Money heist / La casa de papel

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
Имаш снајпер држено некогаш во животот ?
Јас сум од прилика колку Токио во физикусот и немав проблем да држам такво оружје во рака.
Друго е видео од Карлеуша на јутјуб друго е серија
На Нетфликс е број еден овој месец и никако да ја симнат од врвот.
Гледаноста се зголемува од сезона во сезона.
Едит Сега баш проверив м-16 тежи од прилика 2.5/3 кг не гледам кој е проблемот тука, и зошто упорно се фаќате дека Токио не можела да го држи оружјето, ќе си помисли човек со тенк управувала :)
Професионално имам тренирано стрелаштво, плус поседувам ловни карабини и ти тврдам дека Токио не може да го додржи тој снајпер. Си пробала да пукаш со оружје со дурбин и да видиш колку брзо се мести оптиката, каков трзај има и колку техника и мирна рака треба да имаш за без потпора да пукаш и погодиш?
Ако ви прави мерак гледајте ја, али ова да се третира како мастерпис кој рушел рекорди поради што е добра серија е уште еден показател колку се паднати квалитетот и критериумите во овој бизнис. Серијата е тешка тралалајка која требаше да заврши со втора сезона, или макс кога веќе ја завлекоа да ја завршат со 4та, а како кинисале уште 2-3 сезони ќе и накалемат.
Колку немаат идеја ти е показател и враќањето на идиотот Артурито и неговите идиотски излитени сплетки.
Ако ви дава потсвесен кураж и надеж дека луѓето можат да го заебат и променат системот супер, али во реалност врска нема планот со реакцијата на политичарите (сигурно по маил нарачуваат малтретирање на затвореници), специјалците (сигурно ќе ги молат со денови и храна ќе им носат), професионалци како Гандиа (платеник со такво CV сигурно ќе чека кураж и совет од Палермо за да се ослободи), затворениците, овие на куртешак си ги сфатија, додека се бркаа со Гандиа или пак при брзите реакции против специјалците во реалност би имало и бунт на затворениците што нема шанса да го контролира еден чувар.
 
колку техника и мирна рака треба да имаш за без потпора да пукаш и погодиш?

pls, прајш муабет за особа што отсече крило од прва, вежбајќи на свиња.
Се може Токио да прави, апсолутно се во животов, ти гледај и уживај, не ги замарај луѓето со глупости дали ја бива или не серијава.
 
Епа и јас истото пробвам да го објаснам, серија е ова не е некој документарен филм па ќе барам детали да ми објаснат режисерите дали пушката можела Токио да ја додржи или не.
На фејс налетав на коментари и критики како Инспекторката легнала со Профе после 4 вечери од како го запознала :ROFLMAO: не било логично
Серијата е латино крими драма, си има дупки како и секоја серија од тој жанр, ама наместо да се замарам со детали си го пуштам мозокот на пасење и нека ме вози.
Неизвесна е, има акција, има и љубовна драма од време на време проследена со црн хумор, има тензија која те држи во неизвесност цело време, има добра приказна, има добра порака, актерите глумат феноменално дури и Артуро :) шо би посакала повеќе.
Ама добро секој си има свое мислење де, не се очекува секој еден на планетата да ја обожава
 
Преводот на српски е катастрофа. Гледав на повеќе сајтови, секаде е исти к ... Вие шо не разбирате барем малце шпански губите добри 25 % од тоа што го зборуваат, во неколку случаеви клучни ствари.

