Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Што збориш бе @STEALTH

2000 - испаѓаат од група,
2002 - втори на СП,
2004 - испаѓаат од група,
2006 - трети на СП,
2008 - втори на ЕП,
2010 - трети на СП,
2012 - полуфинале на ЕП
2014 - шампиони на СП.
Пет првенства по ред до полуфинале - 10 години, не го гледам тоа како средување, тие постојано беа средени ;)

Остај ти кои завршиле, зборам за комплетна реорганизација и на клупскиот фудбал и на националниот.

http://aliveforfootball.com/blog/2014/07/31/untold-story-behind-germanys-world-cup-triumph/

Дури и грешка сум бил, почнале после Еуро 2000
 
Aбе не ја зимај Германија ти за пример, ние од Луксембург губиме Германија ќе ја земаме за пример,
веќе за нас репрезентации како Естонија,Швајцарија,Велс,Исланд станаа примери, колку време на Исланд му требаше да напредне?-2-3 години, на нашите им треба да знаат најдоброто да го вадат од играчите. А тие треба да играат во тимовите да се стандардни..
Пример Ибраими незнам колку се изнаигра во Каљари кога беше... човекот има потенцијал што е работата со него незнам...
Не можеме стопер да извадиме што најмалку во просек со голманот заедно се физички активни еден меч.....

Клучот го гледам на субвенционирани трансфери од државата од друго не :D :D :D
 
http://www.sport.com.mk/?itemid=B166F872F886C94BB6019685FFF0878A

Поразот од Луксембург за секој фудбалер е како електричар да загине од струен удар, пливач да се удави во базен, маратонец да истрча 100 метри... но не и за наш фудбалски работник за кого ова е „нормална“ работа


Пишува: Игор Д. Ивановски

Не постојат толку црни бои со кои може да се пребои овој наш фудбал, оваа наша репрезентација. Исто така не постојат ниту толку лоши зборови со кои како епитети треба да се наградат нашите фудбалери. Нашите репрезентативци, нашите бранители на државниот идентитет, гордите носачи на државниот грб - МАКЕДОНЦИТЕ! Тие бруки облечени во државните бои кои со децении ни нанесуваат срамови од највисок степен. Лузери во душата, бесрамници и личности кои без душа си поигруваат со државната селекција која насекаде во светот значи светост, а само кај нас темнина. Толку ли ви не ви сече во главата или вашите генијални настапи стануваат болест која не можат да ја дијагностицираат ниту најголемите психијатарски експерти. Вие сте ѓонови, дрва, продадени души.... Вие сте сè што ви е залепено како етикета од народот, навивачите, познавачите на фудбалот. Вие фудбалерите, стручниот штаб и Федерацијата го заслужувате сето тоа. Вие треба да стоите мирно и да барате прошка од овој народ, од оваа нација која пати. Пати поради вашата неспособност, вашето незнаење и вашиот комплекс. Вие не заслужувате да бидете фудбалери (со исклучок на некои). Вие треба да се срамите, да одите со наведнати глави и да молите за прошка. И оваа и претходните генерации. И онаа од Андора, па таа со Лихтенштајн и онаа од Лузембург. Не патите од вчера или од денеска. Ние патиме со години. Со години глумиме лудило, но и самите не сме свесни колку сме очајни, бедни и мизерни. Ние и Вие сме гола вода, никој и ништо во фудбалот, а се однесувате, се однесуваа и ќе се однесуваат како ѕвезди, како големини, како играчишта.
Еј,... Луксембург. Се спасивме во Скопје, но не и на гостувањето. Се радувавме лани на среќната победа, но лекцијата не ја научивме. Подобро тогаш за да не ни се случи сега, но враќање нема. Што да се каже, а притоа да се биде паметен по еден ваков резил. И повторно ќе нагласам. Не ни е ова првпат. Ова е наша постојаност. Ние ако порано бевме кројачи на табелите и одредувачи на судбините на големите селекции сега се претворивме во пишувачи на историјата на оние што се свесни дека се на дното. Андора, Лихтенштајн, Луксембург па и Гибралтар кај малите. И што сме ние!? Сега сме фенерџии, сега сме топовска храна, сигурен „кец или двојка“. Тоа сме ние. Ние сме земја без фудбалска иднина со бледо минато и репрезентација која нема визија и стратегија. Ние со години наместо атмо имаме резил - сфера. Имаме „големини“ со шупливи позадини. Немаме лидер, немаме игра, немаме резултати.
Вака повеќе не се трпи. Се менуваат, селектори, играчи, раковотства. Се менуваат на сила но никој кога е на дното не превзема одговорности, не си оди сам туку чекаат народот да им суди. А народот на оваа генерација и на оваа Фецерација веќе им има пресудено. Со нив понатаму во ваков состав не може да преживее фудбалот и националните селекции . За фудбал треба тим на теренот и тим на функциите. Ниту Љубинко Друловиќ има избрано добар тим, ниту Ѓоргиоски има квалитетна екипа околу себе. Селекторите и претседателите секогаш одговараат за својата тактика а потоа и за резултатите. И едните и другите не се во нивни прилог.
И како сега утре со Шпанија!? Атмосфера немаме со години, стадионот ќе биде полн а народот на трибините наострен за поразот од Луксембург.

П.С: И за селекторот и за претседателот на ФФМ. Подобар пријател ви е оној кој ви ја кажува вистината и реалноста во очи отколку оние кои ги шетате, кои кимаат со главите а не знаат ништо. Потребен е двоен „РЕСТАРТ“ и ви требаат луѓе со авторитет да им ги истегнат ушите на фудбалерите кога губат од аматерски селекции.
 
Добар си е овој Милевски, само не треба да му се мешаат овие од А-селекцијата и да му зимаат играчи, кој кур му земале 2-3ца од првотимциве за да дремат утре на клупа со Шпанија. Нека не ги закачаат тие У23 што се, нека ги остаат да се уигруваат и дај боже да напраат некој успех, да слушне светов за нас па макар и преку младински категории.
 
Дечки знае некој кога ќе отпатуваат од Скопје шпанската репрезентација?
 
Германија = Македонија
Добра споредба.
Иначе Германците не знам колку пати биле на Светско или Европско, а колку пати губеле од Андора, Луксембург, Лихтенштајн итн итн.
 
Никаква споредба не беше, туку од Еуро 2000 имаат огромна реформа во фудбалот внатрешно.
 
Никаква споредба не беше, туку од Еуро 2000 имаат огромна реформа во фудбалот внатрешно.
Јас сум запрепастен од тие глупости што ги пишуваш ти човеку.. Јави ми се на фиксен кога ќе видиш ти Германија да остави некоја работа на случајност...
 
Никој нормален не би се бунел ако започнат да се менуваат работите од корен и притоа да треба да почекаме десетина години. Ама да се сменат како што ги сменија Исланд и Белгија, од корен. Такво нешто може да им смета само на ликовите што млатат пари од вакви бизнисчиња со повици и ред други матни работи.

Германија имаше и таленти и менталитет и инфраструктура, не сме споредливи, на Германија и фалеа финеси и фудбалска зрелост на одредени играчи. Ние сме дно, нема што не фали.
 
Никој нормален не би се бунел ако започнат да се менуваат работите од корен и притоа да треба да почекаме десетина години. Ама да се сменат како што ги сменија Исланд и Белгија, од корен. Такво нешто може да им смета само на ликовите што млатат пари од вакви бизнисчиња со повици и ред други матни работи.

Германија имаше и таленти и менталитет и инфраструктура, не сме споредливи, на Германија и фалеа финеси и фудбалска зрелост на одредени играчи. Ние сме дно, нема што не фали.
\

Го има најважното, јака лига во која царуваат Германците!! После иде се остало, не увезува играчи од странство, создава и остало, за тоа сме не споредливи плус.. Ма многу е арогантно да се споредува Македонија со Германија во било кој сегмент...

А за Исланд БРАВОО големо, сигурен сум дека не им требаа 10 години, и не се развивале толку време, знаеш како iluminious, кога гледаш тие што гледат фудбал мислам, дека има некаков концепт, секој си има своја работа на терен те влечи и на утакмици да идеш и да веруваш, сеа што ќе идеш кога знаат да се посерат на утакмица и да ги потценат, мислам тоа е и реалност, оваа репрезентација од корен треба да се менува, и Ибраими и Абдурахими и Ивановски и цела одбрана, што очекуваш од Шиков и Мојсов и двајцата незнам каде играат , едно време не ни одеше со Новески,Васоски и Митрески стандардни во клубови од Бундес лига со овие црепови ќе се видело нешто, нема и нема да има, боље од лигата да си зема играчи, Илиевски од Работнички само Друлович знае зошто тука не се наоѓа, и Зајков добар ќе биде, не треба да се осудуваат и тие веќе толку им се можностите а овие ги викаат да се брукаат само...
 
Јас сум запрепастен од тие глупости што ги пишуваш ти човеку.. Јави ми се на фиксен кога ќе видиш ти Германија да остави некоја работа на случајност...

Кои глупости бе, пратам германски фудбал од 1995 и после фијаското од Еуро 2000 имаа реформи во цел германски фудбал. Поназад дадов и статија, информирај се малку, не да викаш дека јас трескам глупости.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom