ФФМ даде комплетна поддршка за остварување на навивачкиот спектакл на квалификацискиот меч против Белгија, на кој западната трибина ќе биде прекриена за маски со ликот на рис, на јужната со картони ќе се формира македонското знаме, а ќе има и маскота - рис, која ќе ја анимира публиката
Eден од првите нацрти за маските
СПЕКТАКЛОТ ПРОТИВ БЕЛГИЈА ПРЕД КОНЕЧНА РЕАЛИЗАЦИЈА
Цела западна трибина на арената „Филип Втори“ ќе биде прекриена со маски со ликот на рис, на јужната ќе се направи огромно македонско знаме со картони, а публиката ќе ја анимира маскота - рис. Ваква спектакуларна кореографија речиси сигурно ќе се случи на квалификацискиот натпревар на македонската репрезентација против Белгија, на 22 март, откако челниците на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразија комплетна поддршка на проектот на Македонското еколошко друштво (МЕД), кој уште минатата недела ексклузивно го најави „Нова Македонија“.
ОДЛИЧНА ИДЕЈА
- Одлична идеја. Веднаш ја прифативме. Сѐ што е позитивно го поддржуваме, а целата поента е да се издигне свеста за загрозеноста на балканскиот рис. Ние во Федерацијата имавме идеја со кореографијата со знамето, да се изработи и маскота што ќе ја анимира публиката и мислам дека на крајот ќе се направи добра приказна - вели претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Единствена пречка што останува до конечна реализација на овој спектакл е Европската фудбалска унија (УЕФА), која мора да даде зелено светло, со оглед дека се работи за меѓународен фудбалски натпревар. Европската куќа на фудбалот не дозволува никакви провокативни или навредливи навивачки содржини или кореографија на трибините, но во овој случај тоа воопшто не би требало да биде проблем. Веќе е испратено писмо до УЕФА во кое се објаснува каков е планот за навивачкиот спектакл на мечот против Белгија и многу скоро се очекува одговор.
ПОЗИТИВНИ РЕАКЦИИ
Целата оваа навивачка кореографија доаѓа како дополнување на идејата рисот на некој начин да стане заштитен знак на фудбалската репрезентација, откако ФФМ веќе најави дека на овој меч ќе бидат промовирани новите дресови на кои ќе има силуета од рис.
- Сето ова испадна многу добро. Бев и на еден форум за заштита на балканскиот рис, од каде што имаше многу позитивни реакции, одушевени беа со дресот и што го зедовме рисот на некој начин како заштитен знак на репрезентацијата. Кога се роди идејата размислувавме кое животно или симбол да го одбереме, но рисот си се наметна сам по себе. Не е експониран и наш си е. Добивме многу позитивни реакции и од јавноста, од друштвата за заштита на животните, зоолошката градина, со која се роди и иницијатива ФФМ да „посвои“ еден од рисовите во зоолошката - вели Ѓорѓиоски.
Поддршка за проектот дојде и од навивачката група „Комити“, која секогаш е на западната трибина и со одушевување прифати да ги стави маските со ликот на рис. Сепак, најважни на натпреварот се фудбалерите, а конечната цел е успех на теренот. На нашите најдобри фудбалери им претстои можеби најтешкиот дуел во квалификациите, против фаворизираната Белгија, а Ѓорѓиоски смета дека целиот овој спектакл ќе биде дополнителен мотив за играчите.
- Правиме сѐ организациски за да може репрезентацијата да одигра на највисоко ниво. Овој навивачки спектакл сметам дека ќе дејствува како дополнителен мотив за фудбалерите, кои најважно е да одиграат добро и да дојдат до добар резултат против Белгија - вели Ѓорѓиоски.
Единствена идеја што нема да се реализира од целиот овој проект е малиот кадифен рис што требаше да му биде даден на голманот на нашата репрезентација како амајлија. Европската куќа на фудбалот забранува секакви дополнителни предмети да се чуваат во голот, поради што оваа идеја нема да се реализира.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31313105257&id=19&setIzdanie=22828
--- надополнето: 13 март 2013 во 12:01 ---
На претходните страни некој прашуваше за карти Белгија- Македонија па еве информација
извор
Нарачав 4 карти за 130 евра , плус што ќе ми опнат давачка на трансфер на пари во друга држава. Но нема врска очекувам да победиме во Скопје, така да натпреварот во Белгија може да биде пресуден за овие квалификации. Ќе дадеме се од себе да ги подржиме нашите фудбалери , зошто со последните натпревари навистина заслужуваат подршка.