Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.256
- Поени од реакции
- 36.593
Професионално имам тренирано стрелаштво, плус поседувам ловни карабини и ти тврдам дека Токио не може да го додржи тој снајпер. Си пробала да пукаш со оружје со дурбин и да видиш колку брзо се мести оптиката, каков трзај има и колку техника и мирна рака треба да имаш за без потпора да пукаш и погодиш?Имаш снајпер држено некогаш во животот ?
Јас сум од прилика колку Токио во физикусот и немав проблем да држам такво оружје во рака.
Друго е видео од Карлеуша на јутјуб друго е серија
На Нетфликс е број еден овој месец и никако да ја симнат од врвот.
Гледаноста се зголемува од сезона во сезона.
Едит Сега баш проверив м-16 тежи од прилика 2.5/3 кг не гледам кој е проблемот тука, и зошто упорно се фаќате дека Токио не можела да го држи оружјето, ќе си помисли човек со тенк управувала![]()
Ако ви прави мерак гледајте ја, али ова да се третира како мастерпис кој рушел рекорди поради што е добра серија е уште еден показател колку се паднати квалитетот и критериумите во овој бизнис. Серијата е тешка тралалајка која требаше да заврши со втора сезона, или макс кога веќе ја завлекоа да ја завршат со 4та, а како кинисале уште 2-3 сезони ќе и накалемат.
Колку немаат идеја ти е показател и враќањето на идиотот Артурито и неговите идиотски излитени сплетки.
Ако ви дава потсвесен кураж и надеж дека луѓето можат да го заебат и променат системот супер, али во реалност врска нема планот со реакцијата на политичарите (сигурно по маил нарачуваат малтретирање на затвореници), специјалците (сигурно ќе ги молат со денови и храна ќе им носат), професионалци како Гандиа (платеник со такво CV сигурно ќе чека кураж и совет од Палермо за да се ослободи), затворениците, овие на куртешак си ги сфатија, додека се бркаа со Гандиа или пак при брзите реакции против специјалците во реалност би имало и бунт на затворениците што нема шанса да го контролира еден чувар.