Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Да бидиме реални...ова со корона вирусот како кец на десетка ќе му дојди на ФФМ и МВР да не се замараат и да немаат работа...празен стадион,сите среќни весели,нема да има гужви,евентуални инциденти,казни..ти реков ми рече...според мене мислам дека ќе се одигра на празен стадион..има време но како што се шири короната ќе нема друго решение.

easy bet
 
Една шанса имаме за ЕП....и тамам тогаш светот сфати дека нешто не е у ред и мора да се деси вирус..

Ако бе, нека се игра, пар дечки од наша знаат албански ќе им ги знаеме акциите, кај нив никој не знае македонски :cool:
 
Мислам дека може и добро да е за Македонија, притисокот врз нив веќе се намали и можат со поладни глави да играат, знаеме дека наши репки историски не се снаоѓале кога имало големо очекувањи од јавноста...

Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
И јас на ова помислив дека нашите уште послободно ќе играат и порастоварено. Башка косовариве уште поразочарани се, затоа што беа напалени, а сега празни трибини. Убаво ќе беше полн стадион за атмосфера (само што и таа многу веројатно би прегреала и би настанал хаос после), ама тоа е.
 
ФФМ најавија барање до УЕФА мечот да се одложи. Не се толку проблем празните трибини колку другите мерки што ги предложи владата. Сите што доаѓаат од Италија мора да бидат во карантин 14 дена. Значи Пандев и Елмас и да дојдат уште утре во Скопје ќе бидат слободни за тренинг ден пред мечот. И Косово го има истиот проблем. Со овие мерки еден куп нивни играчи ќе треба да бидат држени во изолација пошто доаѓаат од кризни подрачја.
 
Веројатно и најдобра опција.
 
Нема што да се одложува мечот, што порано се заврши работата, толку подобро.
 
Нема што да се одложува мечот, што порано се заврши работата, толку подобро.
Бре што си бил паметен. Е па ај ако не да играме без пола тим. Богами тогаш стварно ќе ја завршиме работата порано...
 
Бре што си бил паметен. Е па ај ако не да играме без пола тим. Богами тогаш стварно ќе ја завршиме работата порано...
Не знам оти чинам да се игра со играчи само од домашно првенство поголеми шанси имаме оти и за нивните странски играчи ќе важи карантин [emoji848]

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Не знам оти чинам да се игра со играчи само од домашно првенство поголеми шанси имаме оти и за нивните странски играчи ќе важи карантин [emoji848]

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
пола им се од Швицарска ??
 
Бре што си бил паметен. Е па ај ако не да играме без пола тим. Богами тогаш стварно ќе ја завршиме работата порано...
Кој карантин бе друже, на нашиве карантинот?
Па вчера Аталанта отиде до Шпанија и не им направија проблем, нашиве ќе прават проблем на пет-шест играчи.
Ќе видиме како ќе се развива вирусот, подобро е да не се одолговлекува утакмицата, посебно што сите играчи горе доле ни се здрави, а Пандев е во некоја најдобра форма во последниве пет-шест години.
 
1000% сум сигурен дека мечот Македонија-Косово нема да се игра на 26ти Март. Серија А и Ла Лига ги одложија, НБА е одложено. Евролига одложено, Тенис мастерси одложени. Ракомет одложено. Денес се очекува да ги одложат и Лига на Шампиони и Лига Европа. Значи се ова до Април. Така да ќе ја одложат и Македонија-Косово.
 
На 17ти УЕФА ќе решавала што ќе прави, но лично не би ме изненадило да се остварат најавите да се одложи Европсково 2021ва. Премногу хаос настана и тоа ми делува најверојатен исход во ситуацијава, плеј оф дуеливе тешко дека ќе се одиграат во Март а нема смисла да се играат крај на Мај директно пред самото ЕУРО, а и општо тешко дека до јуни ќе биде целосно завршена епидемијава (или бар не може да знаат дека ќе биде) па ќе биде ризично одржувањето на самото првенство.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Прегледај го приврзокот 237905

6 години од трагичната несреќа :(
Ако веќе мораа да стават име а градски, тоа требаше да биде неговото име, Петар Милошевски а не Тодор Проевски(со најголема почит кон Тоше)
Вечна му слава.

Инаку најверојатно Македонија-Косово нема да се одигра на 26 Март.
 
Можда не смее исто име со тренинг центарот да има? Шо знам..
(дека нели, тренинг центарот на Градски се вика Петар Милошевски, па порбувам devil's advocate да сум :D )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom