Значи Киргиос - Нишикори во второто полуфинале. Нема да трошам зборови да опишам какво дрво е овај Милош Раонич, бидејќи нема ни да успеам, тоа треба да се види, постојано да се гледа до кое дереџе дојде тенисов.
Турниров очобол, очај невиден, еден од полошите во последните неколку години колку што јас знам, олку тапа не било никогаш. Надал елиминација во второ коло од факинг Џумхур супериор, исто така Федерер откажа поради X причини и секако мега талентот Зебаљос му го зеде местото па малку фалеше да го освои турниров... така по пат ги смети Дел Потро и Вердаско, дури играше и егал со Гофан.... За Вавринка шо да коментирам, не дека е лош Кузнетсов па беше елиминиран од него, туку треба да се има некоја граница.
Се на се, дали ќе се сложите или не, ова е доказ дека тенисот е моментално на ужасно ниво, доаѓа земјената сезона која веројатно би имала други актери како посериозни кандидати за добар успех, а не Џон Иснер да ми конкурира за завршница на турнир, мајсторот прави 2 дупли во тајбрејк трет сет... на 4-4 и 5-6 и така го изгуби мечот, се уби со сопственото оружје, а и не е само тој таков, да не знаеш од каде да почнеш.
p.s. Додека сум кај Федерер, колку што знам неговиот распоред беше Мајами па Ролан Гарос, значи следно би требало да го гледаме дури за 2 месеци на Ролан Гарос.....
EDIT :
Federer To Miss Indian Wells, Enters Monte Carlo
Сепак ќе играл Монте Карло
