 
Мет на концертов имaше ларингитис и едвај глас вадеше, погуглај ако не знајш шо е то.

Изгледа ако не си фан полесно се воочува глупоста на.. Мет. Демек треба специјално да се осеќам што се жртвувал за јас да го чујам на јутуб, или ти, или трет во живо?
Имал инфекција и пее гранџ песна со пискање и рифови. Уеј ту гоу Мет!

Башка детската атмосфера.. fucking Muse..
 
Изгледа ако не си фан полесно се воочува глупоста на.. Мет. Демек треба специјално да се осеќам што се жртвувал за јас да го чујам на јутуб, или ти, или трет во живо?

Имал инфекција и пее гранџ песна со пискање и рифови. Уеј ту гоу Мет!


Башка детската атмосфера.. fucking Muse..


Не ми беше поентата дека треба специјално да се осеќаме пошто "се жртвувал" за нас.. Туку само ти одговарам на она бљак и го објаснувам лошото пеење... А зошто баш Литиум ја ставиле на сетлиста при таква ситуација, тоа гледаш не знам..

"Детската" aтмосфера ти е резултат на оние "фанови" кои се дојдени да ја слушнат факинг Меднес, не слушнале ништо постаро од Резистанс или ги слушаат ради твајлајт...а такви за жал се повеќе ги има... ама тоа е...самиот бенд си е крив за то, се фатија за орото и сега ќе го играт... Гледај концерти од 2007ма па наназад да видиш атмосфера (Еаrls Court, Glastonbury 2004, пример...), although и денес имаат некои добри концерти... Искрено едвај чекам да излезе новиот албум којшто е најавуван како потежок албум и враќање кон корените и полека полека песните од последните 2 албуми да се истиснуваат од сетлистите и да ги видиме пак старите Мјуз...

Ти претпоставувам имаш налетано на бендов преку некои популарни тралалајки од типот на Undisclosed Desires или Starlight или преку некој мек концерт, а првиот впечаток тешко се менува...

И да во право си, некои глупости тешко се воочуваат преку очите на долгогодишен фан.. и 2 релативно просечни албуми не можат така лесно да ми ги анулираат 4те фантастични албуми и феноменални концерти...
 
Последно уредено:
Погоди со претпоставката, онака 2-3 песни сум слушнал, воглавно првите кои ќе излезат први кога пишам Muse на Јутуб. :)

Фановите воопшто не се виновни кога тие им се таргет групата на бендот и причината кои се насочиле кон Резистанс и Твајлајт музика. Се познаваат бендовите кои се големи а кои се шлапаат со тралалајки, со млитави песнички и млитав вокал секогаш ќе бидат во групата на Колдплеј и сличните. Научиле еден звук и толку. А зошто ја ставиле Литиум, во ред, поштувам респект што оддаоа, аама колку и да се дере момакот, колку и диско атмосфера да сакаат на направат со светлата, колку и бучава да ствараат во замена за рифовите, никогаш нема да им личи песна, изведба од тој калибар. Бљак.
 
Спушти си го Origin of Symmetry, албумов е далеку,далеку поразличен од тоа што излегува прво на youtube кога ќе напишеш Muse… и познавајќи ти го вкусот колку толку според темите во кои постираш мислам дека нема да зажалиш...

Звукот на клипот е со лош квалитет, да тврдиш дека Мuse прават бучава место рифови треба ептен, ептен да не ги познаваш...Бендот е (беше :( ) познат баш по енергичните настапи во живо исполнети со рифови и импровизации... Мeт е сметан за еден од најдобрите гитаристи на 21ви век и општо за еден од најдобрите музичари. Шо подразбираш под млитав вокал? Си ги слушнал ли фалсетата кои ги вади во живо?

Џабе збораме пошто буквално ништо немаш слушнато од тоа што треба да се слушне од Мuse, песните со најмногу views на youtube ствараат погрешна слика за бендот...
Не знам која му е причината што се насочиле кон популарна музика, ваљда за поширок спектар на фанови, но како и да е јас ќе продолжам да им ги сакам старите албуми и се надевам дека со новиов ќе се вратат во колосек.

Не да ти наметнувам нешто што не го сакаш, ама совет, слушни го Origin of Symmetry, ако не ти се допадне тогаш дефинитивно не се за тебе... дали ќе ме послушаш твое право, поздрав и со лесно :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom