Излезе албумов на торенти пред неколку дена. Неколку пати го преслушав и оценката ми е повеќе негативна отколку позитивна. Главниот проблем е што не го добив тоа што сакав веројатно (а до негде и го очекував). Ова не е треш албум. Со исклучок на веројатно првата и последната песна на албумот, по мене најдобрите. Излезе тоа кое се надевав дека нема да е случај, првиот сингл што го извадија Hardwired, да е уствари и најдобрата песна на албумот. Малце се подгреаа надежите дека во тој правец ќе иде цел албум, што подоцна со другите песни се осети дека нема да е тоа случајот. Spit out the bone е последна на второто цд и е екстра брза песна, трешерска баш. Не знам, еве Atlas Rise и Confusion ми фаќаат уво, Here comes revenge исто, Murder one е ок... Албумов воглавно ми има некој нивни звук што почнаа да го тераат после црниот албум, некои работи потсеќаат на Load/Reload. Работи што ми сметаат најмногу се певливите рефрени на Џејмс и бљантавите солажи на Кирк, човеков како да заборави да свири гитара, во 80тите какви килер солажи имаше, не знам кај забега. Не е ова лошо издание на музика, песните се горе долу добри, има кул рифови, али ја нема старата Металика, вајда и веќе треба да заборавиме на неа, иако со Death Magnetic ја вратија во голема мера. Денеска го слушнав и Magnetic чисто да потврдам дека за овој новиов албум е уствари албумиште, малку и потценето и недоволно слушано издание од нив. Работата е што после 8 години чекање нов албум, не треба да се мислиме дали е албумот добар или не, албумот треба да растури, треба да биде кинење, да биде муабетот се чекаше али вредеше. Не е страшно да се извади послаб албум, али ако вадиш на 3-4 години, после 8 години фановите заслужуваат подобро и повеќе. Па Мегадет вадат албуми на секои 2-3 години и еве го и овој последниов е килер во споредба со последниов на Металика.
Од по споредната страна, денес и утре ќе вадат спотови за сите останати песни од новиот албум, за Confusion и Dream no more спотовите се солидни, за Manunkind тапа е.