Точно е и за Германија дека после тоа Еуро 2000 имале разработено цела нова стратегија за нивниот фудбал, пред се дополнителни инвестиции во инфраструктура и осбено внимание и инвестиции во младинските школи. Но нормално нивните промени биле во однос на тоа да се вратат или да бидат уште подобри од тоа што биле и со една цел самиот светски врв. Од нив нормално дека можеме да земеме пример но скалиран за наште амбиции пласман на натпреварување. Но сепак најдобар пример за нас може да се земји со слични состојби како нашите кои направиле пласман на некое првенство. Исланд е добар пример но и претходно имавме добри примери во Словенија која неколку пати настапуваше на ЕП и СП.
Кај нас проблемот е во повеќе сегменти, не е само во инвестиции и инфраструктура. Мислам дека дури и да се инвестира повеќе ако останеме со овој менталитет и без добро зацртана програма за развој кој би се имплементирала во пракса пак ќе ни биде се за џабе.
Значи освен инвестиции, ни треба план кој што нема само да седи на хартија (за што верувам дека и сега го имаме ама никој не се држи до него) туку ќе се спроведува како што е зацртано, без имрповизации. Тренажни процеси како што се практикуваат во модерниот фудбал. Селекција и дополнителен стимул на најдобрите играчи.
Дисциплина и всадување на победнички менталитет. Земање во репрезентација на играчи кои се најмотивирани и кои ќе играат со желба, а не играчи кои што играат во 1ва Норвешка или Унгарска лига а се прават ѕвезди. Па и у Шпанска лига ако игра а ако игра за репрезентација без залагање, подобро нека не го викаат за во репрезентација.
Исланд ако го земеме за пример, ок е земја која има повеќе пари од нас, помала популација и фудбалска лига која е да речеме полуаматерска (или била). Фудбалот не бил спорт број еден а и условите климата не е баш за играње фудбал низ целата година. Баш читав за Исланд дека во дел од ниваната реформа за фудбалот изградиле неколку затворени стадиончиња. Напредокот во фудбалот им се должи на зацртаната стратегија и држење до неа без никакви импровизации. Дури и да не се пласираа на ЕП, напредокот кај нив е очигледен.