Ти направи тотално непотребна споредба со змејовите на Даенерис. Змејовите не се појавуваат во драмска серија, туку во фантазија. Ако некоја серија е жанр фантазија тогаш е дозволено да се појавуваат митски суштества, од друга страна ако жанрот на серијата е крими/драма тогаш приказната и сцените треба да се направат што е можно пореални, вклучувајќи ги и престрелките.
Кога сме кај акционите престрелки ќе направам споредба помеѓу Heat (филм со убедливо најдобрата филмска престрелка во историја) и Matrix кои исто така има култни пресметки. Првиот филм е крими/драма и таму престрелката е реална, додека другиов е Sci Fi и таму има сцени каде што се одбегнуваат куршуми. И двете пресметки се култни на свој начин, ама не може да ги имаш двете. Ако во филм/серија со жанр крими/драма имаш dodging bullets како Нео тогаш тоа е не добро, туку пародично, а токму тоа го гледав во серијава. Не знам дали на сцената кога ја убија Наироби требаше да плачам, ама јас одамна така се немав смеено. Сцена левел Гол Пиштол со Лесли Нилсен.
И баш напротив, јас сум тип што замижува на филмските грешки, се додека не се косат со логиката на нештата и ако приказната на филмот/серијата е добра. За серијава кажав идеја превземена/украдена од Inside Man, а реализација televisa presenta хибрид на Касандра и Млади Бунтовници. Нормално дека хејтот ми е малце заснован врз база на тоа е дека ваква идеја за грабеж ја видам видено во споменатиот филм. И секако дека ми е воочлива разликата истава идеја да ја гледам во филм со Дензел Вашингтон и Џуди Фостер и серија каде што се лигават Шпанци. Нормално дека ќе ја прекинам, нема да се мачам со серија која не ми е воопшто по мерак, само си кажав мислење на темава. Сметам дека серијата не е ништо посебно и дека хајпот за неа е тотално незаслужен и тука нема ни потреба да се убедуваме, секој со својот став.
П.С Ме интересира чисто онака кои ти се другите топ серии, чим La Casa de Papel ти спаѓа во нив.