Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Edno ne mi e jasno,kako ke se pojavat pred javnosta neli im e sram,FFM si zima milioni evra i ic kur ne gi boli,mislam so zakon treba da se ukine fudbalot vo MK barem na 5-6 godini..
 
На многу места прочитав дека рамковните биле виновни што не и иде на репрезентацијата, ако е така, тогаш кои се тие квалитетни играчи кои не добиваат шанса заради рамковните?

Иди бе и ти у пм со твојте рамковни, секој оној кој ќе го даде срцето на терен заслужува повеќе од оној кој не го прави истото...разбираш ??? Или треба да ти се нацрта ???
 
Прва работа...Ако се превземи нешто тоа треба да се превземи од најниски категории и резултат таквите промени би дале за најмалку 10 години. Тоа треба да биде солиден проект кој што на крај ќе резултира со успех. Почнувајќи од инфрструктурни услови, тренерски кадар па до разни филозофии врз кои треба да се гради репрезентацијата. Квалитетни луѓе пред се треба кои ќе бидат искрени и чесни професионалци. Почнавме уште кога беше Чеде да се гради тоа и врз основа на таа негова замисла се градеше и од пониски категории. Да сме реални солидни бевме тој период, но од кога замина тој како селектор работиве се загубија, сиот концепт се сруши.

Втора работа. Ние во се имаме преголеми очекувања. Моменталниве играчи од кои може да се состави првиот тим се тие. Не се ни некои имиња, нема ни квалитет, а ни пожртвуваност од нивна страна за да ги бранат боите на репрезентацијата. Сите играат да се афирмираат и тој статус како репрезентативец да го искористат при трансфер. Си го знаат лимитот и не се стремат да го надминат и да се пробаат на повисоко ниво и тоа е тоа. Кога ќе размислам подобро и ќе се навратам наназад еден Шумоликоски играше многу пожртвувано за оваа репрезентација заразлика од овие сега што се влечат по терен. Е кога ќе ја сведиме таа реалност за жал, жалосно е да очекуваме резултати од непрофесионалци дури и кога играат и против келнери, електричари и сл. За утеха или не има многу други репрезентации кои се далеку поквалитетни од нас, а не бележат значајни резултати овие квалификации ради многу фактори, па тоа што сме последни во групава уште повеќе не ми е изненадување.

И го оправдувам потегот на Пандев што се откажа од репрезентацијата. Покрај вакви дрва тој го јадеше калапот со што беше исвиркуван и слично. Точно дека најголем бојкот е празен стадион против Шпанија, но си го бараат цел меч да бидат исвиркани и цел меч публиката да биде со грб свртена кон теренот.
 
цел меч публиката да биде со грб свртена кон теренот.

Да да, сигурно со грб ќе бидам свртен и нема да ги гледам Иниеста, Бускетс, Касиљас, живи фудбалски легенди и играчи кои се гледаат многу ретко во живо, со оглед на тоа каде живееме.

Патриот или не, во вторник одам да ја гледам Шпанија, а не Македонија.
 
Абе што се замарате за џабе, никој не игра со срце, сите се пички се плашат да не заработат некоја повреда па да отсуствуваат од 2ра лига Белгија, 1ва Норвешка и Азербејџан.
 
Да да, сигурно со грб ќе бидам свртен и нема да ги гледам Иниеста, Бускетс, Касиљас, живи фудбалски легенди и играчи кои се гледаат многу ретко во живо, со оглед на тоа каде живееме.

Патриот или не, во вторник одам да ја гледам Шпанија, а не Македонија.
:pos: :pos: :pos:
 
Да да, сигурно со грб ќе бидам свртен и нема да ги гледам Иниеста, Бускетс, Касиљас, живи фудбалски легенди и играчи кои се гледаат многу ретко во живо, со оглед на тоа каде живееме.

Патриот или не, во вторник одам да ја гледам Шпанија, а не Македонија.

Не коментирам за патриотски или непатриотски работи.

За жал, само кај нас одиме да ја гледаме другата репрезентација наместо да се бодрат нашите. Не е само сега случајот, туку и во минатото кога сме биле подобри од ова сега што е. Жалосно е и тоа што ние секогаш одиме да гледаме поради големината на противникот...И кога ќе видиш, кога тоа го има во поголем дел од нас нас, зошто па и фудбалерите да се замараат за да ја бранат светоста на нацијата и да покажуваат пожртвувуаноста на терен. Дури и тој квалитет кој го немаат да го надополнуваат со оставање срце на терен. Се си има доимно ефект.

Не го мислам ова конкретно кон тебе, туку генерализирам и сите ги редам во истиов кош зошто и во пракса е така веќе подолг период.

Можеби не сум во право, но мислам дека кога би виделе празен стадион против Шпанија ќе си ја чукни некој главата или кога ќе види бојкот од свртени со грб кон терен ќе им значи некој сигнал....Можеби, хипотетички мислам.
 
Прво кик на мигрантиве што ни играат во репка, а после повик на сите мкд играчи од Работнички барем дечките срце ќе остават на терен.
 
Не знам што е смешно, колку и да го мразам оти е пичка по карактер на теренот, ама затоа е меѓу најдобрите DM во историјата.
busquets.png

Taка е :D
 
Светски шампион, европски и сите можни титули на клупски план и сето тоа како првотимец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom