Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Да.. им кажав дека нема да го глеам денес, го имам гледано веќе таму и плус уште неколку пати и не ни имав време.. ми го наплатија 600 и тоа беше тоа
Штета баш ми се репризираше :X3:
До сега неколку проекции што имам видено сите беа во зима, никако да го пуштат тематски, во лето.

Пингајте ме следен пат кога ќе го видите на програма, кој не ја ѕирнал програмата на Кинотека нека го направи тоа, солидни филмови има при крај на месецов
 
Снимаа*. Минато време.
И двете пред едно 10-12 години, ако не и повеќе. И од тие две, едната беше цензурирана од Ердоган. :LOL:

Кои Романци снимале само де потсети ме?
Пред короната снимаа филм Турски во Битола, го има и на Нетфликс, ама промашај е.
Оваа година Октомври ќе се снима исто така во околината на Битола Турска мини серија за Кемал Ататурк.
Режисер е Мехмет Озтекин кој направи бум со "Miracle in cell N.7 "
И би требало ова да е поголем проект.
 
Тој не е турски филм, македонски е. Мнозински удел има Македонија, најголем дел од парите се наши. Или поточно кажано - тој е првиот македонски филм на турски јазик. Дел од актерската екипа се актери од Македонија, сценаристот е Македонец, пола од техничката екипа: камермани, директор на фотографија, костимографија... сето тоа Македонци.
 
Сигурно мислиш на Aci Kiraz што мнозински е поддржан од Македонија (околу 30 милиони денари се дадени од Македонија). По мнозинскиот удел тој филм е македонски. :D

Едит: ете и Злате ти пишал.
 
Тој не е турски филм, македонски е. Мнозински удел има Македонија, најголем дел од парите се наши. Или поточно кажано - тој е првиот македонски филм на турски јазик. Дел од актерската екипа се актери од Македонија, сценаристот е Македонец, пола од техничката екипа: камермани, директор на фотографија, костимографија... сето тоа Македонци.

Тој не е турски филм, македонски е. Мнозински удел има Македонија, најголем дел од парите се наши. Или поточно кажано - тој е првиот македонски филм на турски јазик. Дел од актерската екипа се актери од Македонија, сценаристот е Македонец, пола од техничката екипа: камермани, директор на фотографија, костимографија... сето тоа Македонци.
Фифти фифти :)
Во главно режијата е од таму и поголемиот дел од актерите.
 
Абе какво пола пола. Пола милион евра наши државни пари отидоа за тоа срање.

Дури и приказната е сместена во Скопје.
 
Муабетот ми беше дека од надвор беше филмот, а за тоа колку државни пари отидоа немам инфо, некој се офајдил од тие пари сигурно.
 
@cholismo , не знам кој дел не го разбираш - филмот не е од надвор, македонски е. Небитно е од кај е режисерот или актерите, битно е кој плаќа за филмот. Конкретно тој е од од Сектор филм од Скопје, со мнозински македонски удел (пола милион евра), значи македонски филм. Како што реков - првиот македонски филм на турски јазик. Актерите: Ертан Шабан, Ерман Шабан, Бедија Беговска, Луран Ахмети, Дениз Абдула, Сара Климоска, Џенап Самет... сите се од Македонија (само тројцата главни актери плус може уште некој од небитните беа Турци и еден Азербејџанец, ко што гледам). Не го гледај ти режисерот од кај е, битно е кој дава пари за да се сними филмот. Ако го гледаш режисерот, тогаш треба една „Фросина“ која е првиот македонски филм да не биде македонски. Или „Волча ноќ“, „Мис Стон“, „Виза на злото“, „Три Ани“, „Солунските атентатори“... - се се тоа македонски филмови, ама ни еден од режисерите не е Македонец. Некои од нив исто така и не се на македонски јазик.
 
Филмот е во соработка со Турска продукција. Значи не е само наш Македонски филм тоа ти го зборам цело време.
Имаш точно инфо за буџетот за филмот, оти 500 000 се ништо за еден филм, дека цело време велиш дека од државни пари се снимаше филмот.
Секаде пишува Турско- Македонски филм, и премиерата беше во Турција.
 
Последно уредено:
дека цело време велиш дека од државни пари се снимаше филмот.
Па од кои пари? Агенцијата за филм ги дава парите, тие се од Буџетот на Македонија.

Секаде пишува Турско- Македонски филм, и премиерата беше во Турција.
Никој не спори дека е македонско-турска копродукција, така е. Но во случајов турскиот удел е малцински, затоа филмот се смета за македонски. Тој што ги дава поголемиот дел од парите, негов е филмот.
 
Па од кои пари? Агенцијата за филм ги дава парите, тие се од Буџетот на Македонија.

Никој не спори дека е македонско-турска копродукција, така е. Но во случајов турскиот удел е малцински, затоа филмот се смета за македонски. Тој што ги дава поголемиот дел од парите, негов е филмот.
Затоа те прашав од кај ти е инфото дека поголемиот дел е финансиран од Македонија.
Знам дека Вац го организира целиот филм тука, во тек бев оти имам познаници кои работеа на проектот тука во Битола дури се снимаше.
 
Некој што е претплатен на Apollon.rs да пише или стави screenshot кој филмови македонски ги има таму? Мислам дека пишувавте тука дека таму има македонски филмови во HD.
 
1649702387516.png
 
Некој што е претплатен на Apollon.rs да пише или стави screenshot кој филмови македонски ги има таму? Мислам дека пишувавте тука дека таму има македонски филмови во HD.

plus gley

1649707526335.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom