- Член од
- 18 септември 2011
- Мислења
- 5.432
- Поени од реакции
- 5.555
Од калифорнијската пустина најдобрите тенисери и тенисерки се селат на Флорида, Мајами. Заедно со ИВ турнирот спаѓа во најдобрите мастерси од сите, а првиот турнир е одигран во 1985 година со намера на основачот ( Butch Buchholz ) да стане конкурентен на ГС турнирите.
Од крајот на 1990 година турнирот е дел од АТП серијата и се одржува стандарно на крајот на март, воедно и во Мајами е одиграно последното мастерс финале кое се играло на 3 добиени сета, 2007мата година.
Рекордери по бројот на титулите се Андре Агаси кај мажите со 6 титули и Серена Вилијамс кај жените со дури 8 освоени титули. Оваа година Новак Ѓоковиќ има прилика да се израмни со Агаси со по 6 освоени титули, која за него би била 3та по ред на овој турнир.
Титулите ги бранат:
Машка конкуренција - Новак Ѓоковиќ
Женска конкуренција - Серена Вилијамс
Дублови мажи - Браќата Брајан
Дублови жени - Мартина Хингис и Сања Мирза
Оваа година добитници на WC кај мажите се:
Мајкл Ммох (USA)
Андреј Рублев (RUS)
Никола Х(Г)ари (CHI)
Роберто Карбалес Баена (ESP)
Елиас Имер (SWE)
Додека пак домашниот тенисер Брајан Бејкер и Хуан Мартин Дел Потро се влезени во ждребот со protected ranking.
Добитници на WC кај жените се:
Софија Жик (RUS)
Беатриз Хадад Маја (BRA)
Хедер Вотсон (GBR)
Кетрин Белис (USA)
Никол Гибс (USA)
Паула Гибер Бадоса (ESP)
Лаура Робсон (GBR)
Наоми Осака (JPN)
Квалификациите за турнирот се веќе во тек од денеска, додека турнирот започнува во среда на 23.03.
Ждребот кај мажите - http://miamiopen.com/mds.pdf
Ждребот кај жените - http://miamiopen.com/wtaii-ls-smd.pdf
Официјален сајт на турнирот -http://www.miamiopen.com/home
Официјален твитер на турнирот - https://twitter.com/MiamiOpen