MARNet - уназадени со години!

P

Princ

Гостин
За едниот домен ги фатив дека направиле печатна грешка. Пример, јас аплицирам за домен xxx.mk а они пробале да го регистрираат xxy.mk. Есхолс.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
72
Поени од реакции
12
Има ова некаква врска дека сум на реселер?

Денес ги подесив и NS-ите на WHM да бидат на ns1.embedlab.com и ns2.embedlab.com. Така ми кажаа и од support. Се надевам дека ќе проработи.

И како може да работи за сите други домејни (.com, .org, .info) а за марнет не? И како (ако до сега не им одговараше на марнет) имам уште неколку .com.mk кои веќе работат?
So sekoja promena na dns/ns treba da pominat max 24 h za da raboti.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Тие не да се уназадени со години, него во декади!!!
Толку безобразна работа немам видено на друго место и во друга некоја работа.
Да ти треба месец дена за да смениш ДНС адреси, па да те маткаат со финти со изговор дека технички серверот не е подесен, па и ако има грешка во сет-апот на ДНС зоната не сака ни да ти каже каде ти е грешката, небаре ако ти каже ќе му земеш од лебот.
А ако сакате по телефон да правите муабет ќе ви треба клешта за да можете да им ги влечите зборовите.
И на крајот кога се ќе средите ќе чекате уште една недела за повторно да проверат дали се во ред зоните.
Влечуги низаедни!
Толку сум испопизден шо ми иде да...:tapp:
Јас мислам дека е редно време да се стават во ред овие **** во МАРНЕТ.

Еве петиција, кој се мисли дека вреди да се потпише нека ја потпише:
http://www.petitiononline.com/marnet/petition.html

Ги замолувам сите оние кои ќе ја потпишат петицијата ако можат да пратат маилови со линкови до свои пријатели и да дадат и они подршка на оваа петиција.
 
P

Princ

Гостин
Од 01.01.2010 нема да работат од 8 до 4 со странки, туку од 1 до 4 попладне само, си го скратуваат работното време, божем јако ефикасни беа и во овие 8 саати.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
И јас еден домен да регистрирам ми вика треба да имаш дозвола од незнам кој затоа што го држел истиот домен ама под .com.mk а јас сакам само .mk... И уште триста чуда. Остај... остај жити се.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Богами МарНет е брука и срамота за оваа држава, бирократија и социјализам владее крајно време е да се ослободат македонските домени на други компании.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Промоција : бесплатен .com.mk домен треба да има :D
 
Член од
9 јуни 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали постои можност идиотите од марнет да ги скинеме и да не постојат повеќе?
Бесконечно неспособни и арогантни уназадувачи на македонскиот интернет простор - тоа се тие.
Дали постои реална можност да се скинат засекогаш?
Или се премногу цврсто инсталирани од непотизмот и кронизмот кој повеќе од било кога владее во т.н. академски кругови во Македонија?
Ова не е реторичко прашање, ме интересира дали навистина може да се почне некоја правна постапка која ќе не ослободи од оваа креатура?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не може, дефинитивно...
 
P

Princ

Гостин
Дали постои можност идиотите од марнет да ги скинеме и да не постојат повеќе?
Бесконечно неспособни и арогантни уназадувачи на македонскиот интернет простор - тоа се тие.
Дали постои реална можност да се скинат засекогаш?
Или се премногу цврсто инсталирани од непотизмот и кронизмот кој повеќе од било кога владее во т.н. академски кругови во Македонија?
Ова не е реторичко прашање, ме интересира дали навистина може да се почне некоја правна постапка која ќе не ослободи од оваа креатура?
Требаше регистрацијата и менаџирањето со домените со .мк наставка да го превземе министерството за информатичко општество. Тоа го знам последно. Кога и дали ќе се случи ова, дали ќе има подобрување во нивната работа... не знам навистина.
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
131
Поени од реакции
3
Имал ли некој шанса и прилика да регистрира domain во Македонија? Бил ли некогаш во контакт со http://dns.marnet.net.mk ? Дефинитивно најодвратна страна на интернет, со можности за регистрација на domain од 19ти век, подршка излезена од хорор филм, и пази сега: регистрацијата треба да ја испринташ и да ја пуштиш по пошта ?!
Кој им даде на овие заостанати типови право да регистрираат domain ???

поооо озбилно лошо и да се молиш да ти вратат одговор кој ако го чекав немаше сеуште да го дочекам
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
87
Поени од реакции
44
Mislam deka ova e najgolemata precka za E-Biznis vo Makedonija..

veke vo drugite zemji ima lica (licno gi znam) koi imaat po 100 do 300 nivni domeni a ne pa da se moli covek za 1 ..
 
Член од
14 мај 2010
Мислења
109
Поени од реакции
18
Кој има поголемо искуство со купување на банери, нека го сподели тука. Ме интересираат неколку работи поврзани со оваа тема:
-дали мора доменот да го регистрираш на името на некоја фирма;
-како оди постапката за регистрирање: колку што знам јас, треба прво барањето да испечатиш и да им го испратиш по пошта, па потоа треба да отидеш лично за да се доврши целата процедура.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Кој има поголемо искуство со купување на банери, нека го сподели тука. Ме интересираат неколку работи поврзани со оваа тема:
-дали мора доменот да го регистрираш на името на некоја фирма;
-како оди постапката за регистрирање: колку што знам јас, треба прво барањето да испечатиш и да им го испратиш по пошта, па потоа треба да отидеш лично за да се доврши целата процедура.
Чеј сеа... банери или домејни?

За домејните, си купуваш хост, добиваш DNS опслужувачи од хостот, го пополнуваш барањето и го праќаш по пошта. Делот со одење лично е интересен ако сакаш ти да изиграваш поштар (од Скопје си и имаш време за заебанција па можиш сам да го однесиш писмото). И да, мораш да имаш фирма бидејќи бараат даночен број, жиро сметка бла бла бла за да ти испратат фактура. Физичко лице нема право на регистрација на домејн.

Фирмите немаат право да ги препродаваат домејните, контролен панел за внесување на DNS не постои... недај боже да треба да промениш хост и днс сервери. Ќе се изначекаш пошто се многу ажурни и брзи. Турбо желка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom