- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.134
- Поени од реакции
- 16.811
Се ближи квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Белгија што ќе се игра на 22 март на арената „Филип Втори“, а билетите ќе бидат пуштени во продажба од среда. Од ФФМ информираат дека фудбалските симпатизери кои ќе сакаат да го следат во живо националниот фудбалски тим ќе можат да си купат влезници на продажните места на „Оне“, на билетарата на арената „Филип Втори“, во „Југотон“, во „Office Plus“, како и на други продажни места, кои детално ќе бидат објавени во среда.Кога треба да ги пуштат у продажба?
„Билетите за квалификацискиот натпревар против Белгија што ќе се одигра на арената „Филип Втори“ треба да бидат пуштени в среда“, информира за ЕКИПА, портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.
Како што е познато, цените на влезниците за овој квалификациски меч ќе изнесуваат од 200 до 600 денари, во зависност од позицијата на трибините на арената „Филип Втори“.
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=15426