Metallica

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
36.025
Поени од реакции
70.396
Цел Магнетик е закон, крајно непопуларно мислење ама мене Магнетикот ми е омилен нивни албум. Да, I just said that.

Не ќе биде лошо за следниот албум ако прават некоја тура пак да го посетат балканов а ? :vozbud:
А новава звучи некако ко од Магнетик да е (фала за тој шо ми го лајкнал постов да ме потсети :D )

Само не ми се свиѓа што Џејмс е во втор план а музиката е во прв али....добри се добри.

Бринг ит он Ноември!
 

Govinda

Lud, Zbunjen, Nenormalan
Член од
20 април 2014
Мислења
2.261
Поени од реакции
1.661
А новава звучи некако ко од Магнетик да е (фала за тој шо ми го лајкнал постов да ме потсети :D )

Само не ми се свиѓа што Џејмс е во втор план а музиката е во прв али....добри се добри.

Бринг ит он Ноември!
Pa u taj still e kao Magnetik, sepak malce nadgraden. Zatoa i se Metalika METALIKA oti se nagograduvat stalno, sozreevaat sho e prirorodno, za razlika od ostanatite bendovi koi ostanuvaat zatucani i monotoni celo vreme, razbira se so isklucok na uste nekolku Velikani.
Inace i na mene ne se svigja slabata nemokjna distorzija, ama sepak adrenalino i elemento niven si go ima .
Inace koga carevite bi dosle u Skopje tie so najveke gi hejtat i plukat po niv ke bidat prvi vlezeni u stadion napred pred bina u ogradenio del za shutki i najveke ke se shutkaat.
:roker::ojeaa::oleee::ojeaa::roker:
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
4.787
Поени од реакции
7.555
Еве ја и новата. Штознам рефренот ми ја утепува малце, многу ми е поп. Hardwired ми е појака, пожустра, подиректна.

 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
4.787
Поени од реакции
7.555
Океј, еве ја и третата од новиот албум. Повеќе ми прави мерак од втората, Џејмс си е на ниво ко и речиси стално. Сепак, првата до сега убедливо најбоље.

 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
4.787
Поени од реакции
7.555
Излезе албумов на торенти пред неколку дена. Неколку пати го преслушав и оценката ми е повеќе негативна отколку позитивна. Главниот проблем е што не го добив тоа што сакав веројатно (а до негде и го очекував). Ова не е треш албум. Со исклучок на веројатно првата и последната песна на албумот, по мене најдобрите. Излезе тоа кое се надевав дека нема да е случај, првиот сингл што го извадија Hardwired, да е уствари и најдобрата песна на албумот. Малце се подгреаа надежите дека во тој правец ќе иде цел албум, што подоцна со другите песни се осети дека нема да е тоа случајот. Spit out the bone е последна на второто цд и е екстра брза песна, трешерска баш. Не знам, еве Atlas Rise и Confusion ми фаќаат уво, Here comes revenge исто, Murder one е ок... Албумов воглавно ми има некој нивни звук што почнаа да го тераат после црниот албум, некои работи потсеќаат на Load/Reload. Работи што ми сметаат најмногу се певливите рефрени на Џејмс и бљантавите солажи на Кирк, човеков како да заборави да свири гитара, во 80тите какви килер солажи имаше, не знам кај забега. Не е ова лошо издание на музика, песните се горе долу добри, има кул рифови, али ја нема старата Металика, вајда и веќе треба да заборавиме на неа, иако со Death Magnetic ја вратија во голема мера. Денеска го слушнав и Magnetic чисто да потврдам дека за овој новиов албум е уствари албумиште, малку и потценето и недоволно слушано издание од нив. Работата е што после 8 години чекање нов албум, не треба да се мислиме дали е албумот добар или не, албумот треба да растури, треба да биде кинење, да биде муабетот се чекаше али вредеше. Не е страшно да се извади послаб албум, али ако вадиш на 3-4 години, после 8 години фановите заслужуваат подобро и повеќе. Па Мегадет вадат албуми на секои 2-3 години и еве го и овој последниов е килер во споредба со последниов на Металика.
Од по споредната страна, денес и утре ќе вадат спотови за сите останати песни од новиот албум, за Confusion и Dream no more спотовите се солидни, за Manunkind тапа е.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
1.463
Поени од реакции
1.968
Hardwired to Self Destruct - Најдобро нешто после Load и Reload.
Ако го сакате Trash Металот од 80тите онда Fuck you имате еден куп бендови што останаа закржлавени во тој фазон.
Metalllica еволуира и жанровски се испроба во све и свашта што им дозволува музиката.

Незнам што очекувате од Металика. Да звучат како со Kill Em All? Ride The Lightning? One? .. Луѓе тоа е пред 40 години!!!!

Hardwired е за пет пати подобар од бљувотината St Anger и тест албумот Death Magnetic.
Hardwired звучи како Black Album и тој прелаз кога го имаа во 90тите. Призвук кој им се допаѓа на сите... Wherever i May Roam ја слуша и баба ми и ја бендисува песната. Што не можам да го кажам истото за Whiplash да речеме. Така да одјебете више со тоа дека Металика беше најдобра кога беше Најдобра. Си гледаат да пласираат добар производ кој ќе се слуша од сите и немаат више 20години и не се даваат со литар Џин.
Инаку в крај се истрошени. Репетитивни рифови. Песните им се збираници без целина, Кирк незнам што изведува со солажине, Ларс претерува со тапанине што ги форсира во преден план на некои песни АЛИ сето тоа е слушливо и ме беднисува.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
36.025
Поени од реакции
70.396
Мене DM ми е врв албумиште така да у ниеден случај овој не ми е бољи од последниот.

Али сосема солиден е албумов. Има пар песници што не ми фаќат уво, али остатокот е сосема па и повеќе од солиден. Дефинитивно не може да се мери со некои од класиците, али меѓу топ5-6 албуми на Металика дефинитивно. Се надевам ќе еволуираат пак за следниот албум малку, бидејќи кога имаш толкава кариера зад себе почнуваат сите песни слично да звучат.... али па тоа кога се случи последен пат се задеси сите да им го хејтаат St.Anger така да:



Има 4/5 албумов од мене.

А сега.....се чека да најават концерт у близина :vozbud:

П.С. Ако некој го интересира, кажа дека од Септември ќе им почне турнеата во Европа, пред тоа ќе се фура остатокот од светот а во Европа ќе ја поминат есента. АКо не во Скопје (не можам ни да замислам деак у следниве 5-10 години би дошле) барем Белград или Софија да ја посетат не би било лошо
 

Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
664
Поени од реакции
207

Според мене најдобра од новиот албум :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
36.025
Поени од реакции
70.396
Догодина пак во Европа ќе имаат свои концерти......за жал ништо во наша близна..

Италија е тука..Чешка....Романија...

За жал ништо од концерт во соседниве земји :([DOUBLEPOST=1537815581][/DOUBLEPOST]
 

Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
664
Поени од реакции
207
Догодина пак во Европа ќе имаат свои концерти......за жал ништо во наша близна..

Италија е тука..Чешка....Романија...

За жал ништо од концерт во соседниве земји :([DOUBLEPOST=1537815581][/DOUBLEPOST]
Во Романија можеше да се оди ама како што гледам останале само од оние тикети од по 300 евра ВИП мислам дека се.
 

Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
664
Поени од реакции
207
На врв Bottom