Иначе феноменална серија. Од прво очекував нешто во стилот на Оушн 11 со целосно фокусирање на планирање логистика извршување на планот и слични ствари, ама шпанците нема да се шпанци ако не внесат емоции и љубов. :D Последната епизода од 3та сезона ќе ја гледам сега, број 1 дел до сега влетувањето на Токио со моторот во банката. Вакво маестрално прикажување на безусловна љубов не памтам да сум видел по серии/филмови. :love:

@cholismo ако изгледаш физички како Токио пиши број. :LOL:
 
Сега кога ќе ти дојдат експертите за моторот и Токио готов си :)
Се сложвам дека преводот е срање и не е ист, исто и Англискиот врска нема на некои наврати, посебно пцовките и некои работи не можат да се преведат едноставно, исто како кај нашиот јазик шо не можи да преведиш некои работи.
Ако не разбираат Шпански не можи да се долови хуморот целосно.

Инаку синоќа Лука Перош кој го глуми Марсеј и Антонио Ромеро (Антонанца) имаа лајв на инста час и половина, се здрвија од алкохол на сред видео, сум се смеела со солзи, значи Балканците им се хит во кастингот :)
Кога ја снимале сцената со базенот било камен ладно, до 6 наутро снимале, влези излези во базенот 27 пати, па преслекување, па да се исушат, кутриот професор со фенот ракавчето го сушел на секој сет :ROFLMAO: и Лука Балканска работа, да се стоплат некако, извадил чоканчињата Чивас, локај таму :D
Исто така за тие кои се "згадија" од сцената на
Берлин и Палермо само да ве известам дека лапањето уствари било импровизација од самите актери, режисерите останале со подзината уста кога завршил сетот, :) скоро цела сцена е импровизирана
 
Тоа со снајперот е најмал пропуст, има мал милион "plot holes". Популарност != квалитет, турскиве серии се прилично популарни.
Само шо ја завршив прва сезона, шо да кажам, televisa presenta.
Такви дупки, мислам скорз нелогични работи се дешаваат во серијава. Оди во вц заложников, киднаперов го чека пред врата, овој ги наоѓа оружјата залепени на вц шоља, и зема duck tape и се обвиткува во него џоа поклон е. Па да прднеш ќе те слушнат, не па да земеш да се завиткаш во селотејп. Уште го чека киднаперов надвор, као не слушнал нишо.
Се провлекуваат од еден wc stall во друг, никој нишо не слуша... Зеде Токио со митралез им влезе на цела војска. :cautious: Смешки е, не можам. A soap opera in a middle of a heist. Фали уш некоја трудна да падне по скали и тоа е тоа.
 
Така? Тоа сцената со вц-то, ем ќе чуе ем ќе види од под вратата се гледа. Друго ако е толку голема фабрикава, ќе им биде страв да не им влезат треба да се распоредат со чување, а не се акнале сите заедно. Токио рипа и пука во одење специјалци на готовс не ја погаѓаат. Мене највеќе ми беше она кога го погодија тој клошарот на кровот и сеа доаѓаат да го оперираат внатре. Која е логиката? Или пушти го да си иде или коа ќе дојдат докториве не ги пушташ ни нив. Тој и така им правеше проблеми, им одговара да го пуштат и пред и по операцијата. Кога веќе некој си оди, зашто не и тој. За серија што главна тема е перфектно осмислен грабеж е 2/10. Мали дупки се очекувани, ама ова е ептен безврска.
 
Вие серија гледате или со тетратката и стило запишвате кај има грешки во серијата :) Кога веќе се фаќате за такви работи никој нема спомнато како на инспекторката и светна во глава дека Профе е уствари Салва откако го здогледа влакното од периката на сакото :ROFLMAO: Мислам, стварно, 5 дена ја скапа мотање за на крај на оваа да и проработи "полицискиот инстинкт" и да го открие по едно факинг влакно на сакото, око соколово :icon_lol:
Нема везе си има пропусти вакви серијата ама сепак приказната е ептен интересна и ликовите се страва и тоа е шо ја прави серијата добра затоа е и популарна.
 
Ги забележувам грешките и да не сакам, тешко ми е да не ги приметам. Уствари првите епизоди да не се поставеше како серија со брилијантен план за грабеж, немаше по такви стандарди да ја оценувам. Вака ко да ни ја вреѓа интелегенцијата. Освен неколку епизоди, серијата ми беше далеку од интересна. Од втора сезона изгледав некоја епизода и веќе не можев, многу го отапеа. Брат ми продолжи да ја гледа и коа видов уште мажи се лапаат, транвестити, класична нетфликс бљувотина, потпросечна серија филувана со пропаганда.
 
Јас мислам @cholismo дека е член на бандата, нема шанса да ги брани толку без процент :D
 
Вие серија гледате или со тетратката и стило запишвате кај има грешки во серијата :) Кога веќе се фаќате за такви работи никој нема спомнато како на инспекторката и светна во глава дека Профе е уствари Салва откако го здогледа влакното од периката на сакото :ROFLMAO: Мислам, стварно, 5 дена ја скапа мотање за на крај на оваа да и проработи "полицискиот инстинкт" и да го открие по едно факинг влакно на сакото, око соколово :icon_lol:
Нема везе си има пропусти вакви серијата ама сепак приказната е ептен интересна и ликовите се страва и тоа е шо ја прави серијата добра затоа е и популарна.
Замислата за приказната е интересна, егзекуцијата е нула. Ми се свиѓа идејата за грабежот, ама не можам да премижам на некои сцени. Ко шо кажа членот погоре, не ги бараме нелогичностите, толку се очигледни шо не знам како не ги примеќате.Јес да е драма и акција ама не значи дека треба да се напушти common sense. Премногу холивудски, дури и боливудски елементи, плитки дијалози колку да пополнат време, клецкање за да се задржат гледачите... Оваа Моника со оперирана нога и отворена рана се скапа клецкање со Денвер, порнич сними. 12 саати пред сценава лежеше во безсознание. Шо е многу многу е :D
 
Џабе ќе пишам, секој си има различно гледиште за серијата и можам јас да ве убедувам до утре дека серијата е добра ама очигледно поинаку гледате на работите и то е то.
Дека има нелогичности има се слагам и јас,ама дека ја претеравте со споредбите како била серија од рангот на Касандра, хаха, мислам ок е да не ви се свиѓа шо викате вие Скопјаните ама чил малку,серијата добива позитивни критики од познати актери, режисери, ликови кои оставиле белег на тоа поле а тука дека пар ликови на кајгана ќе пишат како серијата е нула мање битно. Ние тука до утре можиме да се косиме со муабети, не ви се допаѓа,не ја гледајте и то е то :)
Истото беше и за ГОТ добро се сеќавам, серијата растур направи а тука ден денес има ликови кои сеуште бараат влакно во јајцето после неколку години изминати,истите тие око не склопија дури траеше серијата :)
 
Не е влакно во јајце тоа е финтата. Познати актери може да кажат и дека Бандини е најдобра серија, па пак нема да биде. И Касандра растур има направено, не е некое мерило.
 
Џабе ќе пишам, секој си има различно гледиште за серијата и можам јас да ве убедувам до утре дека серијата е добра ама очигледно поинаку гледате на работите и то е то.
Дека има нелогичности има се слагам и јас,ама дека ја претеравте со споредбите како била серија од рангот на Касандра, хаха, мислам ок е да не ви се свиѓа шо викате вие Скопјаните ама чил малку,серијата добива позитивни критики од познати актери, режисери, ликови кои оставиле белег на тоа поле а тука дека пар ликови на кајгана ќе пишат како серијата е нула мање битно. Ние тука до утре можиме да се косиме со муабети, не ви се допаѓа,не ја гледајте и то е то :)
Истото беше и за ГОТ добро се сеќавам, серијата растур направи а тука ден денес има ликови кои сеуште бараат влакно во јајцето после неколку години изминати,истите тие око не склопија дури траеше серијата :)

Касандра бар дојде да не посети во Скопје, во 90ти.
Значи и тоа е плус за нејзе, минус за овие.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom