Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 274602Прегледај го приврзокот 274603
Прегледај го приврзокот 274606


*(oва се рандом Грузијци, веројатно вработени у хотелот, што ги ставаат сликиве у коментари на објави од ффм и од македонскиве портали)

Каков лик, људина!

Пред две години кога бев во Рим, штотуку пристигнати и гладни, седнавме у една пицерија до мостот до замокот Сант Анџело. Батето не виде со куфери:
-Where are you from guys?
-Macedonia.
-Ooooo belle, belle, my new friends from Macedonia. Do you know Goran Pandev?
(јас си викам у себе си е која е веројатноста да налетам на некој ваков, а 2-3 дена пред да одиме еден тогашен колега ми вика гарант ќе налеташ на некој што ќе те праша од кај си и кога ќе речеш од Македонија одма ќе ти го спомнат Пандев, особено некој лацијал.)
-Of course, he is our legend.
-I know I know, and he is my friend to, come here come.
ме натера батето, еден црникав одма се виде дека е од јужна Италија, влагаме у пицеријата внатре и зад шанкот срамежливо пружен шал од Наполи (веројатно затскриен да не го залупаат хулиганите од Рома и Лацио) и над тоа две слики од него. Едната со Хамшик, другата со Пандев.
Почна да ми кажува дека имале фамилијарна пицерија со браќата во Наполи, он сега пробал во Рим, додека работел дома во Наполи знаеле играчите да им дојдат некад навечер да се нагозбат, Пандев бил најдарежливиот.

Се вратив на масата јас, колку што паметам пиците ни ги наплатија ама пиењето не, кур го боли 5 евра го коштало тоа ама зборот ми е дека људината Горан Пандев му имаше оставено таков впечаток што се реши да нагости тројца Македонци со толина ко да му сме куќни пријатели.

п.с. после уште еден на Пјаца Навона кога му реков дека сум од Македонија, го спомна Пандев ама ништо не частеше муебамглавата, ама да не се циганчиме па сеа.


Нема подобра реклама за некоа држава од спортот и уметноста, а Гоче не има испромовирано низ светот како ретко кој.
Апсолутно ќе ме болеше кур каква људина е Горан,ако бев грузиец.
Да ме испадне од ЕП некој мртов Курофшвили со таква рунтава дагестанска фаца и џогер фризура ?После стопеес години бавно патење,гледање раковиден фудбал,у тие дресовите што им пишуваа бројки со креда, со диригирање на темпо од страна на Дноличе Бадел Днумоликовски,воден од маестро Мирсад Шљивовача Јонуз,киснење на градски на -96 степени,шлапкање у патиките накај дома,фатени сто пнеумонии,срамови од бравари од Андора и остали тиња екипи.

И ја да идам да се сликам со него,УНС брат,мош го викнам за селфи да дојде да му закачам некоја македонска изворна пцофка,со некој убав епитет и чао да ми се изгуби од прррред очи дур да трепнам.


Sent from my SM-A920F using Tapatalk
 
имавме слаб коефициент бидејќи нормаллно нова држава и ни се паѓаа по 3-4 јаки репрезентации во група..иначе да ги имаш во тимот Панчев,Најдовски,Стојковски,Мицевски...не е забеанција....во сериозни екипи играа...плус тогашните играчи беа многу технички понадарени и доаѓаа од организирани Југословенски школи.

Нема грешка, биле технички понадарени.

Елмас и Барди се најтехнички најдобрите играчи што заиграле за репката. Посебно Елмас.
 
Нема грешка, биле технички понадарени.

Елмас и Барди се најтехнички најдобрите играчи што заиграле за репката. Посебно Елмас.

Генерално пишам дека повеќето играчи знаеа да играат фудбал за разлика од сега каде 90% се копачи и ја лупаат топката...иначе Елмас и Барди се добри техничари за наши услови, нема збор за тоа
 
Најголема шанса да се пласираме некаде пред овие квалификации беше за СП 1998. Тогаш со Ѓорѓи Христов како лидер, со Шаќири, Седлоски, Ќириќ, Мицевски, Мемеди, Шаиноски, Ставревски... И секако со селектор Ѓоко Хаџиевски, кој од тоа што се сеќавам сосема добро ја водеше репрезентацијата. Бев мал тогаш ама се сеќавам колку толку. Ги тепавме тогаш Ирска во Скопје и имавме реални шанси за второ место во групата и бараж (прва беше Романија која имаше златна генерација со Хаџи). Ама на крај два пати загубија од Литванија, која сигурно беше и послаба со квалитет од нас, па пак завршивме четврти во групата. Да имаше тогаш барем еден до двајца играчи од калибарот на Пандев, Елмас или Барди можеби многу порано ќе бевме и на Светско. Не ми текнува со кој играше Ирска тогаш во баражот и кој ќе ни беше противник, ама со малку среќа кој знае што можело да биде.

Ама ајде, сето тоа е историја. Оваа генерација наплати за сите претходни. Конечно ќе ги гледаме нашите на Европско.
 
Нема грешка дека ќе се плассиравме со тогашната пеколна конкуренција и во група каде две репрезентации одат понатаму од кои беа секогаш јаката Англија, Русија со Аршавин,Павличенко, и со секогаш стандардната Хрватска...во првенство каде само 16 репрезентации настапуваа за разлика од сегашните 24.

Уште пет души како Елмас ,Барди и Адеми да имавме тогаш максимум ќе извлечевме 4-то место...немаше теорија во онаа група да се пласираме на ЕП
Добро. Ама ај сети се: со Англија реми во гости, со Хрватска победа дома - во гости не доминираа толку лесно, не се сеќавам точно на нивните голови, единствено знам дека ние водевме. Само со Русија го јадевме немиен.
Зборот ми е, тогаш барем еден квалитетен средњак ни фалеше за колку-толку да се издигнеме на повисоко ниво. Одбраната ни беше би рекол втора најјака (после таа со Јаневски, Станојковиќ, Канатларовски, Најдоски...). Ете, ако не пласман на првенство, сигурно ќе фатевме 3. шешир. Па после со еден полесен противник плус.

Да сме на јасно, ова е само ШБАББ.
 
Најголема шанса да се пласираме некаде пред овие квалификации беше за СП 1998. Тогаш со Ѓорѓи Христов како лидер, со Шаќири, Седлоски, Ќириќ, Мицевски, Мемеди, Шаиноски, Ставревски... И секако со селектор Ѓоко Хаџиевски, кој од тоа што се сеќавам сосема добро ја водеше репрезентацијата. Бев мал тогаш ама се сеќавам колку толку. Ги тепавме тогаш Ирска во Скопје и имавме реални шанси за второ место во групата и бараж (прва беше Романија која имаше златна генерација со Хаџи). Ама на крај два пати загубија од Литванија, која сигурно беше и послаба со квалитет од нас, па пак завршивме четврти во групата.
Така беше. Тоа ни беше најдобра шанса. Реално, Хаџиевски најверојатно беше наш најдобар селектор и Ѓоре не беше лош, али него го саботираа играчиве. Да бидеме реални тогашниот систем не се споредува со ова денес, па уште со квалификации преку новава лига. Нормално дека сум фан јас и сакам да одиме на секое големо натпреваување, али не ми е толку сладок овој пласман зошто сум научен на стариот формат и колку беше тешко тогаш да се пласираш со 16 екипи. Ама ок, ќе се гледа фудбал, ќе се радуваме.
 
Јас сум еден од најнапатените овде со оглед на тоа што ја следам репрезентацијата од самиот почеток. Се сменија многу генерации и времиња, многу порази, малку победи, многу надежи, малку остварувања. Конечно ни се погоди и системот и генерацијата па некако видовме бел ден.

Првата генерација ни беше најсилна, без никакво двоумење, но за жал во тоа време немавме никаква структура за да се направи некаков резултат. За селектор го назначија Дончевски, чија стратегија се состоеше од покажување слики на Гоце Делчев и викање „играјте патриоти“. Освен натпреварот со Данска во Скопје, во останатите во главно се браневме. Мачно беше за гледање. Од црвениот на Панчев со Данска работите тргнаа на лошо. Екипата беше составена од имиња кои немаа баш некаква минутажа и самодоверба во моментот. Кога ќе извлечевме бод со екипа како Белгија тоа беше национален празник, а го извлековме така што топката случајно го погоди Милко во колено :pos: Во тие малку натпревари што ги одигра Тони Савевски видов за каква класа се работи, ретко потценет играч, денес би играл во најсилните лиги. Еднаш се сеќавам Аек играше во група со Милан и Ајакс, кои потоа играа финале, а Тони им даде по еден гол и на двете екипи. Легенда. Штета што во тоа време немавме вистински селектор и што работите не беа поставени на место, иначе Данска не беше ништо посебно, Шпанија беше единствената екипа од светска класа во групата.

После дојде генерацијата на Хаџиевски која лично ми е омилена генерација. Го играа фудбалот што требаше да го играат нивните предходници, но за жал се уште имавме губитнички менталитет и секогаш страдавме кога се кршеа натпреварите.

После тоа се изнаредија тренери, не ни памтам повеќе кој бил селектор кога сме го постигнале овој или оној резултат. Но паметам едно време кога игравме пријателски со Босна и Украина, стадионот беше полн, со Босна беше зимно време, мрзневме како пингвини, а се баараше карта повеќе. Очекувањата беа големи, но никогаш не се материјализираа.

Од натпреварите што ги гледав во живо, а ги гледав скоро сите заклучно со поразот од Ерменија на обновениот Градски, после што заминав во јабана, најмногу ми останаа во позитивно сеќавање Холандија (2-2), Хрватска во калта (2-0), и Хрватска 1-1 кога беа трети на светско. Тоа беа лудница од натпревари. Од натпреварите во кои претрпевме големи разочарувања, Турција два пати, секогаш ќе ги пикневме во шише едно полувреме па ќе ни дадеа гол од никаде, и Србија кога ни дадоа 4 гола набрзина. Едно е кога гледаш на ТВ, а друго е кога одиш на стадион 2 саати пред натпревар, ја чувствуваш атмосферата, се ежиш на секој момент, за после да те спуштат на земја.

Се сеќавам добро и на двата натпревари со Англија, чекав ред за карти од зори, предобра атмосфера беше иако изгор цени за картите.

Од натпреварите гледани на ТВ, Словенија беше посебно чувство, и кога ја тепавме Англија 2-2 со голот на Артим :D. Исто и еден натпревар што го игравме со Турците во Бурса, мислам дека 3-3 заврши.

Сега кога ни се погодија правилата и кога има одлична атмосфера во екипата, добро е што ја искористивме приликата. Ќе речат дека е лесно со оглед на противниците, но во минатото меч како со Грузија сигурно ќе го оплескавме под притисокот. Сегашниве играчи имаат и повеќе самодоверба и подобар менталитет, и мора да им се честита на сите.

Некој од нашиве (мислам дека беше Митко Стојковски) му го пукна носот на Шевченко
Милан Стојановски.

Одбраната ни беше едно милион пати појака од моменталнава со прави столбови како Васовски, Митрески, Новевски и Седлоски.
Мислам дека ова ни беше најдобрата одбрана.


Пандев со успехов најверојатно го помина Панчев во поглед на најдобриот Македонски фудбалер на сите времиња. Панчев се посра во Италија, а Пандев веќе 20 години игра, и имаше култни утакмици, головите против Реал, голот на Мурињо против Милан од слободен, голот против Баерн во ЛШ, тројна круна.
Не би ја отворал таа тема, ама не го памтите Панчев. Не се ни слични играчи па да ги спореди човек, ама во некоја виртуелна реалност да играа заедно, тоа ќе беше убиствен тандем. Едниот технички фантастично поткован играч, другиот убиец во 16 метри, човек со неверојатен инстинкт за гол. Секако за репрезентацијата Гранде Пандев е далеку позначаен, Даре играше малку на залезот на кариерата.


Најголема шанса да се пласираме некаде пред овие квалификации беше за СП 1998. Тогаш со Ѓорѓи Христов како лидер, со Шаќири, Седлоски, Ќириќ, Мицевски, Мемеди, Шаиноски, Ставревски...
Штета за оваа генерација, не ми е јасно како потфрлија ни ден денес.

Во секој случај, конечно не огреа сонце. Штета што успехот дојде во овие катастрофални времиња, и најдвероајтно ќе се игра пред празни трибини, иначе каква фешта ќе беше...
 
Јас сум еден од најнапатените овде со оглед на тоа што ја следам репрезентацијата од самиот почеток. Се сменија многу генерации и времиња, многу порази, малку победи, многу надежи, малку остварувања. Конечно ни се погоди и системот и генерацијата па некако видовме бел ден.

Првата генерација ни беше најсилна, без никакво двоумење, но за жал во тоа време немавме никаква структура за да се направи некаков резултат. За селектор го назначија Дончевски, чија стратегија се состоеше од покажување слики на Гоце Делчев и викање „играјте патриоти“. Освен натпреварот со Данска во Скопје, во останатите во главно се браневме. Мачно беше за гледање. Од црвениот на Панчев со Данска работите тргнаа на лошо. Екипата беше составена од имиња кои немаа баш некаква минутажа и самодоверба во моментот. Кога ќе извлечевме бод со екипа како Белгија тоа беше национален празник, а го извлековме така што топката случајно го погоди Милко во колено :pos: Во тие малку натпревари што ги одигра Тони Савевски видов за каква класа се работи, ретко потценет играч, денес би играл во најсилните лиги. Еднаш се сеќавам Аек играше во група со Милан и Ајакс, кои потоа играа финале, а Тони им даде по еден гол и на двете екипи. Легенда. Штета што во тоа време немавме вистински селектор и што работите не беа поставени на место, иначе Данска не беше ништо посебно, Шпанија беше единствената екипа од светска класа во групата.

После дојде генерацијата на Хаџиевски која лично ми е омилена генерација. Го играа фудбалот што требаше да го играат нивните предходници, но за жал се уште имавме губитнички менталитет и секогаш страдавме кога се кршеа натпреварите.

После тоа се изнаредија тренери, не ни памтам повеќе кој бил селектор кога сме го постигнале овој или оној резултат. Но паметам едно време кога игравме пријателски со Босна и Украина, стадионот беше полн, со Босна беше зимно време, мрзневме како пингвини, а се баараше карта повеќе. Очекувањата беа големи, но никогаш не се материјализираа.

Од натпреварите што ги гледав во живо, а ги гледав скоро сите заклучно со поразот од Ерменија на обновениот Градски, после што заминав во јабана, најмногу ми останаа во позитивно сеќавање Холандија (2-2), Хрватска во калта (2-0), и Хрватска 1-1 кога беа трети на светско. Тоа беа лудница од натпревари. Од натпреварите во кои претрпевме големи разочарувања, Турција два пати, секогаш ќе ги пикневме во шише едно полувреме па ќе ни дадеа гол од никаде, и Србија кога ни дадоа 4 гола набрзина. Едно е кога гледаш на ТВ, а друго е кога одиш на стадион 2 саати пред натпревар, ја чувствуваш атмосферата, се ежиш на секој момент, за после да те спуштат на земја.

Се сеќавам добро и на двата натпревари со Англија, чекав ред за карти од зори, предобра атмосфера беше иако изгор цени за картите.

Од натпреварите гледани на ТВ, Словенија беше посебно чувство, и кога ја тепавме Англија 2-2 со голот на Артим :D. Исто и еден натпревар што го игравме со Турците во Бурса, мислам дека 3-3 заврши.

Сега кога ни се погодија правилата и кога има одлична атмосфера во екипата, добро е што ја искористивме приликата. Ќе речат дека е лесно со оглед на противниците, но во минатото меч како со Грузија сигурно ќе го оплескавме под притисокот. Сегашниве играчи имаат и повеќе самодоверба и подобар менталитет, и мора да им се честита на сите.


Милан Стојановски.


Мислам дека ова ни беше најдобрата одбрана.



Не би ја отворал таа тема, ама не го памтите Панчев. Не се ни слични играчи па да ги спореди човек, ама во некоја виртуелна реалност да играа заедно, тоа ќе беше убиствен тандем. Едниот технички фантастично поткован играч, другиот убиец во 16 метри, човек со неверојатен инстинкт за гол. Секако за репрезентацијата Гранде Пандев е далеку позначаен, Даре играше малку на залезот на кариерата.



Штета за оваа генерација, не ми е јасно како потфрлија ни ден денес.

Во секој случај, конечно не огреа сонце. Штета што успехот дојде во овие катастрофални времиња, и најдвероајтно ќе се игра пред празни трибини, иначе каква фешта ќе беше...
Значи според се ова што го пиша ти си дефинтиивно од загрозената генерација за КОВИД? :toe: :toe:
 
Милан Стојановски.
Да. Само мислам дека не му го пукна носот баш, туку дека и му наби некои заби. Знам Шевченко не играше после две кола во Серија А, и Бранко Илиевски (супер-интересно дерби) кажа при пренос дека не игра зошто имал некаква дентална операција.

А таа одбрана без сомнеж ни беше најака. Тројца играчи од Бундес, сите стартери, плус Седлоски, кој беше капитен на Динамо Загреб.
 
Иначе потсетување, во вторник најверојатно ќе биде последниот натпревар на Мрме под овој договор.

Ај да видиме дали ФФМ ќе бидат шупаци или ќе му дадат нов договор
 
Оваа репрезентација не смее да се потценува во никој случај без разлика што во минатото сме имале добра репрезентација, сега имаме играчи кој што играат во силни лиги и не може да се каже дека немаат искуство, без разлика што малку и ждребот беше на наша страна ништо не е случајно, оваа репрезентација има квалитет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom