Money heist / La casa de papel

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
Призон Брејк, Шерлок, Папел, Гот, Чернобил, Наркос, Пики, Викингс отприлика кај мене. Можда уште некоја заборавив, но тие се главните.
Автоматски споено мислење:

Ако си фан на Папел, а си, поарно не ја пуштај :D јас изгледав 2-3 епизоди и беше толку досадна што веднаш пуштив последна епизода од последна сезона, последните минути, да видам како завршува само :)
Не знам оти ја немам изгледано стварно, еден куп серии почнав овој период и не ги завршив, мене ако не ме држи епизодата будна цело време ја гаснам, џабе
Освен да има некој карактер кој ќе ме натера да зеам в телевизор без разлика на плотот :D
Има некои ликови и ништо да не прават едноставно се интересни да ги гледаш, така ми беше со оваа серија. :)
Од еден до последен (освен Артуро и Рио ) сите ми беа јаки ликови, 10 пати да ја пуштам пак интересна ми е за гледање :D
 
Кралот се јави, на останатите ни преостанува да ќутиме :свиркам::свиркам::свиркам:
Сите други мислења понатака се небитни :love:
ПС Изгледа и на овој топ 5 серии му се Млади Бунтовници, Касандра, Росалинда, и така натака :icon_lol:
 
Добри 2 ипол саати ама вреди да се види
Никогаш го немам слушнато Дарко српски да збора, колку чудно ми звучи :)
Пред некој ден на инста имаа лајв видео со Дани Алвеш ( Господ знај кај се изнајдоја ) :) интересни работи си прикажваа, за животот, за славата, како стигнале до таму кај шо се сега итн
 
Серијава хејтот си го добива заслужено, пробаа на старт да прикажат дека ќе прават дело со добра приказна, идеално скоцкан план, професорот и Берлин како мастермајндови и на крај и ебаа матер ја отераа во шпанска сапуница се со цел машинеријата Нетфликс да може да цица пари уште неколку сезони. Добра им била замислата на шпанците да ја завршат со една сезона, ама овие им ја сецнале на две од старт, па после и продолженија.

Нетфликс во голема мера не се замара за квалитет, тие како провајдер и продукција одат на кантитет, квалитетот им е второстепен. Да факт е дека направија големи промени во индустријата и за ликови како мене што гледаат сезона-две во едно деноноќие се топ со тоа што објавуваат цела сезона одеднаш и нема чекање епизода по епизода, ама квалитетот на нивните серии е неспоредлив со оној на сериите од HBO (The Wire, The Sopranos, GoT, Six Feet Under, True Detective, Band of Brothers, Veep, Chernobyl, Curb your Enthusiasm, Westworld, Boardwalk Empire..).
Ако сакаа да ја тераат серијава како што ја тераат во 4та сезона, тогаш требаше да има од сам старт таква насока и да се смени жанрот, серијата да си биде чисто за релаксација, оцена околу 7че и за тепање време е арна. Нема ништо лошо да има невозможни моменти акции каде што се пукааат сите, скокање со автомобили, мотори, спасување на затвореници, ама во тој случај се очекувањата поинакви. Сум ги гледал сите продолженија на: John Wick, Transporter дел од Fast and Furious, Shooter и ок се за тепање на време, али во тој случај од сам старт не се замараш и да бараш никаква логика, едноставно чекаш добра акција како да си во фрст персон шутер игра, еден влегува му ги крши кичмите на сите или пак му дава хедшот на 50 души на брза рака и си заминува.
Е сега Money Heist пробуваат да интегрираат од една страна план од мастерманјд кој шансите за да помине се многу блиски до нулата, а истовремено и пукотници, кршење на кичми, пукање со снајпери (Токио само да го додржи тој снајпер на рака и да ги пука снајперитите на другата зграда прецизно да ми се јави, чудото тежи сигурно преку 10кг и има трзај да ви го откорни рамото), спасување на затвореници, па интриги и политички игри и бла бла глупости. Дополнително и тоа што ги прават дебили специјалните единици кои денес се опремени со термални камери, антени со кои може да ве слушаат од надвор што зборувате до детал, гасови со кои може да ги успијат за помалку од минута сите во зградата и да ги извлечкаат како партали, дронови кои ако ве фатат на снимка ве следат како куче по вас. За жал од една страна пробуваат да го прикажат современиот свет, а од друга страна ги прикажуваат специјалците како да се заглавени во 90тите години и планот е штиман максимум за да помине пред 30 години кога немаше ни камери по улици ниту ваква технологија.

Кралот се јави, на останатите ни преостанува да ќутиме :свиркам::свиркам::свиркам:
Сите други мислења понатака се небитни :love:
ПС Изгледа и на овој топ 5 серии му се Млади Бунтовници, Касандра, Росалинда, и така натака :icon_lol:
Не туку гледа на каде може да прави пари во иднина, ставовите кои во професионален живот ги изјавува некоја славна личност не значи дека се и реалната оцена, едноставно за новите генерации ветрот дува во креирање на вакви тралалајки, добар показател за ова се и останатите трендови: музика, јавни фаци, забавни емисии, идиотските челенџи и тн.
 
