- Член од
- 22 март 2009
- Мислења
- 117
- Поени од реакции
- 12
Многу беше важно да се пласираме на ЕП за да си го задржиме стварно добриот рејтинг па макар таму биле и последни. Нависитна немавме среќа вчера: 4 стативи и 2 пенали и зицерот од контра на Црвенковска. Па макар една од овие да влезеше ќе победевме. Ама од друга страна па кој ни е крив кога се дове4дуваме во таква драматична завршница. Место да си водиме со некои 5-6 разлика и комотно да го приведеме натпреварот кон крај ни цело време бркавме разлика и кога конечно направивме 2 предност не можевме да ги задржиме поради немање концентрација и како што кажав, СРЕЌА. Па додека на некој не му се стемни (ние) на некој нема да му се раздени (Холандија).Па и тие се трудеа, напорно тренирале, работеле за да се пласираат на ЕП и си ја искористија шансата. Сега само се плашам дека ќе ни падне рејтингот па во иднина уште потешко ќе ни биде да се пласираме. А дотогаш ќе остарат и Пецевска, Црвенковска, Бајрамовска, Партенко, десно крило веќе немаме, а не гледам некои нови играчки млади да се наметнуваат. Изгледа ова е почетокот на крајот на македонскиот (женски) ракомет освен ако Металург не примени а ла Кометал стратегија па со неколку странски засилувања со мак. пасоши повторно да играме значајна улога во европскиот ракомет. Дотогаш Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија сите ќе бидат пред нас.![]()
Која среќа бе друже, да речеш утнавме пенал во последна секунда па ајде сме немале среќа...ама ова, премногу грешки направени во напад, ниту еднаш не ја искористивме предноста со играч повеќе (примавме по 2 гола).
Шутот на Портјанко од блокот се одби во неа и излезе во аут. Мн слаба игра од крила, Пецевска само во 1-2 наврати ја видов и тогаш промаши (статива)
И да на крај, како што изигравме нерешено кај нив со гол во последна секунда од 9м, така сега промашивме ќе беше и премногу на 2 пати во последна секунда хаха

Тоа е подобра игра (а не повеќе среќа) нареден пат