И јас се сложувам со членот над мене, почнав да ја гледам серијава зашто сите ми ја фалеа и по првите епизоди иако имаше еден куп ствари украдено од филмови, очекував да биде многу подобра. Многу дупки во сценарио, за серија што сака да прикаже мастерплан за грабеж. Па уште кога ги ставија пукотниците, се изгуби смисла и ептен ми се одмили да ја гледам. Знаев дека нетфликс продукција не може да биде нешто добро. Кога веќе оделе да има повеќе сезони поарно пак да ограбуваат друго нешто, а во прва сезона да завршеа со ова.
 
Нетфликс, не знам што очекувате. Саглам серија од нив нема, Наркос прва сезона у пм добра, другите за штанцање пари. Не им ги ни гледам другите серии пошто претпоставувам исто срање се, а некој спомна брејкинг бед била досадна лол, најдобро напишаната серија икад досадна била.
 
Пушти ја Озарк па ќе правиме муабет
 
Никогаш го немам слушнато Дарко српски да збора, колку чудно ми звучи :)
Пред некој ден на инста имаа лајв видео со Дани Алвеш ( Господ знај кај се изнајдоја ) :) интересни работи си прикажваа, за животот, за славата, како стигнале до таму кај шо се сега итн
Има у секоја сезона по неколку сцени каде што пцуе или нешто ќе искоментира на српски ама цел разговор на српски прв пат го слушам
 
Абе дали сте нормални бре вие
Дојдовте до тој степен да мерите дали Токио можела снајперот да го држи :ROFLMAO:
Како не ви е мака до толку да се замарете бе луѓе.
Ок е да речиш дека серијата не ти ги исполнила критериумите,ама да се фаќаш за вакви работи, стварно ми е чудно.
Можам да ве замислам пред тв како изгледате кога гледате некоја серија :)
Серијата ги турна сите рекорди на гледаност вие тука уште дебатирате дали ја бива или не.
Автоматски споено мислење:

Серијава хејтот си го добива заслужено, пробаа на старт да прикажат дека ќе прават дело со добра приказна, идеално скоцкан план, професорот и Берлин како мастермајндови и на крај и ебаа матер ја отераа во шпанска сапуница се со цел машинеријата Нетфликс да може да цица пари уште неколку сезони. Добра им била замислата на шпанците да ја завршат со една сезона, ама овие им ја сецнале на две од старт, па после и продолженија.

Нетфликс во голема мера не се замара за квалитет, тие како провајдер и продукција одат на кантитет, квалитетот им е второстепен. Да факт е дека направија големи промени во индустријата и за ликови како мене што гледаат сезона-две во едно деноноќие се топ со тоа што објавуваат цела сезона одеднаш и нема чекање епизода по епизода, ама квалитетот на нивните серии е неспоредлив со оној на сериите од HBO (The Wire, The Sopranos, GoT, Six Feet Under, True Detective, Band of Brothers, Veep, Chernobyl, Curb your Enthusiasm, Westworld, Boardwalk Empire..).
Ако сакаа да ја тераат серијава како што ја тераат во 4та сезона, тогаш требаше да има од сам старт таква насока и да се смени жанрот, серијата да си биде чисто за релаксација, оцена околу 7че и за тепање време е арна. Нема ништо лошо да има невозможни моменти акции каде што се пукааат сите, скокање со автомобили, мотори, спасување на затвореници, ама во тој случај се очекувањата поинакви. Сум ги гледал сите продолженија на: John Wick, Transporter дел од Fast and Furious, Shooter и ок се за тепање на време, али во тој случај од сам старт не се замараш и да бараш никаква логика, едноставно чекаш добра акција како да си во фрст персон шутер игра, еден влегува му ги крши кичмите на сите или пак му дава хедшот на 50 души на брза рака и си заминува.
Е сега Money Heist пробуваат да интегрираат од една страна план од мастерманјд кој шансите за да помине се многу блиски до нулата, а истовремено и пукотници, кршење на кичми, пукање со снајпери (Токио само да го додржи тој снајпер на рака и да ги пука снајперитите на другата зграда прецизно да ми се јави, чудото тежи сигурно преку 10кг и има трзај да ви го откорни рамото), спасување на затвореници, па интриги и политички игри и бла бла глупости. Дополнително и тоа што ги прават дебили специјалните единици кои денес се опремени со термални камери, антени со кои може да ве слушаат од надвор што зборувате до детал, гасови со кои може да ги успијат за помалку од минута сите во зградата и да ги извлечкаат како партали, дронови кои ако ве фатат на снимка ве следат како куче по вас. За жал од една страна пробуваат да го прикажат современиот свет, а од друга страна ги прикажуваат специјалците како да се заглавени во 90тите години и планот е штиман максимум за да помине пред 30 години кога немаше ни камери по улици ниту ваква технологија.

Не туку гледа на каде може да прави пари во иднина, ставовите кои во професионален живот ги изјавува некоја славна личност не значи дека се и реалната оцена, едноставно за новите генерации ветрот дува во креирање на вакви тралалајки, добар показател за ова се и останатите трендови: музика, јавни фаци, забавни емисии, идиотските челенџи и тн.
Серијата дури одеше на антена 3 пропадна скроз на скроз.
Од кога ја презедоа Нетфликс гледаноста им се крена во небо.
Пред тоа импровизираа сцени, во првиот дел кога инспекторката заминува Тајланд всушност сцената е снимена во една околина во Мадрид.
Нормално сега имаат повеќе буџет и последните две сезони се снимени во Панама и Тајланд
Не знам од кај заклучивте дека од кога ги превзеле Нетфликс паднал квалитетот на серијата, освен на кајгана јас никаде немам прочитано ваков хејт.
Ова шо го викаш ти дека полицијата е прикажана како дебилна е ок, ама така ако гледаме ни еден филм не треба во иднина да се снима, нели полицијата е спремна и никој не можи да допре до нив.
 
Последно уредено:
Абе дали сте нормални бре вие
Дојдовте до тој степен да мерите дали Токио можела снајперот да го држи :ROFLMAO:
Како не ви е мака до толку да се замарете бе луѓе.
Ок е да речиш дека серијата не ти ги исполнила критериумите,ама да се фаќаш за вакви работи, стварно ми е чудно.
Можам да ве замислам пред тв како изгледате кога гледате некоја серија :)
Серијата ги турна сите рекорди на гледаност вие тука уште дебатирате дали ја бива или не.
Автоматски споено мислење:

Серијата дури одеше на антена 3 пропадна скроз на скроз.
Од кога ја презедоа Нетфликс гледаноста им се крена во небо.
Пред тоа импровизираа сцени, во првиот дел кога инспекторката заминува Тајланд всушност сцената е снимена во една околина во Мадрид.
Нормално сега имаат повеќе буџет и последните две сезони се снимени во Панама и Тајланд
Не знам од кај заклучивте дека од кога ги превзеле Нетфликс паднал квалитетот на серијата, освен на кајгана јас никаде немам прочитано ваков хејт.
Ова шо го викаш ти дека полицијата е прикажана како дебилна е ок, ама така ако гледаме ни еден филм не треба во иднина да се снима, нели полицијата е спремна и никој не можи да допре до нив.
Фантази ако пишуваше напред нема да проверуваме дали може да го држи снајперот, е сега за некој што не фатил оружје во рака може да е изводливо и со браунингот да може да пука Токио од стоење, или пак да погоди на 2 километри чавка во око.

Гледаноста на одредена серија не е мерило за квалитет, оди на јутјуб и Карлеуша има на некои песни преку 10 милиони прегледи, или Cardi B скоро 900 милиони прегледи, али и едната и другата се тежок кич, така да гледаноста не е право пропорционална со квалитетот.
 
Тоа со снајперот е најмал пропуст, има мал милион "plot holes". Популарност != квалитет, турскиве серии се прилично популарни.
 
Фантази ако пишуваше напред нема да проверуваме дали може да го држи снајперот, е сега за некој што не фатил оружје во рака може да е изводливо и со браунингот да може да пука Токио од стоење, или пак да погоди на 2 километри чавка во око.

Гледаноста на одредена серија не е мерило за квалитет, оди на јутјуб и Карлеуша има на некои песни преку 10 милиони прегледи, или Cardi B скоро 900 милиони прегледи, али и едната и другата се тежок кич, така да гледаноста не е право пропорционална со квалитетот.
Имаш снајпер држено некогаш во животот ?
Јас сум од прилика колку Токио во физикусот и немав проблем да држам такво оружје во рака.
Друго е видео од Карлеуша на јутјуб друго е серија
На Нетфликс е број еден овој месец и никако да ја симнат од врвот.
Гледаноста се зголемува од сезона во сезона.
Едит Сега баш проверив м-16 тежи од прилика 2.5/3 кг не гледам кој е проблемот тука, и зошто упорно се фаќате дека Токио не можела да го држи оружјето, ќе си помисли човек со тенк управувала :)
 
Како не ти е мака да се објаснуваш со секого не ми е јасно :D

Иначе браунинг не е м-16, браунинг е автоматот со куршумите надвор на лента и е тежок навистина, преглупо е да се навлегува во такви детали, не знаат да уживаат во филмот, затоа најдобри серии им се оние во кои нема никакво дејство и за поправање на чешма се потрошени пола саат од епизодата :toe: проблем е што кога ќе стане многу популарна серијата истите се закачуваат да ја гледаат и серат после од инает контра другите.
 
На форумов генерално гледано, не за серијава, општо за сите серии е проблем што не се доаѓа со реални очекувања за жанрот. Има серии кај што треба да тупиш главата и до некој степен да бараш Plotholes а има и серии што ти пружаат забава и неизвесност, La Casa de Papel е во вторите. Иако имаше дупки оваа сезона сепак серијата си ја зачува неизвесноста, дека требаше да заврши после втора сезона, требаше ама ок, ете и продолжениево не е крш како што знаело да биде на други серии.
Ова со пушкава ми е дебилно левел на The Blacklist темана кога се пишуваше за периката на Megan Boone дека и штрчела како критика за епизодата. Абе пушти мозок на пасење и глеј си...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom